ХороскопДневен хороскоп за 13.5.2019 годинаДневен хороскоп за понеделник ,13. мај 2019 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Какошто ќе минува денот , се повеќе ќе сфаќате дека работите си доаѓаат на свое место. Тоа ќе ве направи среќни. Кариера Дернешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите киолеги на работното место. Најдете компромис. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска. Кариера Вашата деловна комуникација денеска одлично ќе се одвива . Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања. Здравје и совет Мали недоразбирања при договарањата. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку ви се пристори дека ви недостига страст во интимните односи , препуштете му се на партнерот. Саканата личност тоа ќе го надомести. Кариера Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Не се гржете, сето тоа ќе се врати од друга страна. Здравје и совет Движете се повеќе. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеска ќе увидат дека се вистински среќници и џдека во љубовта им се остваруваат бројните желби. Чувајте го тоа. Кариера Повеќето од вас денеска успешно ќе ја поврзат креативноста , интуицијата , стандардните работи и опуштениот пристап кон нив. Здравје и совет Ќе бидете комплетни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на малите внатрешни немири , вие денеска толку многу ќе блескате , што тоа ќе се пренесе на сите околу вас. Среќни сте. Кариера Ќе ги игнорирате анализите од претходниот период кои уште не се во целост готови и со сигурност ќе се посветите на денешните задачи. Здравје и совет Вие сте посилни од немирот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе продолжите да се забавувате како да не постѕојат никакви проблеми. Ќе успеете да избегате од се и да останете насмеани. Кариера Во работните задачи со млади , ќе откриете инвентивни идеи , кои целата работа ќе ја поместат за чекор понапред. Здравје и совет За спортистите денеска е добар ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Саканата личност денеска најверојатно пријатно ќе ја изненадите со некој готварски деликатес. Кариера Вашите колеги денеска ќе постигнат договор со шефовите без да ве прашаат, па сепак тоа ќе биде во ваша корист. Здравје и совет Немир и нервоза. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина ќе имаат потреба да излезат , да прошетаат , да сретнат интересни лица и со нив да споделат што им лежи на срцето. Кариера Во дејностите каде има слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите добро познати дејности ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Занимавајте се со она што го сакате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовните прашања денеска нека ве води вашата интуиција. Со таква помош , се ќе биде подобро и полесно. Кариера На многумина од вас денеска нема да им се работи . Расположението ќе ве води во неистражени подрачја и хобија. Здравје и совет Најдете златна средина. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ја пополнувате ваквата празнина. Кариера Со новите ,,стручни” планови и потези би можеле да бидат загрозени некои права на вашите колеги. Здравје и совет Помогнете им на послабите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Ако тоа ви е премногу комплицирано , почекајте. Кариера Ќе се обидете да се приберете и јасно да ги изразите своите намери . Ќе биде тоа чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Бидете прецизни. Овен 21.3-20.4. Љубов Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои сеуште се сами , нека не се откажат од додворувања. Кариера Следува добар развој на настаните поврзани со странска фирма или со партнери од странство. Здравје и совет Чувајте се од сопствената грубост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Сами против ситеСами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook