Дневен хороскоп за 13. јули 2026 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 13. јули 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 13. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во вашите приватни односи и денеска ќе има доста немир , недореченбост и фрустрации. Останете мирни.

Кариера

Обидете се да внесете повеќе креативност во својата работа , зашто така ќе работите полесно и со поголемо задоволство , а резултатите секако нема да изостанат.

Здравје и совет

Одете некаде сами и опуштете се од сите стресови.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На памет ќе ви доаѓа забава без сериозни претензии. Тоа е затоа што нема да добиете она што го сакате.

Кариера

На работното место денеска би можело да дојде до искажување емоции и таленти кои не сте ги очекувале. Ќе биде интересно како на филм.

Здравје и совет

Потребно ви е опуштање.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Друштвеност и отвореност ќе бидат вашите главни квалитети денеска. Оние кои уште се сами , ќе успеваат бргу да остверуваат контакти.

Кариера

Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успевате да помогнете и да читате меѓу редови таму каде што не може никој друг.

Здравје и совет

Бидете отворени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се потрудите да бидете љубезни во односите со саканата личност.Тоа ќе биде добро прифатено , па ќе ја подобрите комуникацијата.

Кариера

Веројатно ќе ги игнорирате шефовите и ќе продолжите по свое. Сепак , попаметно би било да најдете некаков компромис.

Здравје и совет

Може да одите на натпревар на омилениот клуб.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Не влегувајте во расправии , а особено не околу ситници. Вашиот однос ќе се подобри со тек на време. Треба да причекате.

Кариера

Со нетпрение ќе го чекате крајот на рабнотното време и слободното време зашто едноставно не сте во состојба да работите со задоволство.

Здравје и совет

Потсетете се на своето хоби.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете во целост свртени кон партнерот , но тој постојано ќе ви носи предизвици , кои во вас ќе будат немир.

Кариера

Во деловните преговори и на состаноците ќе се потпрете на својата креативност и така ќе најдете заеднички јазик со другите.

Здравје и совет

Размислете за својата исхрана.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Фантазијата денеска ќе ви работи сто на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што не постои. Можни се нереални проценки.

Кариера

Ќе се одмеруваат вашите заслуги на работното место. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност.

Здравје и совет

Преоден пад на имунитетот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ветувањето што сте го дале или сте го добиле ќе биде одржано , а вие спокојни , исполнети и задоволни во пријатно друштво.

Кариера

Вашите деловни достигнување се се повеќе очигледни , така што не треба да ве загрижуваат мали недоразбирања и кавги.

Здравје и совет

Спортувајте за да бидете уште посреќни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе се најдете во големо друштво , така што вашите недоразбирања со партнерот ќе бидат незабележани во групата.

Кариера

Не постои рецепт за успех , кој се обидувате да го најдете , туку едбноставно треба да работите , а резултатите потоа доаѓаат самите од себе.

Здравје и совет

Некои ќе танцуваат.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Од грубоста на надворешниот свет денеска ќе избегате во светот на својата фантазија. Ништо чудно за вас , но на партнерот му е веќе доста од тоа.

Кариера

Се наоѓате во фаза кога вашит еуметнички идеи доаѓаат со толкава брзина и количество , што е тешко да ги запрете. Нешто ќе треба да запишете за во иднина.

Здравје и совет

Ослободете се од секаков притисок.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашата смисла за детали.

Кариера

На состаноците ќе дојде до непријатност , која од внатре ве нервира. Вие сакате се да е јасно , а ќе се случува спротивното.

Здравје и совет

Стресови на кои веќе сте навикнати , не се нервирајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе дојде до мали надмудрувања меѓу вас и саканата личност. Во тоа вие ќе бидете онаа полудата страна.

Кариера

Ќе завршите што е можно побргу и со радост ќе му се препуштите на заслуженото безделничење.

Здравје и совет

Мали нервози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер