Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
3ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ХороскопДневен хороскоп за 12. август 2022 година Дневен хороскоп за петок, 12. август 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Кариера Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Здравје и совет Не мора да се брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Кариера Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Здравје и совет Ќе имате пријатни сништа. Вага 24.9.-23.10. Љубов Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Кариера Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Здравје и совет Немојте да си го расипете карактерот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Кариера Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте. Здравје и совет Не знаете до каде може да стигнете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Кариера Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Здравје и совет Ќе бидете фокусирани на други. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Кариера Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Здравје и совет Некои имаат духовни искуства. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Кариера Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Здравје и совет Помирете се со реалноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Кариера Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Здравје и совет Имате право кога ја негувате натуралноста. Овен 21.3-20.4. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Здравје и совет Работете го она што го сакате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Кариера Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Здравје и совет Ви треба кус одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате. Кариера Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Здравје и совет Уривате рекорди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаСДСМ: Милијарда евра дупка во ПИОМ, како што рековме - пари нема!Фондот на ПИОМ веќе не се држи на придонеси. Се држи на буџет.Годишниот трошок за пензии е околу 2,4 милијарди евра. Од вработени влегуваат околу 1,4 милијарди. Дупката е околу една милијарда евра и истата ја полни државата. Во 2023 таа дупка беше околу 510 милиони евра. За три години речиси се удвои. Трансферот од Буџетот кон ПИОМ се искачи кон 60 милијарди денари годишно. Тоа е политиката на оваа криминална власт. Кредит секоја недела. Задолжување на земјата за четири милијарди евра. Само две години им беа потребни да ја задолжат Македонија како никој досега - да земат половина од долгот стар 35 години. На сѐ тоа, Мицкоски купува нов авион. Се купува луксузен мебел. Се плаќа прослава од 5,53 милиони евра. Ние немаме за леб, тој за себе има чоколада. Тоа не е социјална политика. Тоа е систем што пука, а власта го покрива со паролата „трета економија во Европа“. Од другата страна: празни фрижидери и празни паричници. ВМРО-ОКГ повторно рече дека државата е гарант и дека пензиите ќе се исплаќаат на време. Рекоа дека линеарното зголемување било потребно за достоинствен живот. Тоа е половина реченица. Другата половина ја нема. Нема мерки. Нема проекција. Нема извор на пари освен данокот на граѓаните и нови задолжувања. Нема рок до кога ПИОМ ќе престане да го јаде Буџетот. Нема одговор дали мартовското усогласување ќе биде процент, линеарно или импровизација во последен момент. Се споменуваат работни групи за вториот столб. Анализи и решение нема. Покрај ова, најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Луѓе што со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Додека Арамија Мицкоски зборува за иднината, роботи и дата-центри, пензискиот фонд тоне. Струјата се раздава на сервери и се увезува на големо. Водата се крие во договори, вода за пиење нема. Пензиите се оставаат на „ќе најдеме“. Провизијата има име. Планот за ПИОМ го нема. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. СДСМ бара јавен план: колку недостига годинава и наредната, од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без тоа, уверувањето на криминалната група ВМРО е само покритие за власт што пензиите ги користи како слоган, а дупката ја префрла на сметка на граѓаните. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Тие се обврска на државата. Држава што крие план за милијарда евра не гарантира пензии. Гарантира следно задолжување. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамикаПродолжуваат градежните активности во спортската сала на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика, со што чекор по чекор создаваме современ и функционален простор за учениците. Во текот на активностите се работи на обновување на салата, со цел поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето, како и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита. Со инвестицијата од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во Гимназијата и создавање побезбедни и подобри услови за наставата и спортските активности. Работиме на терен, со јасна цел, современи услови за нашите ученици и подобра спортска инфраструктура за Кавадарци.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евраСериозни слабости во јавните набавки во ЕСМ откри Државниот завод за ревизија.Ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра.Пропусти имало уште при планирањето и утврдувањето на потребите.во само една година биле направени 19 измени на планот за набавки. ДЗР констатирал и ограничена конкуренција и постапки со само една понуда. Особено внимание привлекува набавката на гасен мотор вредна околу 2,48 милиони евра. Моторот бил платен, но не бил ставен во функција и подолг период бил складиран.за адитив биле платени околу 2,29 милиони евра, а најголемиот дел останал неискористен. Ревизорите нотирале и проблеми со договорите, техничките спецификации и контролите. Заводот бара поголема транспарентност и поекономично и поефикасно користење на јавните средства.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17