Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ХороскопДневен хороскоп за 13. август 2020 годинаДневен хороскоп за четврток, 13. август 2020 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции. Кариера Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата. Кариера Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате. Здравје и совет Внимавајте на вируси. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива. Кариера Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито. Здравје и совет Медитирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро. Кариера Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели. Здравје и совет Останете доследни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате. Кариера Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин. Здравје и совет Избегнувајте колачи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица. Кариера И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно. Здравје и совет Здравјето ви се подобрува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се. Кариера Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Здравје и совет Непостојаност во навиките. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете. Кариера На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи. Кариера Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат. Здравје и совет Ги победувате грижите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации. Кариера Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате. Здравје и совет Прошетајте се на чист воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Кариера Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте. Кариера Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето. Здравје и совет Изолирајте се во мир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет11 загинати во масовно пукање во Квамахута: Полицијата открива детали за нападотЕдинаесет лица загинаа, а тројца се повредени во масовно пукање што се случи доцна во ноќта во населбата Квамахута во Дурбан, во источниот дел на Јужна Африка.Пукањето се случило во Квамахута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот ТВ-канал „eNCA“, напоменувајќи дека меѓу жртвите имало и бремена жена. „Жртвите, меѓу кои и бремена жена, биле собрани во една куќа, нешто пред 23 часот, кога вооружени напаѓачи упаднале на местото и отвориле оган“, изјави за медиумите премиерот на провинцијата Квазулу-Натал, Тамсанга Нтули, додавајќи дека две лица го преживеале нападот. Според првичните информации, двајца напаѓачи упаднале во домот каде што имало 14 лица и отвориле оган. Десет лица загинале на самото место, додека единаесеттата жртва им подлегнала на повредите при транспортот кон болницата. 🚨 BREAKING: 11 killed, 3 injured in KwaMakhutha mass shooting Three armed men reportedly stormed a house in the Ziko area, south of #Durban, late Tuesday night and opened fire. A pregnant woman was among those killed.#Mnakwethu Senzo Mchunu #MorningLive pic.twitter.com/IpqN35EmlE — Africa Affair (@affair_africa) September 23, 2026 Пред да побегнат од местото на настанот, напаѓачите го запалиле возилото на сопственикот на куќата. Според соопштението на полицијата во Квазулу-Натал, прелиминарната истрага открила дека некои од жртвите биле под надзор на полициските разузнавачки служби поради сомневања за незаконски активности, чии детали полицијата не можела да ги открие. „Иако мотивот за пукањето сè уште не е потврден, не може да се исклучи можноста за судир меѓу ривалски групи“, се наведува во полициското соопштение. 🚨 BREAKING: 11 killed, 3 injured in KwaMakhutha mass shooting Three armed men reportedly stormed a house in the Ziko area, south of #Durban, late Tuesday night and opened fire. A pregnant woman was among those killed.#Mnakwethu Senzo Mchunu #MorningLive pic.twitter.com/IpqN35EmlE — Africa Affair (@affair_africa) September 23, 2026 Тагови: Африка пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураФинале на Скопски градски фестивал: Васко Атанасовски и полифонија во петокВо петок, 25 септември, со концертот на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски и Полифонија, ќе заврши седмото издание на Скопскиот градски фестивал, во организација на Баги Комуникации.Зад фестивалот се неколку исклучителни концертни вечери, секоја со свој карактер, звук и енергија. Уметници од шест земји, премиерни изведби, нови музички соработки и различни генерации музичари ја создадоа годинашната фестивалска приказна, во која се сретнаа џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичките традиции на Балканот. Силно фестивалско доживување донесоа Мартин Ѓаконовски, Gent Rushi и Thanos Stavridis, трио составено специјално за Скопскиот градски фестивал. Иако во Скопје за првпат засвиреа заедно, тројцата музичари од Македонија, Албанија и Грција на сцената функционираа како одамна изградена целина. Нивните различни музички искуства се споија во возбудлив и природен звук, во кој џезот, етното и медитеранските влијанија постојано се надополнуваа. Премиерата на делото создадено за фестивалот покажа колку интересна и автентична музика може да произлезе од една сосема нова уметничка средба. Сосема поинаква концертна вечер донесоа пијанистката Милјана Николиќ со програмата „Балкански композитори“ и Мухамед Ибрахими со својот настап заедно со пијанистот Бобан Мирковски. Современата класична музика на автори од регионот и препознатливиот авторски израз на Ибрахими создадоа два различни музички света во една вечер и уште еднаш ја покажаа широчината на фестивалската програма. Еден од концертите што остави најсилен впечаток беше настапот на Антонио Илиоски и Јана Лолова, со кој го промовираа албумот „Beyond The Silence“. Пред публиката поставија сериозен изведувачки предизвик – програма со дела од Брамс, Дебиси, Прокофјев и Шуман – и го донесоа со извонредна музичка сигурност и убедливост. Особено внимание привлече Антонио Илиоски: млад виолончелист со впечатлива техника, силно сценско присуство и интерпретативна зрелост која далеку ги надминува неговите години. Концертот беше едно од оние фестивалски откритија што најавуваат уметник од кого допрва многу ќе се слуша. Една од најубавите слики на годинашниот фестивал дојде од летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, каде настапи младата скопска група Фрекфенција, составена од ученици од основно училиште. Нивниот настап внесе поинаква енергија во фестивалот и покажа колку е важно простор да добијат и оние кои се на самиот почеток од својот музички пат. Ова издание на фестивалот можеби најдобро покажа што сакаме Скопски градски фестивал да биде – место каде не се носат само готови концертни програми, туку се создаваат нови музички средби и соработки. Особено нè радува што видовме извонредни музичари од различни генерации и од шест земји на иста фестивалска сцена, а публиката со подеднакво внимание ги следеше многу различните концертни програми“, велат од Баги Комуникации. По концертните вечери кои секоја на свој начин го одбележаа годинашното издание, во петок фестивалот ќе го заокружи Васко Атанасовски, еден од најпрепознатливите современи словенечки саксофонисти и композитори. Во Скопје, Атанасовски ќе настапи со Полифонија, кој го сочинуваат врвните македонски музичари Сања Шуплевска – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Кристина Стојановска – виола, Александра Јаневска – виолончело и Гоце Маротов – контрабас. Атанасовски зад себе има богата меѓународна концертна и дискографска кариера и препознатлив авторски јазик во кој се среќаваат џезот, импровизацијата и музичките традиции на Балканот. Со Полифонија ќе изведе свои авторски композиции и музика инспирирана од балканското музичко наследство, во концертот со кој ќе биде затворено седмото издание на Скопскиот градски фестивал. Основан во 2020 година, Скопскиот градски фестивал во своите седум изданија изгради препознатлив програмски идентитет и свое место на домашната културна сцена. Повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот досега биле дел од фестивалот, кој низ годините иницираше премиерни концертни проекти, нови уметнички соработки и средби на музичари, останувајќи доследен на идејата за квалитетна програма и отворен културен дијалог во регионот. Концертот на Васко Атанасовски и Полифонија ќе се одржи во петок, 25 септември, во Камерната сала на Филхармонија. Влезниците се достапни онлајн на платформата Wayin.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter