3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
ХороскопДневен хороскоп за 13. ноември 2021 годинаДневен хороскоп за сабота, 13. ноември 2021 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Рита Ора во секси бикини ги покажа стомачните!Мегапопуларната пејачка со потекло од Балканот, Рита Ора ги покажа своите извајани стомачни мускули во сребрен бикини, споделувајќи впечатливи фотографии од својот одмор на Миконос на Инстаграм.35 годишната Рита на фотките позира на луксузна јахта на која уживала заедно со пријателите. Покрај сребреното бикини, Рита имаше и зелен шал за да ја заштити косата и беше совршено стилизирана. „Ми треба ресетирање на душата, сонце, бикини и музика“, напиша пејачката во описот на објавата. Тагови: рита ора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ким Кардашијан во микро бикини го рекламира својот бренд Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан не престанува да ги промовира различните делови од колекцијата на нејзиниот бренд SKIMS, а тоа значи само едно – нејзините фанови ќе уживаат во атрактивните новитети на старлетата.Риалити ѕвездата Ким Кардашијан секогаш има свои решенија за привлекување внимание. Откако сите пишуваа за нејзината врска со Луис Хамилтон, која веќе не е тајна бидејќи возачот на Формула 1 редовно ја изјавува својата љубов кон ѕвездата, таа сега го насочи својот фокус кон својот бренд SKIMS. Уште од самиот почеток, таа имаше провокативни рекламни кампањи во кои се појавуваше таа или нејзините сестри, облечени во многу малку облека, минијатурни бикини и слично. Сега таа ги почести своите обожаватели со серија фотографии . 🔥 Kim Kardashian Models Skims’ New Microscopic Leopard Print Collection — (Video: AI) Kim K is heating things up with her latest Skims drop — the “Micro Fits Everybody” collection of barely-there leopard print bras, thongs, and ultra-revealing silhouettes. In the created clip:… pic.twitter.com/e3oK4Flsnt — Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) July 1, 2026 Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамОва се најдобрите половни автомобили до 10.000 евраАко планирате да купите половен автомобил со цена до 10.000 евра, петте модели што се сметаат за најдобри се VW од седмата генерација, Mazda 6, BMW серија 3, Honda Accord и Volvo S60.Кои се најдобрите половни автомобили со цена до 10.000 евра? Покрај самото одржување, важна е и сервисната мрежа во вашиот град или во околината. Денес, сите производители имаат широка мрежа за сервисирање и набавка на резервни делови, што го става сопственикот во поволна положба; на него останува „само“ да вложува во своето возило, односно редовно да го одржува – да врши мали и големи сервиси и да ги заменува истрошените делови кога ќе дојде време за тоа, пред да настане сериозен дефект. Ако планирате да издвоите 10.000 евра за купување половен автомобил, на пазарот секогаш се достапни неколку одлични модели кои се многу барани токму поради нивната репутација. Кај нас најчесто се возат дизел-автомобили, но и моделите на бензин се многу достапни и поволни. 1.VW Golf од седмата генерација – за сума до 10.000 евра може да се најде верзија со бензински мотор 1.4 TSI или дизел мотор 2.0 TDI. Достапни се и мануелни и автоматски менувачи, но доколку DSG менувачот нема сервисна историја, подобро е да го избегнете поради скапите поправки. 2.Mazda 6 од втората генерација – возило од средна класа кое нуди добар компромис меѓу удобноста, сигурноста и моќноста. Најразумен избор се дволитарските бензински мотори MZR со околу 147 КС (коњски сили) или 2.5 MZR, додека дизел моторите 2.0 и 2.2 MZR CD нудат помала потрошувачка за оние што возилото го користат главно за возење на отворен пат. 3. BMW Серија 3 – генерацијата F30 се движи во ценовниот опсег до 10.000 евра и обично доаѓа со поголема километража. Најдобар избор е дизел моторот 318d или 320d со мануелен менувач, а ако најдете добро одржуван примерок, нема потреба многу да се двоумите. 4. Honda Accord – ова е еден од најсигурните автомобили во средната класа. Најбарани се бензинскиот мотор 2.0 i-VTEC и дизел моторот 2.2 i-DTEC, при што вториот е малку поскап за одржување од бензинецот. 5. Volvo S60 од втората генерација – ова е веќе премиум возило што може да се најде по цена на „обичен“ половен автомобил. Најбарани се дизел моторите D3 и D4 доколку планирате да потрошите до 10.000 евра, додека бензинската верзија со мотор T5 нуди подобра динамика на возење, но и малку повисоки трошоци за одржување. Важно е да се напомене дека ова се модели што се застапени на бројни веб-страници за продажба на половни автомобили и не се единствените квалитетни опции во ценовниот опсег до 10.000 евра; затоа, потребно е темелно да ги истражите сите модели што ве интересираат и внимателно да ја донесете таа важна одлука. Исто така, секогаш одвојте најмалку 500 евра при купување половен автомобил, за случај веднаш да биде потребен некаков сервис или поправка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter