ХороскопДневен хороскоп за 12. јуни 2020 годинаДневен хороскоп за петок, 12. јуни 2020 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Кариера Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Здравје и совет Ви треба кус одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате. Кариера Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Здравје и совет Уривате рекорди. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Кариера Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Здравје и совет Не мора да се брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Кариера Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Здравје и совет Ќе имате пријатни сништа. Вага 24.9.-23.10. Љубов Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Кариера Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Здравје и совет Немојте да си го расипете карактерот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Кариера Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте. Здравје и совет Не знаете до каде може да стигнете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Кариера Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Здравје и совет Ќе бидете фокусирани на други. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Кариера Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Здравје и совет Некои имаат духовни искуства. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Кариера Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Здравје и совет Помирете се со реалноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Кариера Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Здравје и совет Имате право кога ја негувате натуралноста. Овен 21.3-20.4. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Здравје и совет Работете го она што го сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Шоу бизПринцови, принцези, актери, пејачи... Познати личности на финалето на ВимблдонФиналето на Вимблдон во недела попладне привлече голем број холивудски ѕвезди и британски познати личности од А-листата.Сите очи беа насочени кон Централниот терен, каде што Италијанецот Јаник Синер и Германецот Александар Зверев се соочија во напнат судир. Кралското семејство во преден план Меѓу многуте познати лица, особено се издвои принцезата од Велс, која блескаше во елегантен зелен фустан. View this post on Instagram A post shared by Wimbledon (@wimbledon) Таа пристигна на Вимблдон придружувана од своето семејство. Кејт беше придружувана од принцот Вилијам, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, додека најмладиот син, принцот Луис, беше отсутен. Принцезата не ја симна насмевката од лицето, навидум невознемирена од моменталниот топлотен бран, додека принцот Џорџ се разладуваше во Кралската ложа со преносен вентилатор. View this post on Instagram A post shared by Wimbledon (@wimbledon) Принцезата, исто така, го носеше својот „брош Вимблдон“ во препознатливите бои на турнирот. Мноштво познати лица На кралското семејство во престижната ложа му се придружија и мноштво други ѕвезди. Актерката Никол Кидман (59) изгледаше шик облечена во бело одело, придружувана од Дама Ана Винтур. Сиена Милер (44) исто така беше видена во Кралската ложа во убав мини-фустан, додека актерите Бен Стилер и Рами Малек се прегрнаа топло по пристигнувањето. Поп-сензацијата Џенифер Лопез (56) ги пленеше погледите во тесна беж-фустан, која го дополни со елегантна шапка и високи потпетици. View this post on Instagram A post shared by Wimbledon (@wimbledon) Меѓу гламурозните гости беа водителката Тес Дејли (57) со нејзината ќерка Фиби (21), актерките Дејзи Едгар-Џонс (28), Лили Колинс (37) и Мариса Абела, легендарната Твиги (76) и Ники Хилтон (42). Актерот Том Хидлстон (45) избра стилски морнарски костум, Ендру Гарфилд бел костум од Ралф Лорен, а ѕвездата на „Adolescence“ Стивен Греам пристигна со сопругата Хана Волтерс. Извор: Индекс.хр Фото: ИнстаграмТагови: Вимблдон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра„BYD“ подготвува нов луксузен седан „Da Han“, кој ќе им се нуди на клиентите како целосно електричен модел или „plug-in“ хибрид.Станува збор за автомобил кој користи иста платформа како и теренецот „Da Tang (Great Tang)“, и носи импресивни перформанси и многу брзо полнење на батеријата. Електричната верзија добива батерија „Blade“ од втора генерација, која, според производителот, овозможува полнење од 10 до 97 проценти за само девет минути. Моделот ќе има управување на задните тркала, како и активна суспензија. Со должина што е 6,6 сантиметри подолга од стандардниот „Mercedes-Benz S-Class“, „Da Han“ е меѓу најголемите луксузни седани на пазарот. Основната електрична верзија користи еден електричен мотор сместен на задната оска кој развива 496 КС (370 kW), додека помоќната варијанта со погон на сите тркала има вкупна моќност од дури 764 КС (570 kW). „BYD“ сè уште не го објави капацитетот на батеријата на електричната верзија, но наведува дека моделот со погон на задните тркала може да помине до 1.008 километри според кинескиот циклус на мерење „CLTC“. Верзијата со погон на сите тркала има деклариран опсег од 880 километри. Треба да се напомене дека стандардот „CLTC“ дава пооптимистички резултати во споредба со европскиот „WLTP“ циклус. „Plug-in“ хибридот користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 154 КС во комбинација со електричен мотор со 268 КС. Благодарение на „LFP“ батеријата со капацитет од 54 kWh, овој модел може да помине до 470 километри само на електрична енергија според кинеските мерења. Според првичните информации, „BYD Da Han“ треба да има почетна цена од околу 41.000 евра. Извор: Б92Тагови: BYD Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди, член на Комитетот за национална безбедност на парламентот, изјави дека Белата куќа „веќе нема да биде безбедна“ за американскиот претседател Доналд Трамп.Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив. Тој исто така рече дека одмаздата станала „глобално движење“ наместо „ограничен одговор“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook