Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност
1Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност
Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
1Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
3Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
ХороскопДневен хороскоп за 13. мај 2020 година Дневен хороскоп за среда, 13. мај 2020 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате дека сте се посилни , можноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаБожиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурностМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за производство, тековното и инвестициското одржување, како и следната фаза од ревитализацијата на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“. Особено охрабрува податокот дека „Глобочица“ веќе има реализирано околу 80 проценти од годишно планираното производство, а само во првата половина од годинава во македонскиот електроенергетски систем испорача 120 GWh електрична енергија – речиси 19 проценти повеќе од планираното. „Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем“, истакна министерката Божиновска. На средбата беше презентирана и третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“, која започнува ова лето. Најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, каде се предвидени капитални зафати – замена на генератори, ротори, лежишта и блок-трансформатори, модернизација на хидромеханичката опрема и други активности што ќе ја зголемат сигурноста, ефикасноста и работниот век на постројките. Паралелно се разработуваат и нови развојни проекти, меѓу кои „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотонапонска електрана на акумулацијата „Шпилје“, модернизација на регулациониот систем за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, како и други проекти што ќе придонесат за зголемување на домашното производство на чиста енергија. ХЕЦ „Глобочица“, која е пуштена во употреба во 1965 година, повеќе од шест децении претставува еден од столбовите на македонската електроенергетика. Од почетокот на работата до денес има произведено над 10.500 GWh електрична енергија, а преку досегашните ревитализации нејзината инсталирана моќност е зголемена од 34,5 на 42,5 MW. Министерката Божиновска нагласи дека вложувањата во ваквите капацитети не се само инвестиции во инфраструктура, туку инвестиции во енергетската безбедност, економскиот развој и енергетската независност на државата. „Хидроелектраните се нашата домашна, чиста и стратешка енергија. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција. Затоа продолжуваме со инвестиции кои ќе обезбедат овие капацитети сигурно да произведуваат и во следните децении“, порача Божиновска.Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ако ВМРО е толку силна, зошто инсистира на кражба на гласовите од дијаспората?ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена.Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ВМРО изгуби над 150.000 гласови на последните избори. Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања. Ако навистина беа толку силни, немаше да се фаќаат за вакви методи. Единствените кои се плашат од пораз на изборите се токму ВМРО и Мицкоски. Тоа не е страв само од опозицијата - тоа е страв од одговорност пред законот. Страв од тоа што ќе се случи кога ќе треба да одговараат за криминалните тендери, за кражбата на парите на граѓаните и за систематската корупција. Затоа и се брза со предвремени избори. Падот на рејтингот и загубата на стотици илјади гласови го притискаат Мицкоски да ги распише што поскоро. Веќе ниту пропагандата, ниту 40 отсто од орбановите медиуми не можат да ги сокријат неуспесите на оваа влада на сите полиња - економскиот колапс и празниот буџет се видливи за секој граѓанин. Овие „големи патриоти“ со бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, сега се загрижени за сопствената судбина. Не за иднината на Македонија, туку за сопствената одговорност. Затоа сакаат да ги наместат следните избори - за да ја одложат правдата што неизбежно доаѓа. Народот не е наивен. Лаги, манипулации и изборни кражби повеќе не поминуваат. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКоја селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејотНа четири средби пред крајот на 23 Светски фудбалски шампионат четирите полуфиналисти покажаа дека со право се избориле за место меѓу четирите најдобри репрезентации на Мундијалот .Во досегашниот тек од шампионатот според ,многумина Франција е најубедлива, Аргентина е најефикасна, Шпанија непобедлива, а Англија – најупорна. На Светското првенство останаа само четири репрезентации, а секоја од нив стигна до полуфиналето на сосема поинаков начин. Статистиката покажува дека Аргентина и Франција ги имаат најопасните напади, Шпанија ја контролира играта и создава голем број шанси, додека Англија својата сила ја црпи од физичката моќ, дисциплината и неверојатниот борбен дух. Актуелните шампиони постигнаа 17 гола на шест натпревари, што е просек од речиси три гола по натпревар. Франција постигна еден помалку на патот до полуфиналето, Англија има 13, а Шпанија е последна меѓу полуфиналистите со 11 гола. Тимот предводен од Лионел Меси покажа најголема ефикасност кога се појавуваат можности, додека Французите продолжуваат да го одржуваат својот углед како тим способен да ги казни противниците во секој момент. Шпанија останува најголемата енигма меѓу последните четири тима. Тимот на Луис де ла Фуенте испрати огромен број шутеви кон противничките голови, предводејќи го тимот заедно со Франција во однос на вкупниот број обиди. Сепак, завршувањето останува проблем. Шпанците имаат упатено 112 шутеви, но само 40 биле во гол. Нивниот процент на реализација е само десет проценти, што ги става меѓу помалку ефикасните тимови на турнирот. За разлика од другите полуфиналисти, Англија не импресионира со својата напаѓачка статистика. „Трите лава“ имаат забележано најмалку шутеви и најмалку прецизни додавања меѓу првите четири екипи. Екипата на Томас Тухел покажува огромна физичка сила, агресија и подготвеност да се бори за секој сантиметар од теренот. Англискиот тим е меѓу екипите што прават најмногу фаули, а се издвојува особено по интензитетот на трчање и бројот на спринтови. Интересно е што Аргентина помина најголемо вкупно растојание меѓу преостанатите екипи, а Англија е веднаш зад нив. Иако Аргентинците немаат највисока просечна брзина на движење, нивната игра се потпира на искуство, контрола на темпото и индивидуален квалитет. Од друга страна, Франција и Шпанија се помалку зависни од физички дуели, компензирајќи за ова преку техничка супериорност и организација. Бројките нема да одлучат кој ќе биде светски шампион, но јасно ги покажуваат различните идентитети на четирите преостанати тима. Аргентина има моќ на постигнување поени, Франција ширина и квалитет, Шпанија контрола врз играта, а Англија менталитет на тим кој одбива да се откаже. Сега доаѓа моментот кога статистиката се става во втор план - бидејќи еден натпревар одлучува кој ќе го направи последниот чекор кон светската титула. Секако полуфиналните пресметки ќе бидат интересни и поради четирите големи ѕвезди на полуфиналистите, неверојатните стрелци Меси, Мбапе, Кејн и волшебникот со топката Јамал. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook