ХороскопДневен хороскоп за 12. април 2024 година Дневен хороскоп за петок, 12. април 2024 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноНеверојатна глетка во Кина: Удари на силен ветер создадоа замрзнати бранови на езерото Хулун (ВИДЕО)Со постепеното опаѓање на температурата, езерото Хулун во Внатрешна Монголија, во северна Кина, полека влегува во фаза на замрзнување.Меѓутоа, наместо мирна, рамна површина, се појавува прекрасна сцена. Силни налети на ветер се движат и натрупуваат слоеви мраз, кои се преклопуваат еден со друг и формираат необични „ледени бранови“. Тие се протегаат во неправилни редови на огромна површина, создавајќи впечаток дека замрзнатата вода се претворила во брановидно море, објавува „la Repubblica“. Спектакуларните снимки го покажуваат овој необичен феномен, карактеристичен за северните езера на почетокот на зимата, додека ледените плочи се судираат, се движат и се натрупуваат под влијание на ветерот. Ваквите форми се формираат додека мразот е сè уште тенок и кршлив - ветерот ги поместува скршените плочи, туркајќи ги еден врз друг и натрупувајќи ги, а ниските температури потоа повторно ги поврзуваат во нерамна ледена површина. View this post on Instagram A post shared by La Stampa (@la_stampa) Хулун е петтото најголемо езеро во Кина и најголемото во Внатрешна Монголија. Долго е околу 93 километри, а во текот на зимата е претежно покриено со мраз - од ноември до март.Тагови: бранови езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПочна судењето на Гркинката која уби три бебиња- донесена е во судот под силно обезбедување (ВИДЕО)Судењето на Ирина Мурцук, која се соочува со многу сериозни обвиненија за смртта на три бебиња, како и за обид за убиство, започна пред судот во Патра со силно полициско присуство.Од раните утрински часови, силни полициски сили се распоредени и во и околу судот во Патра. Преземени се зголемени безбедносни мерки за да се обезбеди непречено одвивање на судските постапки и да се спречат какви било инциденти. Присуството на полицијата е особено изразено бидејќи за време на претходните транспорти на 26-годишната до судот во Патра, собраните граѓани гласно протестираа, и при нејзиното пристигнување и при заминување, пишува Прототема. Пред судот, граѓаните дури и истакнаа транспарент посветен на бебињата кои, како што изјавија, неправедно ги загубија своите животи. Обвинетата е во притворската единица во Патра од четврток, 5 ноември, откако беше префрлена од затворот Елеонас во Тива, каде што беше притворена. 🚨 Ξεκινά σήμερα Παρασκευή (6/11) στο Μικτό Ορκωτό Δικαστήριο Πάτρας η πολύκροτη δίκη της 26χρονης Ειρήνης Μουρτζούκου. 🚔 Η κατηγορούμενη μεταφέρθηκε στο δικαστικό μέγαρο υπό δρακόντεια μέτρα ασφαλείας της ΕΛ.ΑΣ., αντιμετωπίζοντας τις βαρύτατες κατηγορίες της ανθρωποκτονίας από πρόθεση κατά συρροή σε ήρεμη ψυχική κατάσταση, καθώς και της απόπειρας ανθρωποκτονίας. 👶 ⚡️ Οι κατηγορίες αφορούν την αφαίρεση της ζωής των δύο δικών της βρεφών, καθώς και ενός ακόμη βρέφους. 📌 Σημειώνεται ότι η υπόθεση του μικρού Παναγιώτη παραμένει σε ξεχωριστή δικαστική διερεύνηση. 🎥 Orange Press Agency #parapolitikagr #ΕιρήνηΜουρτζούκου #Δίκη — Parapolitika (@parapolitika) November 6, 2026 Обвинение Според обвинението, 26-годишната жена е обвинета за повеќекратни обвиненија за убиство со умисла извршено додека била во состојба на мир, како и за обид за убиство. Првиот случај се однесува на инцидент за кој се сомнева дека се случил на Божиќ 2020 година, кога, според обвиненијата, таа се обидела да го одземе животот на својот тогашен партнер. Потоа, во обвинението се наведува смртта на шестмесечно бебе на 4 февруари 2021 година, кое било дете на нејзина пријателка. Две обвиненија поврзани со нејзините деца се особено сериозни. Имено, на 19 јуни 2022 година починала нејзината прва ќерка, на возраст од само 19 дена, додека на 17 октомври 2023 година починала и нејзината втора ќерка, на возраст од два месеци. Στο εδώλιο η Ειρήνη Μουρτζούκου – Δικάζεται στην Πάτρα για τον θάνατο τριών βρεφών https://t.co/4EFemLHVTz https://t.co/pRfftL2c0Z — npress.gr (@Npressgr) November 6, 2026 Се изјасни за виновна Според судските записи, Ирина Мурцук се изјасни за виновна во врска со овие случаи, додека судот треба да ги разгледа извештаите од вештачења, форензичките наоди и изјавите на сведоците, според Newsbeast. Во исто време, кривичната истрага за смртта на малиот Панајотис во Амалијада е сè уште во полн ек како посебен судски случај и не е вклучена во денешното судење. Силни полициски сили беа распоредени за да ја придружуваат обвинетата до и од судницата, како во судницата, така и во околните улици.Тагови: бебиња судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска! Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме! Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас. Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага. Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот. Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела! Скопје се сака со дела! , објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00