НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
1НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
ХороскопДневен хороскоп за 13. декември 2024 година Дневен хороскоп за петок, 13. декември 2024 година .Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе има ловечки приказни за ваѓите љубовни успеси , со кои ќе се обидете да ја импресионирате другата страна. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале.Сега е на вас паметно да ја искористите. Здравје и совет Понекогаш треба и да се одморите . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Многу ќе се трудите да бидете љубезни и фини кон партнерот. На тој начин ќе ја средите малата напнатост во вашиот однос. Кариера Други ќе ве прашаат за ваше мислење за одредена тема , но вие она што го мислите кажете го дипломатски , а не директно. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата најсакана личност денеска би можела пријатно да ве изненади. Ќе биде подготвена да попушти во нешто околу што сте се расправале. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им биде вистински поттик , зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Бидете доследни . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе чувствувате дека денот би можел да биде добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу кандидати за љубов. Кариера Ќе посакате барем мала промена на работното место. Кога веќе ја нема , самите измислете ја, па дури и да е ситница. Здравје и совет Бидете нежни. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко дека денеска би можеле да се ставите во положбата на другата страна.Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Можеби на некого ќе му подвикнете да се опамети , иако тоа би можело да се примени и на вас. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Бик 21.4- 20.5. Љубов Еден семеен проблем ќе биде се поголем, па затоа е потребно решавање.Тоа ќе ви одземе повеќе од слободното време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе заминат на пократок годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ја одработуваат работата. Здравје и совет Водете здрав живот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можно е дека ќе следува покана за посета од вашето семејство , каде што ќе заминете со својата сакана личност. Кариера Притисокот од претпоставените не се намалува , а вие сте веќе уморни од тоа. Издржете уште малку , подоцна ќе ги сумирате резултатите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Рак 22.6-22.7. Љубов Домашната среќа ќе ви биде најважна. Оние во врска уживаат дома , а осамените нема премногу даас е ангажираат во зеведувањето. Кариера Веројатно сте на патување , кое ве радува. Ги завршувате работите со мал напор , а во исто време и се забавувате. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Личност со која деловно соработувате би можела дас е заинтересира за вас , но вие засега ќе бидете на дистанца. Кариера Доколку пред вас поставуваат се поголеми и потешки задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозен напор. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Девица 23.8.-23.9. Љубов Доколку сте во врска , вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува. Доколку уште сте сами, излегувајте и ќе бидете забележани. Кариера Денеска е ден во кој одлично ќе се развиваат сите работи поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе се одвиваат самите од себе. Здравје и совет Влијаете врз настаните , искористете го тоа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Плимата на емоции што ве обзема, би можела да ве збуни. На некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Би можело да се случи оној чудесен ,,клик” , по што сите работи ќе си дојдат на свое место. Искористете го. Здравје и совет Не заборавајте на шефовите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов партнерот би можел денеска да биде малку повреден од некој ваш ненадеен испад. Затоа, контролирајте се за да не го нарушите солидниот однос. Кариера Не треба да се грижите , зашто работите за вас се одвиваат добро. денеска занимавајте се со ситни финансиски анализи. Здравје и совет Не се грижете за туѓи проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаНБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД БитолаНародната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола.За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички. Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели. Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти. Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата. Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање. За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, при што нема да се вршат други видови трансакции. Се работи на подготовка за отворање на шалтерите за пензионери и приматели на социјална помош и во други градови во земјата, за што Народната банка наскоро ќе извести.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Младите – двигатели на еколошкиот одржлив развој!По повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, во Младинскиот центар – Карпош се одржа презентација на еколошки проекти и младинско учество, посветена на улогата на младите во креирањето поодржлива и поинклузивна заедница. Луна Китановска, од иницијативата „ECOSOCIAL VOICES: Youth Voices“, зборуваше за важноста на младинскиот глас, активното учество и ангажманот на младите во општествените и еколошките прашања. За значењето на циркуларната економија и практичните решенија за поинклузивен и одржлив развој говореше Стефани Пренкова, додека Сотир Габелоски, преку фотоизложба посветена на реализирани микроакции, ја истакна улогата на младите во создавањето поправеден систем на храна, поддршката на локалните производители и значењето на институционалната соработка. Настанот заврши со интерактивна дискусија, размена на идеи и можности за младинско вмрежување, со цел преточување на иницијативите во конкретни активности и промени. Активноста ја реализираше Еко Логик, во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од People in Need (ПИН), во партнерство со ЛЕАД, АРНО и Ековита. Зелената иднина започнува со знаење, идеи и активно учество. Младите не се само иднината – тие се двигатели на промените уште денесКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМожат ли демократите сега да покренат постапка за отповикување на Трамп?По значајната победа на изборите во САД, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на Конгресот, што им овозможува да покренат нова постапка за отповикување против претседателот Доналд Трамп. Сепак, иако го имаат потребниот број гласови за да изгласаат отповикување, за негово реално отстранување од функцијата би биле потребни значително повеќе гласови од обично мнозинство во Сенатот. Сенат Демократи 53 Републиканци 42 Преставнички дом: Демократи 224 Републиканци 134 Трамп веќе беше отповикан двапати за време на неговиот прв претседателски мандат, но Сенатот го ослободи од обвиненијата во двата наврати. Новата постапка би била трета во неговата политичка кариера, а демократите веќе размислуваат за спроведување истраги поврзани со неговата администрација. Уставот на САД предвидува дека против претседателот може да се покрене постапка за отповикување поради велепредавство, поткуп или други тешки кривични дела и прекршоци. Постапката започнува во Претставничкиот дом, каде што за одобрување на отповикувањето е доволно просто мнозинство гласови. Бидејќи демократите освоија мнозинство во Претставничкиот дом, тие ќе можат да гласаат за отповикување и без поддршка од републиканците, под услов нивните претставници да останат обединети. Сепак, новото мнозинство стапува на должност дури на 3 јануари 2027 година; затоа, тие не можат самостојно да ја иницираат и спроведат постапката за отповикување пред тој датум. Важно е да се разбере дека, во американскиот политички систем, отповикувањето не значи автоматско разрешување на претседателот. Со гласањето за отповикување, Претставничкиот дом всушност поднесува официјални обвиненија против претседателот, за кои потоа одлучува Сенатот. Сенатот одлучува дали претседателот ќе биде прогласен за виновен и отстранет од функцијата, а за таква одлука е потребно двотретинско мнозинство од сенаторите што учествуваат во гласањето. Доколку се присутни сите 100 сенатори, потребни се најмалку 67 гласа. Демократите имаат мнозинство во Сенатот, но го немаат потребното двотретинско мнозинство. Затоа, за отстранување на Трамп, тие би морале да придобијат значителен број републикански сенатори, што претставува и најголема пречка за негово отстранување од функцијата. Доколку Сенатот не го собере потребниот број гласови, Трамп останува претседател и продолжува да ја извршува функцијата. Токму тоа се случи и по двата претходни постапки за отповикување. Ако Сенатот го прогласи Трамп за виновен, тој веднаш ќе ја изгуби претседателската функција. На негово место ќе дојде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој ќе стане претседател на Соединетите Држави и би можел да продолжи со голем дел од политиките на Трамп сè до истекот на мандатот на 20 јануари 2029 година. Демократската партија е поделена околу тоа дали повторно да се обиде да покрене постапка за отповикување на Трамп. Некои пратеници сметаат дека постојат сериозни основи за започнување на процесот, додека други предупредуваат дека, без доволна поддршка во Сенатот, тоа би било политички залудно. Демократскиот конгресмен Џејми Раскин изјави дека, за време на својот мандат, Трамп направил бројни прекршувања кои би можеле да послужат како основа за отповикување. Тој конкретно укажа на тоа дека претседателот си присвоил овластувања кои, според Уставот, му припаѓаат на Конгресот. Од друга страна, поранешниот градоначалник на Чикаго, Рам Емануел, предупреди дека нов обид за отповикување нема да доведе до разрешување од функцијата, туку до дополнителни политички конфликти. Демократската сенаторка Тами Дакворт, исто така, ја повика партијата наместо тоа да се фокусира на секојдневните грижи на американскиот народ. Хаким Џефрис, лидерот на демократите во Претставничкиот дом, не ја исклучи можноста за отповикување, иако не најави никакви планови за започнување на таква постапка. Тој изјави дека демократите ќе се водат според фактите, ќе го применуваат законот и ќе постапуваат во согласност со Уставот.Тагови: Доналд Трамп Сенат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook