3Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
ХороскопДневен хороскоп за 13. април 2025 година Дневен хороскоп за недела, 13. април 2025 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете и ќе увидите дека сами сте виновни за тоа. Кариера Пред вас е по малку хаотичен ден . Шефовите ќе бараат едно , вие ќе работите друго , а резултатот ќе биде нешто трето. Здравје и совет Приберете се во мир и тишина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот шарм и настапот полн со самодоварба ќе ги освои и најтврдокорните. Само напред. Кариера Најмногу ќе ве интересира она што е нереално. Многумина денеска ќер се покажат како одлични истражувачи , а особено за човечки души. Здравје и совет Со задоволство ќе волонтирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денешниот ден би можел да ви донесе збрка и фрустрации во личните односи. Затоа намалете ги очекувањата. Кариера Не е проблемот ниту кај вас ниту кај другите , туку во ситуацијата што бара максимална концентрација од сите вработени. Здравје и совет Следете ја својата цел. Рак 22.6-22.7. Љубов Не постои нешто што може да ве одврати од саканата личност . хармионија , добри намери и атмосфера што оди во ваша полза. Кариера Некои ќе ги разгледуваат можностите за професионално усовршување. Ќе им изгледа како уште многу работи да може да постигнат. Здравје и совет Согледајте ја целината. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се потрудите да бидете пристојни и со љубезниот однос да ја надминете празнината во личните односи. Кариера На мирен начин одлично ќе се поврзете со надредените , како и со подредените. Сите ќе изгледаат како големо семејство. Здравје и совет Бидете она што сте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе доживее ренесанса. Се ќе ви оди од рака , а на ва останува само да го искористите тоа. Кариера Сеуште се двоумите околу една финансиска понуда. Сепак , се повеќе ги увидувате нејзините предности. Здравје и совет Вежбајте повеќе. Вага 24.9.-23.10 Љубов Одличен ден за дружби , поврзување со луѓето , обнова на пријателствата или на љубовните врски. Искористете го. Кариера Сите работни задачи што бараат кореспонденција , шарм , љубезност и одржување на контакти , ќе ви одат денеска од рака. Здравје и совет Одете порано на спиење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас се нови можности. Луѓето околу вас ќе ви бидат наклонети , па ви претстојат нови познанаства. Кариера Некои ќе се занимаваат со мали финансиски трансакции на сосема необичен начин. Ќе постигнат резултати. Здравје и совет Поврзете се со луѓето од вашата околина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Личност што работи со вас би дала се за да ве запознае малку подобро. Можеби и ќе се обиде да ви се приближи. Кариера Креативците добро ќе работат и ќе уживаат во работата. На другите ќе им недиостига храборст за да повлечат смели потези. Здравје и совет Сепак сте задоволни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Се ќе ви оди од рака што се однесува до љубовниот живот. Потрудете се да бидете поискрени и поотворени со партнерот. Ќе ви се врати. Кариера Денот е добар за поврзување со луѓе и за креативни работи. Ќе ги покажете своите таленти во овие области. Здравје и совет Оние во врска навистина ќе уживаат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ретко кога зборовите не ви излегуваат на вистински начин , но токму денеска е таков ден. Молчете и сакајте без објаснувања. Кариера Постои можност за недоразбирање со соработниците. Затоа контролирајте ги комуникациите, договорите и предлозите. Здравје и совет Опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако излезете меѓу луѓе , ќе наидете на низа шанси за пријатни познанаства од површен карактер. Забавата е сигурна. Кариера Малку ќе забавите , но колегите околу вас нема да ви дозволат да запрете со работата. Со своите контакти ќе ве поттикнуваат да продолжите. Здравје и совет Емотивна празнина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан ИвановиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЖивотСекојдневни навики кои откриваат дека блискоста полека исчезнуваЉубовта не исчезнува секогаш после голема расправија, неверство или драматично раскинување. Понекогаш партнерите се оддалечуваат тивко така што и самите не забележуваат кога престануваат да бидат блиски. Еден од првите знаци може да се крие во сосема обичните ситуации или реченици. Кога престануваме да се забележуваме еден со друг? Психологот Џон Готман, познат по своите истражувања за романтичните врски, моментите во кои имаме желба со партнерот да споделиме нешто што ни го привлекло вниманието, ги опишува како мали обиди за поврзување. Она што следува после нив е важно. Ако партнерот застане, нè погледне и покаже интерес за она што го зборуваме, макар и неколку секунди, покажува дека е присутен. Меѓутоа, ако ваквите обиди постојано завршуваат со тишина, со тоа што некој гледа во својот телефон или со рамнодушен одговор, со текот на времето може да се појави чувство на осаменост – дури и кога двајца луѓе живеат под ист покрив. Не станува збор за една пропуштена реченица. Се разбира, никој не може да биде внимателен во секој поединечен момент. Заморот, работата и секојдневните обврски понекогаш ни го одвлекуваат вниманието. Проблемот настанува кога ова игнорирање ќе стане образец на однесување. Едниот партнер се обидува да започне разговор, но другиот не одговара. Следниот пат, обидот е пократок. По некое време, може целосно да исчезне. И така, се случува нешто необично: парот речиси воопшто не се расправа, но истовремено имаат многу малку работи што можат да ги споделат еден со друг. Мала промена што може многу да значи За повторно да се воспостави блискост, не се секогаш потребни скапи излегувања, патувања или грандиозни романтични гестови. Понекогаш е доволно само да го оставите телефонот настрана кога партнерот ќе почне да зборува, да поставите дополнително прашање или да покажете искрен интерес. Исто така, важно е отворено да кажете кога чувствувате потреба за повеќе внимание, наместо да очекувате другата личност сама да погоди како се чувствувате. Зашто љубовта не се покажува само преку големи зборови. Честопати, таа е најјасно видлива во оние мали, секојдневни моменти кога партнерот сака да сподели нешто со нас – а ние одлучуваме навистина да го сослушаме. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНавика што придонесува за намалување на „лошиот“ холестеролЕкспертите истакнуваат дека редовното вежбање може значително да помогне во намалувањето на лошиот холестерол (LDL). Според лекарите, LDL холестеролот често се нарекува „лош“ бидејќи неговото високо ниво во крвта доведува до насобирање во артериите како плаки. Со текот на времето, овие наслаги можат да ги стеснат крвните садови и да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни компликации. При регулирање на холестеролот најчесто се говори за промена на начинот на исхрана, но според лекарите клучна е и друга дневна навика, а тоа е редовното вежбање. Како вежбањето го намалува „лошиот“ холестерол (LDL) За време на вежбањето, мускулите трошат повеќе енергија, а телото постепено станува поефикасно во користење на мастите како извор на енергија. Овие промени можат да влијаат на тоа како телото ги обработува мастите и холестеролот, придонесувајќи за намалување на нивоата на LDL во крвотокот, иако ефектот варира од личност до личност. Редовната физичка активност, исто така, ја подобрува осетливоста на инсулин и контролата на шеќерот во крвта. Бидејќи покачениот шеќер во крвта и инсулинската резистенција се поврзани со нарушувања на метаболизмот на мастите, подобрената осетливост на инсулин може да има корисен ефект и врз преработката на мастите и производството на холестерол во црниот дроб. Вежбањето може да помогне и во намалување на хроничните воспаленија поврзани со развојот на атеросклероза - натрупување на плаки во артериите. Понатаму, физичката активност може да ги зголеми нивоата на HDL, или „добар“ холестерол, што помага во транспортот на вишокот холестерол од крвотокот до црниот дроб, каде што се преработува и излачува. Сепак, едноставното зголемување на нивоата на HDL не гарантира подобри резултати за здравјето на срцето; напротив, редовното движење придонесува за поповолна целокупна рамнотежа на липидите во крвта. Придобивките од вежбањето не се само физички. Луѓето кои почнуваат редовно да вежбаат често усвојуваат здрави навики, како што се подобра исхрана, подобрен сон и поефикасна контрола на реакцијата на стрес. Заедно, овие промени можат дополнително да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на LDL холестерол и намалувањето на кардиоваскуларниот ризик. Колку и каков вид вежбање? За оптимални резултати, експертите препорачуваат комбинација од различни активности, и аеробните вежби – како што се брзо одење, возење велосипед, пливање или трчање, и тренингот за сила се корисни. Се препорачува неделно да практикувате најмалку 150 минути аеробна активност со умерен до висок интензитет, како и два дена тренинг за сила. Доколку имате какви било здравствени проблеми, консултирајте се со лекар пред да започнете нова програма за вежбање. Што друго помага во намалувањето на „лошиот“ холестерол? Покрај редовното вежбање, исхраната со ниска содржина на заситени масти и богата со растителни влакна, овошје, зеленчук - е клучна за намалување на холестеролот. Одржувањето здрава тежина, избегнување на тутунот и никотинските производи, редовната контрола на крвниот притисок и дијабетесот дополнително го намалуваат кардиоваскуларниот ризик. Квалитетот на сонот влијае на метаболизмот на холестеролот, па погрижете се да спиете седум до девет часа ноќе. Доколку промените во животниот стил не се доволни, лекарот може да ви помогне да ги следите вашите резултати и да препорача третман доколку е потребно. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter