ХороскопДневен хороскоп за 11. октомври 2023 година Дневен хороскоп за среда, 11. октомври 2023 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов До личноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени. Кариера Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина. Здравје Не се нервирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно. Кариера Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно. Здравје Намален имунитет и енергија. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода. Кариера Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел. Здравје Не играјте отворено . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Кариера На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни. Здравје Вежбајте гимнастика. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите. Кариера На работното емсто ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате. Здравје Останете будни и подготвени за промени. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака. Кариера Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи. Здравје Подобро отворете ги очите. Овен 21.3-20.4. Љубов Пртед вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас. Кариера Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали. Здравје Ниту заморот не ве запира. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат. Кариера Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата. Здравје Можни се илузии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста. Кариера Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично. Здравје Продолжете со новите здрави навики. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока. Кариера Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни. Здравје Дотерајте се. Лав 23.7-22.8. Љубов Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти. Кариера Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност. Здравје Прошетајте се на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки. Кариера Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може. Здравје Ова е ден на вашата сестраност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook