Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 13. декември 2025 годинаДневен хороскоп за сабота, 13. декември 2025 година.Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќер бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ со Заветница што го велича Ратко Младиќ - бараме итна смена!Иван Стоилковиќ, министер во владата на арамијата Мицкоски, повторно ја работи српско-руската агенда. Овојпат во Битола, покрај Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски - Заветница, министерка во техничката влада на Србија, поранешна радикалка на Шешељ. Таа ги нарекува НАТО-силите „НАТО империјалисти“ и вели дека сакале да ја опколат Русија, тврди дека во Киев биле поставени „марионетски власти“ и дека Русија била „принудена“ да преземе акција против неонацизмот. Таа јавно изјави: во Сребреница не се случил геноцид. Тоа е спротивно на правосилни пресуди на меѓународните судови. За Ратко Младиќ вели: генерал на Република Српска, човек што го бранел народот. Младиќ е осуден воен злосторник. Тоа не е историја. Тоа е политика што ги релативизира злосторствата и ги продлабочува поделбите. Стоилковиќ не стои случајно до неа. Соработник на БИА. Министер што работи за руски и кинески интереси. Уште полошо: министер на Македонија учествува во политичка кампања за сестринска партија на ВМРО-ОКГ - СНС, партија во друга држава. Не со било кого. Со личност што велича воен злосторник и јавно ги застапува руските интереси. По директната поддршка за Вучиќ, за Кина, за Русија. По ултрадесничарските партнери. По митингот за поддршка на Вучиќ во Куманово. По средбите со Милош Вучевиќ и почесниот конзул Адамовиќ, бизнис партерот на Мицкоски. По организирање превоз за митингот во Белград. По впишување македонски државјани во избирачки список на соседна земја и делење српски пасоши за гласање. Гласачи, македонски државјани, запишани на територија на Србија, во градови и села близу македонската граница. Во Србија беше објавено дека во избирачкиот список има повеќе од 900.000 гласачи кои наводно не одговараат на реалниот број полнолетни жители. Токму поради ваквите работи, како и поради постапките на ВМРО од минатото, ни е јасно зошто ВМРО сака да го промени Изборниот законик. Тоа е практично copy-paste на моделот на Вучиќ. Ова што го прави македонскиот министер Стоилковиќ - тоа е мешање во изборен процес на друга држава. Министер од Македонија нема што да бара таму. Македонија е членка на НАТО. Граѓаните ја избраа Европа. Владата им стави министер што шета со анти-НАТО агенда и со култ кон Хашки осуденик. СДСМ бара итна смена на Иван Стоилковиќ. Тој е министер што работи за туѓа кампања, туѓа служба и туѓа каса. Позади него е арамија што го држи. Бандата нека си го земе дома. Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ. Скопје, 01.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и дека Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормускиот Теснец.„Ќе видите дека работите ќе се одвиваат многу брзо“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе заврши „на еден или друг начин“, пренесе „Фокс њуз“. Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација што надминува 300 проценти, како и дека поморските и воздушните сили на Иран се уништени, а противвоздушната опрема е изгубена. Зборувајќи за тоа, Трамп изјави дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол – целосна контрола“. Тој додаде дека во изминатите три дена низ Ормускиот теснец поминало повеќе нафта отколку кога било претходно во историјата. „Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше складирана“, рече Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаМОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска годинаСписоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот. Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список. Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00