ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори
1ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори
3Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
ХороскопДневен хороскоп за 12. јуни 2026 година Дневен хороскоп за петок, 12. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство. Кариера Ќе поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува. Здравје и совет Подобрување. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни. Кариера Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа. Здравје и совет Денеска имате влијание врз другите. Лав 23.7-22.8. Љубов Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи. Кариера Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни. Здравје и совет Продолжете понатаму без нервоза. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание. Кариера Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место. Здравје и совет Можни се мали проблеми со видот. Вага 24.9.-23.10 Љубов На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално. Кариера Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата. Здравје и совет Имате сила за двајца. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие. Кариера На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија. Здравје и совет Бидете трпеливи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу. Кариера освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете. Кариера Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава. Здравје и совет Вие сте добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост. Кариера И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба. Здравје и совет Не е се во материјалното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални. Кариера Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови. Здравје и совет Бидете јасни и недвосмислени. Овен 21.3-20.4. Љубов Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска. Кариера Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст. Здравје и совет Бидете објективни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете. Кариера Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо. Здравје и совет Имате причини и за радост и за тага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повториСДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста.Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера. Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им пречат резултатите кои ги има оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, резултати кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно. Им пречи стандардот на граѓаните кој од ден на ден се подобрува, им пречи што оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ достоинствено се грижи за идентитетот, им пречи што достоинствено и како никогаш до сега реализира достоинствено одбележување на 35 години независност на Македонија. Да му објасниме во оваа прилика на Жерновски. Ако Зоран Заев, Венко Филипче се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е токму тој самиот Андреј Жерновски. Граѓаните на Македонија одлучија дека сакаат државата да оди напред, тие да одат напред и тоа се да се прави достоинствено како и што е сега. Андреј Жерновски едноставно е талог на Македонија кој тешко дека ќе се повтори.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младитеТешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање.Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, како и потребата од координиран институционален одговор. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека младите не се само иднината, туку и сегашноста, а нивното активно учество во општеството е предуслов за подобро разбирање, навремено спречување и решавање на проблемите врзани за насилството. За неа, вистинското, а не виртуелното дружење, непосредната, а не дигиталната комуникација имаат незаменлива вредност, а љубовта, почитта и мировната култура се учат од најрана возраст. Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, проблемите мора да се решаваат во сегашноста, со посилен фокус на превенцијата, безбедната училишна средина и подготвеноста на наставниот кадар да ги препознава новите форми на агресија. Таа нагласи дека промената на менталитетот е долг процес во којшто мора да учествуваат сите општествени чинители. Владимир Караев, претседател на „Рубикон“, коешто ја практикува театарската техника „форум театар“ предупреди на влијанието на пасивните сведоци, укажувајќи дека насилството добива сила кога има публика. Тој повика на нулта толеранција и проактивност, односно охрабрување на младите да реагираат. Младинската активистка Селма од Струга, зборуваше за врсничкото насилство мотивирано од етничката припадност и потребата од рано воспитување во духот на заемната почит, со порака дека различностите треба да бидат предизвик за учење едни од други, а не причина за поделби. Студентката и младинска активистка Ангела, нагласувајќи ја важноста на личната одговорност во градењето на меѓуврсничките односи, укажа дека социјалните мрежи нецелосно ја отсликуваат реалноста, па дигиталната комуникација честопати остава простор за погрешно толкување. Панелистите и учесниците во дебатата се согласија дека тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање. За сите, младите не се само иднината, туку и сегашноста, затоа мораме да градиме мировна култура.Тагови: Дебата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУтре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија - LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува. Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија. Двајцата професори - Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти ќе продолжат со извонредната уметничка фото-документација и преку своите фотографии ќе ја овековечат приказната за т.н. „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“. Воедно, нивното гостување ќе биде искористено за продуктивни дискусии со нивни колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и релевантни претставници од областа на културната едукација, со цел обмислување на долгорочна соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти и сл. Селектирани фотографии создадени за време на престојот, традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на посебен настан, насловен како ОТВОРЕНО СТУДИО што ќе се одржи на 22ри август. Проектот се реализира со делумна поддршка од македонското министерство за култура и туризам. Фото: Јана ХунтроваТагови: АРТ ПОИНТ - ГУМНО 202 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00