По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
1По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ХороскопДневен хороскоп за 12. октомври 2024 година Дневен хороскоп за сабота, 12. октомври 2024 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите. Кариера Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги. Здравје Зајакнете се со прошетка на свеж воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре. Кариера Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека. Здравје Осмислете пријатен ден за себеси. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни. Кариера Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат. Здравје Јадете здрава храна . Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе. Кариера Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови. Здравје Терапиите се ефективни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви. Кариера Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им. Здравје Помалку јадете , повеќе спортувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни. Кариера Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас. Здравје Нема пречки пред вас. Овен 21.3-20.4. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки. Кариера Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето. Здравје Не се откажувајте од вашата цел. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности. Кариера Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено. Здравје Делата се посилни од зборовите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи. Кариера Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се сопгласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво. Здравје Бидете пообјективни. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција. Кариера На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт. Здравје Одете на сонце и на свеж воздух. Лав 23.7-22.8. Љубов Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа. Кариера Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите. Здравје Не брзајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската. Кариера Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата. Здравје Можна е минлива главоболка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБосанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – СкопјеПолициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00