Голем протест во Загреб: Илјадници од цела Хрватска се собраа против одлагање опасен отпад во Лика (ВИДЕО)
1Голем протест во Загреб: Илјадници од цела Хрватска се собраа против одлагање опасен отпад во Лика (ВИДЕО)
3Проданоски: Прилеп го менуваме со конкретни проекти, инвестираме во инфраструктура, модернизираме и дигитализираме
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 13. јули 2019 година Дневен хороскоп за сабота, 13. јули 2019 година.Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму. Здравје и совет Ќе бидете среќни. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми. Кариера Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив. Здравје и совет Побарајте весели содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери. Кариера Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува. Здравје и совет Ќе бидете малку забавени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување. Кариера Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро. Здравје и совет Посетете стоматолог. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите. Кариера Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни. Здравје и совет Ограничете ги калориите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи. Кариера Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува. Здравје и совет Зацврстете си го телото. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов. Кариера Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден. Кариера Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка. Здравје и совет Смирите се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го. Кариера Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики. Кариера Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи. Здравје и совет Нервоза и немир. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли. Кариера Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство. Здравје и совет Радувајте се на личните успеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти. Кариера Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму. Здравје и совет Не се брзајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКошница од балон удри 86- годишен Германец во Швајцарија- загина на самото место Осумдесет и шестгодишен Германец почина откако беше удрен од корпа на балон на топол воздух на ливада во Швајцарија во близина на езерото Констанца, соопшти полицијата на кантонот Тургау.Маж од округот Констанца им подлегна на тешките повреди на местото на настанот. Несреќата се случила во четврток вечерта за време на полетувањето. 86-годишниот Германец бил дел од група чии членови имале намера да учествуваат во лет со балон, изјави портпаролот на полицијата. Истрагата е во тек Балонот требало да полета од ливада во близина на Сален-Ројтенен, околу 20 километри западно од градот Констанца. Околностите на несреќата се истражуваат.Тагови: балон Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГолем протест во Загреб: Илјадници од цела Хрватска се собраа против одлагање опасен отпад во Лика (ВИДЕО)Голем број граѓани се собраа денес во центарот на Загреб на протестот „Марш за Лика, марш за Хрватска“, организиран поради скандалот со опасниот отпад во областа Госпиќ.Протестната колона тргна од областа на Главната железничка станица, а потоа стигна до плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, додека новинарите на „Вечерњи лист“ проценуваат дека во центарот на градот имало неколку илјади луѓе. Толпата маршираше низ центарот на Загреб со тапани, свирчиња и труби, додека полицијата ја обезбедуваше рутата, а дел од улиците беа затворени. На митингот пристигнаа граѓани од различни делови на Хрватска, вклучувајќи ги Лика, Далмација, Истра, Славонија и други области. Организаторите велат дека Лика не е единствениот случај и дека сакаат да укажат на пошироките проблеми во системот за управување со отпад. Граѓанската иницијатива „Госпиќ е наш дом“ испрати конкретни барања до Владата уште пред протестот. Тие бараат од Владата да презентира комплетна програма за санација на закопаниот отпад во рок од 20 дена, со јасно дефинирани и обврзувачки рокови. Едно од главните барања е 33.000 тони закопан отпад да се отстранат во рок од три месеци. Тие исто така бараат градската општинска депонија „Ракитовац“ да биде вклучена во Планот за управување со отпад, како и ангажирање на независни експерти кои би развиле долгорочен план за следење и би спровеле независна проценка на ризикот. Иницијативата, исто така, бара пошироки промени во системот за управување со отпад. На митингот зборуваат претставници на неколку граѓански иницијативи и здруженија од Хрватска, додека организаторите претходно објавија дека политичарите нема да држат говори. Меѓу толпата има и опозициски политичари, но, според организаторите, програмата е наменета за претставници на граѓански иницијативи и здруженија. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно изјави дека протестот создава „непотребна хистерија“ и дека проблемот ќе биде решен, според „Вечерњи лист“. Според информациите што ги објави овој медиум, до крајот на септември треба да се утврди како ќе се отстранува отпадот од областа Госпиќ.Тагови: Загреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Традицијата, дружењето и добрата забава се неизоставен дел од Тиквешкиот ГроздоберТрадицијата, дружењето и добрата забава се неизоставен дел од Тиквешкиот Гроздобер.И оваа година таблијадата донесе натпреварувачки дух, смеа и убаво дружење, со учество на нашиот градоначалник. Честитки до сите учесници, а најголема победа е добрата дружба!, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook