3Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
ХороскопДневен хороскоп за 12. ноември 2019 годинаДневен хороскоп за вторник, 12. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска. Кариера Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето. Здравје и совет Бидете активни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Шоуто во кое се впуштивте , се развива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов. Кариера Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате. Кариера Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши. Здравје и совет Довршете си ги заостанатите обврски. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине. Кариера Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете. Здравје и совет Користете ги паузите за одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови. Здравје и совет Не се предавајте. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе мечтаете со отворени очи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања. Кариера Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка. Здравје и совет Држете се подалеку од каква било негативност. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе. Здравје и совет Не постои совршенство. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават. Кариера Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите. Здравје и совет Продолжете да истражувате за здравиот живот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа. Здравје и совет Разграничете ги приоритетите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина. Кариера Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив. Здравје и совет Имате поголема сигурност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Stellantis“ го запира производството во француските фабрики поради недостиг на батерииМултинационалниот автомобилски гигант „Stellantis“ објави дека ќе го прекине производството во три француски фабрики во траење од најмалку една недела, делумно поради недостиг на батерии за електрични возила.Фабриката во Сошо, каде што се произведуваат моделите „Peugeot 3008“ и „Peugeot 5008“, ќе биде затворена од 23 до 30 октомври поради недостиг на батерии со голем досег, се наведува во соопштението на компанијата објавено во вторникот. „Побарувачката за овие модели е многу голема, особено кај корпоративните клиенти, и постојано ги надминува капацитетите за снабдување“, соопштија од компанијата. „Во овие услови, привремено го прилагодуваме распоредот на производство за да го усогласиме со потребите на пазарот и да избегнеме натрупување залихи на возила кои не одговараат на побарувачката на купувачите“, објаснија од „Stellantis“, додавајќи дека станува збор за еднократна мерка. Фабриката во Рен, исто така, ќе биде затворена од 22 до 30 октомври од истата причина, при што ситуацијата делумно влијае врз производството на моделот „Citroën C5 Aircross“. Недостиг на батерии „Stellantis“ ги набавува батериите со голем досег од „Automotive Cells Co.“ (ACC), компанија основана во соработка со „Mercedes“ и „TotalEnergies“. „ACC“ управува со фабрика во Франција, но раководството ги откажа плановите за изградба на фабрики во Италија и Германија поради слабата побарувачка за електрични возила во последните години. Сепак, оваа година интересот на потрошувачите за електрични возила неочекувано порасна, поттикнат од високите цени на горивото по почетокот на војната. „За жал, сè уште не добиваме доволно батерии, и покрај значителниот напредок во производството на ACC“, изјави портпарол на „Stellantis“. Само во септември, „ACC“ произведе речиси исто толку батериски модули колку што произведе во текот на целата претходна година, соопшти компанијата. „Го зголемуваме производството и процесот се одвива добро, во меѓувреме, ги исполнуваме обврските кон нашиот клиент „Stellantis“, при што нивоата на испорака на батерии се усогласени со нивните барања“, изјави портпарол на „ACC“ за Ројтерс. „Stellantis“ објави дека производството во фабриката во Милуз, исто така, ќе биде прекинато од 15 до 30 октомври, додавајќи дека тој прекин не е поврзан со недостигот на батерии. Покрај трите фабрики во Франција, „Stellantis“ претходно веќе најави прекин на производството во траење од две недели во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино кон крајот на октомври, при што раководството наведе дека работниците ќе бидат испратени на неплатено отсуство. Компанијата го запре производството во таа фабрика и во август и во септември, наведувајќи како причина недостиг на компоненти за мотори, иако синдикатите тогаш истакнаа дека побарувачката за моделот „Fiat 500“ – кој се произведува во „Мирафиори“ – била послаба од очекуваното. Извор: Индекс.хрТагови: Stellantis Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка Холивудската ѕвезда, актерот Антонио Бандерас предизвика внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од врската со колешката Мелани Грифит.Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави со својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, на светската премиера на филмот „Up Against It“ – нова драмска комедија во режија на Труди Стајлер. Филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, но токму таткото и ќерката го привлекоа целото внимание. Стела изгледаше елегантно и софистицирано во тесен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко. „Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмот, откако во последните години беше силно ангажиран во театарот и во продукциската работа. Појавувањето во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата Абадија де Ретуерта во Ваљадолид, Шпанија. „Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, тоа е многу долга врска, врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“. Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана. Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано. За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека. Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter