ХороскопДневен хороскоп за 12. јуни 2023 годинаДневен хороскоп за понеделник, 12. јуни 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми. Кариера Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење. Здравје и совет Најдете златна средина. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате. Кариера Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките. Здравје и совет Не претерувајте со алкохолот. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа. Кариера Малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо. Здравје и совет Можна е кашлица. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи. Кариера Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво. Здравје и совет Останете свои. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта. Кариера Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето. Здравје и совет Доаѓате до нови решенија. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување. Кариера Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка. Здравје и совет Проверете го автомобилот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела. Кариера Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам. Здравје и совет Смирете ги страстите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите. Кариера Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите. Здравје и совет Планирајте ги работите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја. Кариера Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска. Кариера Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите. Здравје и совет Бидете умерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи. Кариера Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба. Здравје и совет Бидете сериозни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите. Кариера Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите. Здравје и совет Претерувате со консумација на слатки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФинансиската полиција му поднесе кривична пријава на екс-директорот на „Пошта“, Јани МакрадулиУправата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта “, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација. Поради неисплаќањето биле поведени судски постапки против пошта, по што со пресуди биле утврдени дополнителни обврски за казнена камата. Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 11 милиони денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје се унапредува и дигитализира - ја промовираме „ЕкоСкопје“Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во промоцијата на платформата „ЕкоСкопје“ (https://ekoskopje.skopje.gov.mk), ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување. - Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис. Така, службите полесно ќе го пронајдат местото и ќе имаат појасна слика за состојбата на терен. По поднесувањето, можете да го следите статусот на пријавата. За граѓаните тоа значи полесно пријавување, поголем увид во постапувањето и подиректна комуникација со институциите. За нас, тоа е дополнителна обврска за одговорност и видливи резултати. Зад секоја пријава стои наш сограѓанин кој очекува решение. Затоа, вредноста на оваа платформа ќе ја мериме преку решените проблеми и промените што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето маало – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека продолжуваат вложувањата и во опрема и во дигитални решенија, а оваа апликација е пример како младинската идеја станува дело во служба на нашиот град. - Набавивме 3.300 нови контејнери, најголемата ваква набавка во историјата на градот, како и нови камиони за собирање смет, цистерни и метларки. Во тек е и постапката за воведување видеонадзор, кој ќе помогне во откривањето и постапувањето против оние што намерно создаваат диви депонии. Јавната чистота е колективна одговорност. Наша должност е да обезбедиме услови и да постапуваме, а заедничка должност е да го чуваме градот. Технологијата ни дава нова можност, а нашата посветеност треба да ја претвори во почисто и поуредено Скопје. Вашата иницијатива покажува колку можат младите кога ќе добијат простор и поддршка. Во мене и во Град Скопје секогаш ќе имате партнер. Го унапредуваме Скопје, ги дигитализираме услугите и ја доближуваме градската управа до граѓаните – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да ја користат платформата и со точни локации, фотографии и корисни информации да придонесат за побрзо лоцирање на проблемите и изрази благодарност до Европската Унија за финансиската поддршка, до ЛЕАД, а особено до младиот Андреј и целиот тим ентузијасти кои со знаење, труд и верба во својата идеја ја создадоа „ЕкоСкопје“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЕвропаМајка оставила деца на планина во Полска бидејќи се жалелеВо саботата, мајка ги оставила своите две деца на планинарска патека на планините Бјешчади во јужна Полска, бидејќи – според неа – тие се жалеле и негодувале, а таа сакала сама да стигне до врвот.Други планинари ги пронашле момчињата во густа магла, пренесува „Еуроњуз“. Огранокот во Жешов на Полското туристичко и разгледувачко друштво сподели детали за инцидентот на Фејсбук. „Бевме во близина на местото каде што се раздвојуваат сината и жолтата патека над Мучне, планинарејќи со група. Одеднаш, слушнавме силно плачење и детски крик. Застанавме и видовме две момчиња – осумгодишно дете со солзи во очите и неговиот четиринаесетгодишен брат – како стојат покрај патеката, изгледајќи збунето“, се вели во објавата. „Дознавме дека нивната мајка ги оставила и продолжила сама кон врвот – пат за кој од таа точка се потребни околу еден час. Таа им рекла дека, штом веќе се жалат и не сакаат да одат, нека ја почекаат петнаесет минути“, се додава во објавата. На крајот, момчињата чекале многу подолго. Тагови: мајка Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter