3Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2023 година Дневен хороскоп за сабота, 11. ноември 2023 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно. Здравје и совет Одморете се по напорот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи. Здравје и совет Прво размислете , па донесете одлука. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Кариера Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат. Здравје и совет Нема ниту грижи , ниту пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба. Кариера Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Здравје и совет Слободно сонувајте со отворени очи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели. Кариера Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти. Здравје и совет Се наоѓате во добра форма. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска. Кариера Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Уживајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез. Кариера интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати. Здравје и совет Подобро да не коментирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете. Кариера Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава. Здравје и совет Не се плашете да истражувате. Рак 22.6-22.7. Љубов Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов. Кариера Креативците денеска ќе имаат успех, а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Главоболката попушта. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста. Кариера Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет За некои работи уште не е време. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат. Кариера Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен. Здравје и совет Продолжете со здрав живот. Вага 24.9.-23.10. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси. Кариера Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди . Здравје и совет Мали проблеми со дигестивниот тракт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДесетгодишно дете пукало во маж во црковен двор во Србија- го принудил татко муПолицијата во Уб го уапси Славко О. (44) откако, според сомневањата, го убедил својот десетгодишен син да пука во неговиот деловен партнер (25). Нападот се случил во дворот на црквата во селото во близина на Обреновац, а сè го видел свештеникот кој, според информациите од терен, бил во шок. Тој раскажал како, гледајќи го автомобилот, прво помислил дека еден од верниците доаѓа да запали свеќа. Ранетиот млад човек се опоравува во болница од прострелни рани во рацете, пишува Telegraf.rs. Кавга поради продажба на дрва Се верува дека мотивот за конфронтацијата, која се случила синоќа околу 21 часот, се нерешени финансиски односи од заедничкиот бизнис за сечење и продажба на дрва. За време на расправијата, Славко О. извадил пиштол, му го дал на десетгодишникот и го принудил да пука во 25-годишникот. Страв кај мештаните Еден од соседите што се нашол во близина рекол дека му било невообичаено да види автомобил како влегува во црковниот имот доцна во ноќта. Повеќето од мештаните сè уште не ги знаат сите детали, но меѓу луѓето владее чувство на страв. Соседите на ранетиот млад човек велат дека тој е исклучително вреден и примерен. Осомничени со обемни досиеја Според достапните информации, Славко О. претходно бил пријавуван за нелегално поседување оружје, кражба на шума, насилно однесување и сообраќајни несреќи. „Ова е лице кое со години пополнува полициски досиеја и е добро познато на сите оперативци на терен. Во неговото досие пронајдовме голем број извештаи, од нелегално оружје и кражба на шума до насилно однесување и сообраќајни конфликти. Сепак, дури и најискусните инспектори за овој случај беа зачудени од фактот дека тој го користел сопственото десетгодишно дете како „машина за пукање“ и ставил наполнет пиштол во рацете“, открива извор запознаен со истрагата. Детето е згрижено, таткото е во притвор Со брза интервенција, полицијата го блокираше подрачјето. Десетгодишното дете е безбедно, а пронајденото огнено оружје е испратено на вештачење. Ранетиот 25-годишник е лекуван во болница и е надвор од животна опасност. На осомничениот татко му е одреден притвор до 48 часа, а случајот го презеде Вишото јавно обвинителство. Поради учество на дете во нападот, Центарот за социјална работа беше итно ангажиран за да му пружи правна и психолошка поддршка на момчето.Тагови: дете татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче се препозна во епитетот талог и е против сѐ што носи напредок на Македонија После прес-конференцијата на Венко Филипче сосема е јасно зошто сам се препозна во епитетот талог. Тој и неговата партија се против се што носи надеж и напредок, и против се што обединува, па затоа е и против прославата за 35 години независност на Македонија. Само тој талог умее да подели, просее омраза и да биде против среќата на сопствениот народ. Да потсетиме Венко беше и против покачени пензии, плати, субвенции за земјоделците, нови автопати, нови инвестиции, нови дата-центри. Тој е против се што е напредно. На власт брусеа шахти со македонско сонце, а во опозиција се против се што е македонско. Прославата за независност имаше над дваесетина настани, а финалниот настан на концертот на Дејвид Гета имаше над 50 илјади посетители. Одговорот го доби од народот. Многу е несреќно и жално што главниот репер за култура на Венко Филипче останува концерт на Харис Џиновиќ во Дубаи, додека во Скопје само наводно и формално се бори против влез на некаков српски свет. Од талогот се претера, се наведува во апртиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: 1,4 милијарди евра за странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите и за тоа колку инвестиции влегоа во последниот период, изјави: „Видете, она кое што можам да го кажам е дека, ако се прави анализа, да речеме во последните две години, односно во овие 24-5 месеца откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу милијарда и четиристотини милиони евра, отприлика округло. И сега, секогаш ми велат не се споредувај со претходно, но ние мораме да се споредиме и со претходната Влада, бидејќи ние сме Влада којашто ја победила претходната Влада, понудила нов концепт и е избрана од граѓаните и е таму каде што е, затоа мора да се споредуваме колку и да била лоша таа. Ако ги споредиме овие две години со првите две години тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу, отприлика една милијарда и четиристотини оваа Влада и околу седумстотини и педесет милиони коишто ги имаше претходната Влада. Бројките се јасни, разликата е огромна, без разлика дали тоа ќе го конвертираме како бројка виза-ви глава на жител или вкупна бројка, станува збор за озбилна разлика. Вчера имавме почеток на една огромна инвестиција, половина милијарда долари. Сопственикот на таа инвестиција рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Практично тоа не е прва и последна, продолжува и понатаму, тоа е Ветерниот парк којшто ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов производен погон во „ВИК“, овде во Прилеп, продолжуваме и понатаму. Така што Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори, ќе повторам и меѓународната заедница, односно странски инвеститори, но и домашни инвеститори, се разбира.“, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter