ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста
1ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 12. октомври 2021 годинаДневен хороскоп за вториник, 12 . октомври 2021 година.Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот ќе ги расчистите сомневањата и ќе го вратите во рамнотежа вашиот однос со саканата личност. Кариера Денеска не очекувајте поддршка од други. Потпрете се на сопствените сили и се ќе помине подобро. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите зборови ќе допрат длабоко во душата на саканата личност и ќе постигнат ефект за паметење. Слободно изразете ги чувствата. Кариера Ви претстои финансиска загуба, со која тешко ќе се помирите. Сепак бргу ќе најдете начин тоа да го надоместите. Здравје и совет Ќе бидете прецизни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе заведуваат преку кујната, а другите со хумор. И во двата случаи ќе има успех. Кариера Денеска би било добро да не соработувате со млади , зашто нема да се разберете.Ограничете се на други соработници. Здравје и совет Некои ќе дочекаат сакана личност од патување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од внатре нешто ќе ве натера да направите потег што е целосно откачен , но ќе биде полн погодок. Кариера Можно е да ви ги оспоруваат резултатите од работата.Не влегувајте во расправија, туку почекајте до утре кога се ќе може полесно да докажете. Здравје и совет Ќе бидете забавни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска занемрете ги идеите што ви доаѓаат од интуицијатаи држете се до она што можете да го видите и да го допрете. Кариера Ќе имате зголемено влијание врз другите , па тоа искоритете го во работата , која се развива и без тоа , многу добро. Здравје и совет Несоница. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можно е да ве освои млада личност по возраст или според духот. Тешко ќе и одолеете. Кариера Вие ќе сакате една идеја а вашите надредени друга .Денеска не е ден за размена на мислења.Воздржете се. Здравје и совет Подобро од вчера. Овен 21.3-20.4. Љубов Иако со сите сили ќе се трудите да го подобрите сексуалниот живот , денеска во ова подрачје би можеле да имате мал неуспех. Кариера Ќе се сетите на некои предлози на лица од странство и ќе се потрудите со нив да ги обновите деловните потфати. Здравје и совет Чувствителност на жолчката или црниот дроб. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата самоувереност би можело денеска да биде сериозно нарушна.Сетете се на љубовните успеси за да се охрабрите. Кариера Некои ќе ја истражуваат историјата на фирмата или на професијата што ја работите. Ќе биде интересна дигресија од секојдневните задачи. Здравје и совет Што било , поминало. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе поминат оние ки љубовта нема да ја изразуваат со зборови , туку со дела. Се ќе биде во ред ако не зборувате. Кариера Ќе бидете склони дефинитивно да завршите некоја работа и да отоврите ново поглавје на сосема различен начин. Здравје и совет Тешко ќе ви оди со изборот на вистински зборови. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите пријатели ќе ви покажат кој е најдобриот пат до нечие срце. Послушајте ги и не прашувајте премногу. Кариера Денеска е подобро да бидете настрана од шефовите , бидејќи и со најдобра намера, лошо ќе влијаат на вас. Здравје и совет Наспијте се откако ќе се прошетате. Лав 23.7-22.8. Љубов Не треба да се трудите да бидете љубезни , зашто нема да бидете уверливи. Бидете едноставно природни и правете го она што ви се допаѓа. Кариера Ќе бидете под големо влијание на оние околу вас . Можно е некој од соработниците да ви се вовлече под кожа. Здравје и совет Лошото чувство утре ќе се изгуби.. Девица 23.8.-23.9. Љубов Оние кои одржуваат врска на далечина денеска ќе ја пренасочат во друга насока. Ќе дојде до промена. Кариера Можен е динамичен состанок со шефовите каде ќе размените различни идеи или мислења. Здравје и совет Претстојат нови планови за патувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалностаВенко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДС бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДС молчат по дебаклот во Брвеница. ОД Филипче и СДС нема анкети, нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од Венко Филипче. Филипче, каде се анкетите што ги најави? Ако навистина покажуваат раст на СДС, зошто не ги објавиш? Од што се плашиш? Дали резултатите не се такви какви што ги претставуваше или станува збор за уште една пропагандна конструкција на партискиот штаб на СДС? Реалноста е јасна и не се менува со изјави и лаги од кујната на СДС. Резултатите во Брвеница се јасен политички удар за СДС, каде според прикажаните изборни резултати, СДС загуби со разлика од четири спрема еден. Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДС, во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство. Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од проверка на довербата кај граѓаните. Напротив, поддршката се потврдува со конкретна работа, одговорност и резултати. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат јасна политичка предност, додека СДС под раководство на Филипче сè повеќе се соочува со криза на доверба, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМетеж на гласачките места во Србија, Вучиќ со сопругата чека на ред за да гласа (ВИДЕО)Денеска во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои би можеле да бидат најважниот тест за владеењето на Александар Вучиќ во последните 14 години. Неговиот блок е сериозно загрозен за прв пат од политичка сила што произлезе од студентските протести по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица во ноември 2024 година, објави Индекс. 18 листи се натпреваруваат за 250 места во Народното собрание, од кои девет имаат статус на малцинство. Право на глас имаат малку повеќе од 6,45 милиони гласачи, а изборниот праг од три проценти важи за влез во парламентот, освен за малцинските листи. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро и се затвораат во 20 часот. Носителот на студентската листа: Денес легитимно ќе избереме нова влада во Србија Илија Срдановиќ, носителот на студентската листа, изрази надеж за мирни и демократски избори во Србија. Тој очекува рекордна излезност и легитимна нова влада што ќе ја води земјата во подобра иднина. Profesor Ilija Srdanović, prvi na Studentskoj listi glasao je upravo u Novom Sadu. Građani koji čekaju u redu na ovom biračkom mestu pozdravili su ga aplauzom. https://t.co/LrvHoCGKrp — Mašina (@MasinaRS) October 25, 2026 Седум гласачки места во Шабац не се отворија на време Во Шабац, граѓаните чекаат и во редови за да гласаат на денешните парламентарни избори. Поради технички проблеми, седум гласачки места не се отворија во 7 часот наутро, како што беше планирано, изјави за Танјуг Градската изборна комисија. Во Шабац, право на глас имаат 97.402 гласачи, кои гласаат на 100 гласачки места во градот и на едно гласачко место во Поправниот дом Богосавец. Вучиќ и неговата сопруга чекаат во ред на гласачкото место Александар Вучиќ, лидерот на листата „Единствена Србија“ и поранешен претседател и премиер на Србија, дојде на своето гласачко место во Нов Белград, во придружба на неговата сопруга Тамара. Бидејќи гласачкото место е преполно, двајцата чекаат во ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштијаСекој изминат месец имаше нови поскапувања. Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство. Околу 180.000 работници примаат помалку од 31.200 денари месечно, а минималната плата останува закована на 26.000 денари. Работникот работи цел месец, а платата не му стигнува за живот. Тоа е реалноста зад бајките на Мицкоски: не трета економија во Европа, туку животен стандард на една третина од европскиот. Арамијата Мицкоски ги одби мерките на СДСМ за заштита на стандардот на почеток на кризата. Одби минимална плата од 600 евра, одби поддршка за земјоделците. Цела година гледа како растат цените, а одбива да им помогне на граѓаните. Од јануари наредната година се најавуваат нови поскапувања, повисоки сметки за струја и парно. Додека во Европа се преземаат мерки против новиот енергетски удар, владата на Мицкоски ги остава граѓаните сами. И со новиот ребаланс повторно исто: нема повисока минимална плата, нема мерки против поскапувањата, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати, чија сметка ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. За само две години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот досегашен долг на државата. Долг врз долг, ребаланс врз ребаланс – а за народот нема пари, граѓаните сè потешко живеат. Оваа сиромаштија е последица на одлуките на Мицкоски, да нема пари за работниците, да има само за партиските тендери, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38