3Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
ХороскопДневен хороскоп за 12. април 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 12. април 2025 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќер бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаЉубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан ИвановиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСекојдневни навики кои откриваат дека блискоста полека исчезнуваЉубовта не исчезнува секогаш после голема расправија, неверство или драматично раскинување. Понекогаш партнерите се оддалечуваат тивко така што и самите не забележуваат кога престануваат да бидат блиски. Еден од првите знаци може да се крие во сосема обичните ситуации или реченици. Кога престануваме да се забележуваме еден со друг? Психологот Џон Готман, познат по своите истражувања за романтичните врски, моментите во кои имаме желба со партнерот да споделиме нешто што ни го привлекло вниманието, ги опишува како мали обиди за поврзување. Она што следува после нив е важно. Ако партнерот застане, нè погледне и покаже интерес за она што го зборуваме, макар и неколку секунди, покажува дека е присутен. Меѓутоа, ако ваквите обиди постојано завршуваат со тишина, со тоа што некој гледа во својот телефон или со рамнодушен одговор, со текот на времето може да се појави чувство на осаменост – дури и кога двајца луѓе живеат под ист покрив. Не станува збор за една пропуштена реченица. Се разбира, никој не може да биде внимателен во секој поединечен момент. Заморот, работата и секојдневните обврски понекогаш ни го одвлекуваат вниманието. Проблемот настанува кога ова игнорирање ќе стане образец на однесување. Едниот партнер се обидува да започне разговор, но другиот не одговара. Следниот пат, обидот е пократок. По некое време, може целосно да исчезне. И така, се случува нешто необично: парот речиси воопшто не се расправа, но истовремено имаат многу малку работи што можат да ги споделат еден со друг. Мала промена што може многу да значи За повторно да се воспостави блискост, не се секогаш потребни скапи излегувања, патувања или грандиозни романтични гестови. Понекогаш е доволно само да го оставите телефонот настрана кога партнерот ќе почне да зборува, да поставите дополнително прашање или да покажете искрен интерес. Исто така, важно е отворено да кажете кога чувствувате потреба за повеќе внимание, наместо да очекувате другата личност сама да погоди како се чувствувате. Зашто љубовта не се покажува само преку големи зборови. Честопати, таа е најјасно видлива во оние мали, секојдневни моменти кога партнерот сака да сподели нешто со нас – а ние одлучуваме навистина да го сослушаме. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНавика што придонесува за намалување на „лошиот“ холестеролЕкспертите истакнуваат дека редовното вежбање може значително да помогне во намалувањето на лошиот холестерол (LDL). Според лекарите, LDL холестеролот често се нарекува „лош“ бидејќи неговото високо ниво во крвта доведува до насобирање во артериите како плаки. Со текот на времето, овие наслаги можат да ги стеснат крвните садови и да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни компликации. При регулирање на холестеролот најчесто се говори за промена на начинот на исхрана, но според лекарите клучна е и друга дневна навика, а тоа е редовното вежбање. Како вежбањето го намалува „лошиот“ холестерол (LDL) За време на вежбањето, мускулите трошат повеќе енергија, а телото постепено станува поефикасно во користење на мастите како извор на енергија. Овие промени можат да влијаат на тоа како телото ги обработува мастите и холестеролот, придонесувајќи за намалување на нивоата на LDL во крвотокот, иако ефектот варира од личност до личност. Редовната физичка активност, исто така, ја подобрува осетливоста на инсулин и контролата на шеќерот во крвта. Бидејќи покачениот шеќер во крвта и инсулинската резистенција се поврзани со нарушувања на метаболизмот на мастите, подобрената осетливост на инсулин може да има корисен ефект и врз преработката на мастите и производството на холестерол во црниот дроб. Вежбањето може да помогне и во намалување на хроничните воспаленија поврзани со развојот на атеросклероза - натрупување на плаки во артериите. Понатаму, физичката активност може да ги зголеми нивоата на HDL, или „добар“ холестерол, што помага во транспортот на вишокот холестерол од крвотокот до црниот дроб, каде што се преработува и излачува. Сепак, едноставното зголемување на нивоата на HDL не гарантира подобри резултати за здравјето на срцето; напротив, редовното движење придонесува за поповолна целокупна рамнотежа на липидите во крвта. Придобивките од вежбањето не се само физички. Луѓето кои почнуваат редовно да вежбаат често усвојуваат здрави навики, како што се подобра исхрана, подобрен сон и поефикасна контрола на реакцијата на стрес. Заедно, овие промени можат дополнително да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на LDL холестерол и намалувањето на кардиоваскуларниот ризик. Колку и каков вид вежбање? За оптимални резултати, експертите препорачуваат комбинација од различни активности, и аеробните вежби – како што се брзо одење, возење велосипед, пливање или трчање, и тренингот за сила се корисни. Се препорачува неделно да практикувате најмалку 150 минути аеробна активност со умерен до висок интензитет, како и два дена тренинг за сила. Доколку имате какви било здравствени проблеми, консултирајте се со лекар пред да започнете нова програма за вежбање. Што друго помага во намалувањето на „лошиот“ холестерол? Покрај редовното вежбање, исхраната со ниска содржина на заситени масти и богата со растителни влакна, овошје, зеленчук - е клучна за намалување на холестеролот. Одржувањето здрава тежина, избегнување на тутунот и никотинските производи, редовната контрола на крвниот притисок и дијабетесот дополнително го намалуваат кардиоваскуларниот ризик. Квалитетот на сонот влијае на метаболизмот на холестеролот, па погрижете се да спиете седум до девет часа ноќе. Доколку промените во животниот стил не се доволни, лекарот може да ви помогне да ги следите вашите резултати и да препорача третман доколку е потребно. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook