ХороскопДневен хороскоп за 13. февруари 2024 година Дневен хороскоп за вторник, 13. февруари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака. Кариера Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓаниДенеска жителите на Општина Брвеница гласаат на предвремени локални избори за да изберат нов градоначалник.Гласачките места се отворени од 7 часот наутро а ќе бидат затворени во 19 часот. Право на глас имаат 16.256 граѓани, од нив 449 се на привремена работа во странство. По затворањето на избирачките места, ќе започне броењето на гласовите, а конечните резултати ќе ги објави ДИК.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМасовен напад врз Русија: Има загинати (ВИДЕО)Наредена е евакуација.Војна во Украина – Ден 1.697. Масивните напади со беспилотни летала продолжуваат, а утрово беа извршени напади со беспилотни летала врз Санкт Петербург и Ленинградската област. Поради нападите наредена е итна евакуација. Едно лице загина во напад со беспилотно летало врз Санкт Петербург, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов. „Како резултат на масовниот напад со беспилотни воени летала од страна на украинските нацисти, едно лице е убиено, петмина се повредени и се во болници“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува РИА Новости. Според него, оштетени се 12 станбени згради и две приватни куќи. Се наведува дека пожарникарите продолжуваат да гасат пожари на нафтениот терминал во Санкт Петербург, нафтено депо Ручи и индустриските магацини во областа Колпино.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
КултураКиненова покажа дека филмот има моќ да не доближи до вистинските вредностиНајдобар долгометражен филм „Вчера моите очи не заспаа“на Ракан Мајази, најдобра режија -Мирослав Терзиќ за „Три недели потоа“, најдобро сценарио за Христо Симеонов и Петар Крумов за „Чевлите на мојот татко“Со доделување на наградите и проекција на филмот „Фантази“, кој е словенечко-македонска копродукција и во присуство на режисерката Кукла Кешеровиќ, вечерва свечено беше затворено 11. издание на МФФ Киненова. Присутните ги поздрави директорот Небојша Јовановиќ кој се заблагодари на поддржувачите, публиката и филмските автори за нивните филмски приказни. -Покажавме дека филмот има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања и да ни нуди одредени одговори, но пред се да ни ги покаже причините кои ја предизвикуваат темната страна на човештвото, но и алатките со кои можеме да ја надминеме. Изборот е наш, дали ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, човечки сензибилитети кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа никој не може да ни го одземе. На три локации прикажавме 39 филмски наслови, пет извонредно посетени работилници, на нашиот лаурет Емин Алпер, работилниците со неговиот монтажер Озџан Вардар, со Миша Терзиќ, со Бранислав Трифуновиќ, со Дејан Илиев и со Гоце Цветановски, но и онаа најодговорната „Снимај паметно, остави трага“ со децата од училиштата во Општина Кисела Вода под менторство на Марија Џиџева. Искрено и топло им се заблагодаруваме на сите, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на фестивалот. Жирито на 11. МФФ Киненова во состав: Емин Алпер, претседател, Александра Максимовиќ и Гоце Цветановски, членови ги соопшти наградените филмови и автори. Наградата за најдобар долгометражен филм му припаѓа на филмот „Вчера моите очи не заспаа“ (Yesterday the Eye Didn’t Sleep), во режија на Ракан Мајази, поради спојот на впечатливо визуелно раскажување, природна глума и чувствителен приказ на односот меѓу две сестри, чии животи се обликувани од одлуките на другите. Преку посветеноста на секојдневните гестови и неизречените емоции, филмот нуди моќен, личен израз на нивната блискост и копнежот по слобода. Наградата за најдобар режисер му припаѓа на Мирослав Терзиќ за филмот „Три недели потоа“, за неговата прецизна градба на тензијата и сигурната режија на актерската екипа. Терзиќ внимателно ги обликува односите меѓу ликовите, создавајќи моќен и вознемирувачки приказ на малтретирањето и неговите последици. -Овој пат не можам да ви се обратам на македонски бидејќи сум многу возбуден, рече на почетокот на своето видео обраќање Терзиќ. Му благодарам на жирито и на организаторите на прекрасниот престој во Македонија и на се она што еден филмаџија може да посака, а тоа се прекрасни разговори по филмот. Благодарам за наградата за најдобра режија, многу ми значи и тоа од многу причини. Ние не правиме филмови за да добиваме награди, туку да поттикнеме некакви разговори. Мислам дека ова е вистински филм за еден сериозен разговор меѓу сите нас, меѓу децата и возрасните и да се обидеме да најдеме системско решение за оваа несреќа која малку по малку го уништува нашиот живот. Животот може да биде многу поубав ако јазикот на насилството не е основен јазик во нашите животи, рече Терзиќ и посака фестивалот секоја година да биде храбар, нов и поинаков и да избира филмови кои се храбри, кои провоцираат и кои некако сите не тераат да бидеме подобри. Наградата за најдобро сценарио им припаѓа на Христо Симеонов и Петар Крумов за „Чевлите на мојот татко“, за нивната нијансирана карактеризација и истражување на односот помеѓу мајката и ќерката кои се соочуваат со смртта на таткото и неговото долго отсуство од нивните животи. Преку неизречени емоции, семејни тензии и суптилен, мрачен хумор, сценариото гради емоционално слоевита приказна за сеќавањето, загубата и можноста за простување. -Најпрво сакам да се заблагодарам на организаторите на Киненова, навистина беше задоволство да се биде во Скопје. Прв пат сум овде и имав прекрасно искуство. Благодарам за наградата, рече Христо Симеонов. Специјалното признание на жирито му припаѓа на филмот „Во сенка“ (In the Shadow), во режија на Салем Салавати, за неговото храбро истражување на чувствителната тема за адолесценцијата и сексуалноста кај еден млад човек со Даунов синдром. Преку потрагата на неговата мајка по поддршка, филмот го истражува сложениот однос помеѓу љубовта, заштитата и општествениот притисок, покренувајќи важни прашања за правото на различност и одговорноста на заедницата. Со едногласна одлука на жирито, наградата за најдобар краток филм рамноправно ја делат „Тарик“ во режија на Адем Тутиќ и „Како што лета гавранот“ (As the Crow Flies) во режија на Клара Лакомб. Филмот „Тарик“ е награден за неговиот сензибилен приказ на растењето, семејните односи и потребата за припадност, додека „Како што лета гавранот“ е одликуван за неговиот иновативен спој на анимација и документарно раскажување, со што ѝ се дава личен глас на миграциското искуство. Преку своите карактеристични филмски јазици, двата филма нè приближуваат до внатрешните светови на нивните млади протагонисти, истовремено зачувувајќи ја нивната сложеност и достоинство.Тагови: КИНЕНОВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter