ХороскопДневен хороскоп за 11. септември 2022 година Дневен хороскоп за недела, 11. септември 2022 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаВо Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро.Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро, како дел од зголемените безбедносни мерки поради најавените протести и стравот од нови инциденти, објавува LeFigaro.fr. Според одлуката на полициските власти, на сите лица, без разлика дали се возрасни или малолетни лица, им е забрането да бидат на јавни места во областа на Плоштадот на Републиката и квартот Ле Хол во текот на ноќта, од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден. Оваа мерка е на сила од 22 до 25 октомври. Conformément aux instructions du Premier ministre @SebLecornu et du ministre de l’Intérieur @NunezLaurent, le @prefetpolice a pris un arrêté portant couvre-feu, interdisant la présence des majeurs comme des mineurs, dans les périmètres de la Place de la République et du secteur des Halles chaque jour entre 23h et 6h le lendemain, du 22 au 25 octobre. — Préfecture de Police (@prefpolice) October 22, 2026 Одлуката е донесена во време на зголемени тензии во Париз, по насилните судири, грабежите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во последните денови. Француските власти се обидуваат да спречат повторување на немирите и да ги заштитат граѓаните, бизнисите и јавниот имот, додека низ целата земја се очекуваат нови собири. Сè уште не е објавено дали полицискиот час ќе биде продолжен и по понеделник наутро. Надлежните органи продолжуваат да ја следат безбедносната состојба, а можни се дополнителни мерки во зависност од развојот на настаните.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон"Денот го завршуваме со една убава вест" - напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. " Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај. Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час. Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,"- објави Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИздадено е глобално предупредување за сајбер безбедност: Долго време не е видено вакво нештоВеб-страници на владини институции и бизниси ширум светот се онеспособени откако беше објавено критично ажурирање за сајбер безбедноста. Истакнат директор во технолошкиот сектор изјави дека „многу, многу долго време“ нема видено вакво нешто. Вештачката интелигенција (ВИ) откри две критични слабости во програмскиот јазик PHP, објави Скај Њуз. Двете би можеле да им овозможат на злонамерни актери неовластен пристап до веб-страниците и далечинска контрола врз веб-серверот, без потреба од лозинка. Џејмс Саливан, директор за сајбер прашања и технологија во Кралскиот институт за обединети служби (Royal United Services Institute) во Лондон, објасни дека еден од пропустите ја оштетува меморијата на системот, поради што тој повеќе не може да „памети“ одредени податоци. Ова би можело да му овозможи на потенцијален хакер да го искористи системот преку вметнување сопствен код. Другата ранливост доведува до тоа корисничките податоци да останат зачувани во системот наместо да бидат избришани – што значи дека хакерите би можеле да ги преземат или целосно да ги избришат. „Запрепастувачки“ Саливан изјави дека е „запрепастувачки“ фактот што некои од овие пропусти се стари повеќе од една деценија. Од компанијата OpenAI претходно изјавија дека станува збор за „еден од безбедносните проблеми со најголемо влијание во поново време“ и дека вештачката интелигенција ги открила овие ранливости пред тоа да го сторат напаѓачите. Како што веќе наведовме, сериозноста на заканата е оценета со 9,2 од 10. Тоа ја става заканата на критично ниво... Колкав е ризикот за обичните корисници? Бизнисите и организациите се повикани да ја проверат својата изложеност на ризиците поврзани со PHP, но што значи овој инцидент за обичните корисници на веб-страници? Краткиот одговор е: нема потреба премногу да се грижите, вели нашиот технолошки дописник Роуланд Манторп, кој зборуваше во најновата епизода од нашиот подкаст „This Is Why“. Манторп објасни дека главната група што би можела да се обиде да ги искористи овие ранливости се сајбер-криминалците. Сепак, тој нагласи дека „самото посетување на веб-страница што ја има оваа PHP-ранливост не значи дека ќе бидете заразени“. Проблемот што се јавува е ист како и претходно, но во поголеми размери: „Може да посетите некоја веб-страница... Напаѓачите успеале да дојдат до дел од вашите податоци, а потоа ги користат за да ви испратат е-порака и да извршат ’фишинг‘ напад врз вас.“ Ова создава ризици за луѓето кои се ранливи на вакви напади, но општиот совет на Манторп е „едноставно да продолжите со вообичаените мерки за сајбер-безбедност“, како што е користењето двофакторна автентикација.Тагови: сајбер безбедност Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook