ХороскопДневен хороскоп за 11. октомври 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 11. октомври 2025 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот. Кариера Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист. Здравје Вежбајте за да зајакнете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат. Кариера Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало. Здравје Движете се што повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност. Кариера Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа. Здравје Движете се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини. Кариера Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување. Здравје Јадете помалку и патувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство. Кариера Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив. Здравје Не останувајте сами дома, излезете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж. Кариера Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно. Здравје Останете свои. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни. Кариера Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате. Здравје Внимавајте на вируси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде. Кариера Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново. Здравје Верувајте во себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте. Кариера Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија. Здравје Радувајте и се на иднината. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите. Кариера Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат. Здравје Веќе не сакате да ве искористуваат. Лав 23.7-22.8. Љубов Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето. Кариера Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода. Здравје Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја. Кариера Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој. Здравје Слабост и главоболка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter