ХороскопДневен хороскоп за 13. ноември 2023 година Дневен хороскоп за понеделник, 13. ноември 2023 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите . Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10. Љубов Важно е работите да се согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМарјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Здравје Зимско или летно сметање на времето? Научниците откриваат кое е подобро за здравјетоДодека се расправа за укинување на сезонското менување на времето, се поставува клучно прашање: кој временски стандард треба трајно да се усвои – летното сметање на времето или зимското? Нова канадска анализа заклучува дека за здравјето подобар избор е зимското сметање на времето бидејќи порано овозможува пристап до утринска светлина, пренесува ScienceAlert. Усвојувањето на трајно летно сметање на времето би обезбедило подолги вечери, но истовремено би го одложило изгрејсонцето во зима за еден час. Тоа значи дека луѓето што стануваат рано за работа или училиште би поминале поголем дел од утрото во темнина. Психијатарот Рејмонд Лам од Универзитетот во Британска Колумбија и неговите колеги ги процениле здравствените последици од трајното летно сметање на времето наспроти трајното зимско време. Нивната анализа ги вклучува постојните истражувања за биолошките ритми, сонот, расположението и економските влијанија, а исто така ги проучува и искуствата на земјите што веќе вовеле трајно сметање на времето. Влијание врз биолошкиот часовник Главниот биолошки часовник во мозокот ги регулира сонот, будноста и другите телесни функции; за да функционира правилно, потребна му е секојдневна синхронизација со денот. Утринската светлина помага да се помести кон порано време, додека вечерната светлина го поместува кон подоцнежно време. Еден од авторите на студијата, Ралф Мистлбергер од Универзитетот „Сајмон Фрејзер“, го објаснува ова преку едноставна аналогија: „Тоа е како да имате рачен часовник што доцни десет минути секој ден, па секое утро мора да го поместите напред.“ Со помалку утринска светлина, ритамот на спиење може да се помести кон подоцнежно будење, додека обврските како училиште и работа и понатаму почнуваат во исто време. Па, будењето навреме често резултира со кратко спиење. Разликата помеѓу биолошкиот часовник и општествениот распоред, се поврзува со полошо физичко и ментално здравје. На пример, во Торонто, со зимското сметање на времето сонцето би изгревало во 7:51 часот наутро на почетокот на јануари, додека со летното сметање на времето тоа би се случило дури во 8:51 часот. Жител што се буди во 7:00 часот би станал пред изгрејсонце и во двата случаја, но со зимското сметање на времето, денот всушност би започнал еден час порано. Искуства и ризици Истражувачите, исто така, анализирале географски податоци. Студиите покажуваат дека луѓето што живеат на западниот раб од нивната временска зона - каде што сонцето изгрева подоцна – во просек спијат помалку и имаат полоши здравствени и економски исходи. Иако овие асоцијации не докажуваат директна причинско-последична врска, тие сугерираат негативно влијание поврзано со подоцнежното изгрејсонце. Исто така се разгледувало и сезонското афективно нарушување - форма на депресија што често се јавува во зима. Едно водечко објаснување е дека биолошкиот часовник заостанува поради доцнење на утринската светлина. Додека терапијата со јака утринска светлина помага да се помести биолошкиот часовник на порано време, подоцнежното изгрејсонце има сосема спротивен ефект. Тинејџерите и младите лица може да бидат особено ранливи, бидејќи нивниот биолошки часовник природно се поместува кон подоцнежно будење во оваа фаза од животот. И покрај ризиците, некои региони веќе се одлучија за трајно летно сметање на времето. Британска Колумбија, Алберта и Северозападните Територии во Канада повеќе нема да ги поместуваат часовниците во ноември. Во САД, Претставничкиот дом во јули усвои предлог-закон за трајно летно сметање на времето, кој во моментов чека одлука од Сенатот. Сепак, историјата покажува дека таквите одлуки не се секогаш долготрајни. САД воведоа летно сметање на времето во 1974 година, но после една година се откажаа од него поради грижата за децата кои патуваат на училиште во темница. Русија го повлече истиот потег во 2014 г. откако во 2011 г. беше воведено летно сметање на времето во текот на цела година. Препораки од научниците Авторите на студијата, објавена во списанието *Canadian Medical Association Journal*, се свесни дека трајно зимско сметање на времето резултира со порано заоѓање на сонцето во текот на зимата, додека многу раното изгрејсонце во лето би можело прерано да буди некои луѓе. Сепак, тие истакнуваат дека поголем дел од доказите одат во прилог на стандардното време како поздрава опција. Нивната примарна препорака е усвојување на трајно зимско сметање на времето. Доколку властите сепак одлучат трајно да воведат летно сметање на времето, научниците советуваат воведување мерки за ублажување на последиците. Овие мерки вклучуваат можност за подоцнежно почнување на наставата и работниот ден, подобрено изложување на силна светлина во затворени простории во утринските часови, како и следење на показателите како што се проблемите со спиењето, зимската депресија и бројот на сообраќајни несреќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36