ХороскопДневен хороскоп за 12. ноември 2023 година Дневен хороскоп за недела, 12. ноември 2023 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Откако се ви стана јасно , повторно запаѓате во преодна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Или вие ќе бидете премногу попустливи кон надредените или тие така ќе се постават кон вас. Здравје и совет Неизбалансираност на крвната слика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што можеби ве измачуваше, денеска ќе знаете да го искажете со многу чувства и искреност. Кариера Создадени се условите за една нова деловна соработка со соработници кои не се од истото место каде што работите. Здравје и совет Ќе бидете поспани. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера на дневен ред ќе се најде мала анализа за една заостаната работа . Се друго што се однесува на работата , се одвива во ред. Здравје и совет Контролирајте го количеството храна што го внесувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Со саканата личност ќе се обидете да изведете нешто ново во сексот. И на двајцата ќе ви биде мило за тоа. Кариера Ќе се уверите сдека вложувачите се сосема подготвени за да ги прифатат вашите идеи. Внимавајте само во целиот процес да не бидете насилни. Здравје и совет Бидете тактични. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно е дека вашата сакана личност ќе бара многу внимание. Прифатете го тоа како реалност.Посветете и се. Кариера Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се подготвени за дас е склучи договор. Здравје и совет Остварете се што ќе замислите . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ги дефинирате своите љубовни очекувања.Ќе се обидете да бидете доследни и покрај искушенијата. Кариера Конечно ќе сфатите како да заработите повеќе пари , а се појавува и добра можност за тоа да го остварите. Здравје и совет Можна е преодна несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска лесно ќе воспоставувате контакти , а и денот е добар за тоа. Ако сте сами , излезете на кафе. Кариера Ќе размислувате дали да смените еден метод во работењето или пак да го смените целиот процес. И тука ги ширите контактите. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои ќе го фаќаат последниот воз за да се додворувата на една личност која исклучително им е драга. Кариера По мало надмудрување со спонзорите , ќе успеете да постигнете каков- таков договор. Здравје и совет Некои работи веќе ја губат смислата. Рак 22.6-22.7. Љубов Добро ќе ја разберете саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата што сте ги поставиле. Добро е. Кариера Работите си одат по својот тек и добро е. Денеска занимавајте се со мали поттици со кои ќе ја пофобрите работата. Здравје и совет Посилни сте од повеќето. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа , што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност. Кариера Состојбата е зрела за вашето напредување на работното место , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Мала главоболка или тага. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денешниот ден најверојатно многу ќе ве насочи кон домот и семејството. Нешто тука би можело да созрее. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу две опции , а ниту една нема да ви изгледа добро. Поминете преку тоа и имајте трпение. Здравје и совет Наскоро се ќе биде појасно. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе имате силна фантазија , така што без проблем ќа ја надвладеете секоја празнина во личните односи. Кариера Ќе ви се јават соработници од странство со интересен предлог за кој ќе треба да размислите сериозно. Здравје и совет Она што го немате, ќе го измислите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook