Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ХороскопДневен хороскоп за 13. февруари 2021 година Дневен хороскоп за сабота, 13. февруари 2021 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината. Здравје и совет Не ја трошете одеднаш целата енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате. Кариера Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите. Здравје и совет Дотерајте се и излезете некаде. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Кариера Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни. Здравје и совет Многу работи ќе ви изгледаат здодевни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите. Кариера Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така. Здравје и совет Не се расправајте , туку соработувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност. Кариера Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете. Здравје и совет Бидете поодговорни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво. Кариера Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо. Здравје и совет Се чувствувате се подобро. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи. Здравје и совет Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент. Девица 23.8.-23.9. Љубов Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Кариера Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете. Здравје и совет Емотивно незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги. Кариера Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите. Здравје и совет Не анализирајте ги своите заслуги. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми. Кариера Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате. Здравје и совет Мали проблеми со циркулацијата. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни. Кариера Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега. Кариера Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е. Здравје и совет Може да се опуштите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОдговор од Москва за Марин Ле Пен (ВИДЕО)Русија не претставува закана за Франција или за која било друга европска земја, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, отфрлајќи ги тврдењата на раководството на партијата „Национален собир“.Песков наведе дека Москва не ги прифаќа таквите критики. „Не се согласуваме со таа изјава. Русија не ѝ се заканува на Франција ниту на која било друга земја во Европа. Претседателот Путин тоа го има нагласено повеќепати. Немаме спорови со европските држави што би можеле да доведат до сериозни несогласувања“, рече Песков. „Според тоа, Русија апсолутно не претставува закана; таа никого не заплашува ниту уценува. Затоа, категорично не се согласуваме со таквите изјави. Не ги прифаќаме“, додаде тој. Kremlin: Russia does not threaten France or any other state in Europe. President Putin has said this repeatedly. We have no disputes with any European states that could be the reason for any serious disagreements. Therefore, Russia does not represent any threat, and Russia… pic.twitter.com/dp9PLyAf6c — Clash Report (@clashreport) September 21, 2026 Во заедничката изјава објавена за време на викендот, претседателската кандидатка Марин Ле Пен и претседателот на партијата, Жордан Бардела, изјавија дека „никогаш нема да толерираат странска сила – во овој случај Русија – да се обидува да ја диктира политиката на нашата земја, директно или индиректно, преку заплашување, закани, дестабилизација или психолошки притисок“. Ова претставува промена во однос на претходниот, поблаг став на партијата кон Москва. Извор: Б92Тагови: Марин Ле Пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
СветУбил три девојчиња во Саутпорт, истурил врела вода врз затворски чуварАксел Рудакубана, осуден за убиство на три девојчиња и обид за убиство на уште десет лица во Саутпорт, е обвинет за нови напади извршени додека бил во затвор.Тој се товари дека истурил врела вода измешана со шеќер врз чувар во затворот „Белмарш“ и дека нападнал друг службеник, пренесува „Скај њуз“. Пред Судот за прекршоци во Вестминстер денеска беше изнесено дека на 8 мај минатата година, Рудакубана истурил врела течност врз затворски чувар низ отворот на вратата од својата ќелија. Брзата медицинска интервенција спречила трајни повреди. Обвинителката Кетрин Патисон изјави дека, неколку дена претходно, Рудакубана ѝ се заканил на една чуварка, велејќи дека ќе ја „полие“ доколку не му донесе весник. Подоцна тој истурил непозната течност врз неа, иако тоа не предизвикало повреди. Обвинителите исто така го товарат дека удрил чувар на 28 октомври 2025 година. Инцидентот се случил кога службеникот го запрел додека се обидувал да ја избегне контролата за земање лекови. Патисон додаде дека во јуни минатата година, во ќелијата на Рудакубана биле пронајдени наострени парчиња камен, заглавени под една полица. Се верува дека тој ги извадил од подот. Кога чувар го прашал за тоа, Рудакубана рекол дека ги чува за самоодбрана. По нападот со врела вода, тој тврдел дека чуварите му ја трујат храната. Рудакубана е обвинет за обид за нанесување тешка телесна повреда, напад врз службено лице и поседување оружје во затворот. Тој е задржан во притвор и треба да се појави пред судот „Олд Бејли“ на 19 октомври. Дваесетгодишниот Рудакубана издржува доживотна казна затвор за убиствата на деветгодишната Алис да Силва Агијар, шестгодишната Бебе Кинг и седумгодишната Елси Дот Станкомб. Тој исто така беше осуден за обид за убиство на уште осум деца и двајца возрасни. Нападот се случи на 29 јули 2024 година, за време на час по танц со музика на Тејлор Свифт. Тој беше префрлен во болница. Во јули оваа година, Министерството за правда потврди дека Рудакубана е префрлен од затворот со високо обезбедување „Белмарш“ во психијатриската болница „Бродмур“. Болницата, која се наоѓа во Беркшир, е најстарата од трите британски психијатриски установи со високо обезбедување. Во неа биле сместени некои од најозлогласените криминалци, како што се Рони Креј и серискиот убиец Питер Сатклиф. Согласно Законот за ментално здравје, одлуките за префрлање на затвореник во установа со високо обезбедување ги носат службени лица кои постапуваат во име на министерот за правда, врз основа на стручно медицинско мислење. Извор: Индекс.хрТагови: напад убиства Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРомански екстремно десничарски политичар приведен поради измама, планирал и државен ударРоманските власти денеска покренаа нови обвиненија против поранешниот екстремно десничарски претседателски кандидат Калин Џорџеску.Тој е задржан во 24-часовен притвор поради обвинувања дека тој и уште двајца осомничени измамнички прибавиле 1,1 милион евра и ги искористиле средствата за финансирање изборна кампања, пренесува ДПА. Џорџеску, познат како политичар наклонет кон Кремљ, неочекувано освои најмногу гласови на претседателските избори во Романија во 2024 година. Уставниот суд ги поништи изборите поради недостаток на транспарентност во финансирањето на неговата кампања, а гласањето беше повторено во 2025 година. Обвинителите денеска девет часа го пребарувале неговиот дом, по што осомничениот бил одведен на испрашување. Измамата вклучувала ветување од страна на осомничениот и неговите соучесници до еден бизнисмен во 2021 година дека ќе му обезбедат заем од странска банка. Тој ја задржува поддршката од втората најсилна политичка сила во парламентот За возврат, тие побарале гаранција од 1,1 милион евра од бизнисменот;,според Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT), тој ја платил сумата, но парите никогаш не му биле вратени. Истрагата започнала во 2024 година по пријава поднесена од измамениот бизнисмен, јавуваат романските медиуми. Се очекува Џорџеску да одговара и за обид за вооружен државен удар, кој наводно го планирал заедно со платеник претходно активен во Африка. И покрај тоа, тој продолжува да ја ужива поддршката на романската екстремно десничарска партија АУР, втората најсилна политичка сила во парламентот, пренесува ДПА. Извор: Индекс.хрТагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter