3Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2019 годинаДневен хороскоп за понеделник,11. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои минуваат ниоз искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас. Кариера Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате. Здравје и совет Внимавајте на исхраната. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате. Кариера Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето. Кариера Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции. Здравје и совет Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот. Кариера Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно. Здравје и совет Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Посветеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила. Кариера Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи. Кариера Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава. Здравје и совет Може да ги предлагате своите идеи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи. Кариера Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално. Здравје и совет Издржете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она што ќе го кажете нема да наиде на разбирање. Запрете. Кариера Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно. Здравје и совет Нека ве води вашето знаење. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака. Кариера Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата. Здравје и совет Не правете ништо на своја рака. Лав 23.7-22.8. Љубов Знаете дека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни. Кариера Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро. Здравје и совет Вие сте комплетна личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате. Кариера Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори. Здравје и совет Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами. Кариера Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок. Здравје и совет Продолжете понатаму.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Автомобилизам„Stellantis“ го запира производството во француските фабрики поради недостиг на батерииМултинационалниот автомобилски гигант „Stellantis“ објави дека ќе го прекине производството во три француски фабрики во траење од најмалку една недела, делумно поради недостиг на батерии за електрични возила.Фабриката во Сошо, каде што се произведуваат моделите „Peugeot 3008“ и „Peugeot 5008“, ќе биде затворена од 23 до 30 октомври поради недостиг на батерии со голем досег, се наведува во соопштението на компанијата објавено во вторникот. „Побарувачката за овие модели е многу голема, особено кај корпоративните клиенти, и постојано ги надминува капацитетите за снабдување“, соопштија од компанијата. „Во овие услови, привремено го прилагодуваме распоредот на производство за да го усогласиме со потребите на пазарот и да избегнеме натрупување залихи на возила кои не одговараат на побарувачката на купувачите“, објаснија од „Stellantis“, додавајќи дека станува збор за еднократна мерка. Фабриката во Рен, исто така, ќе биде затворена од 22 до 30 октомври од истата причина, при што ситуацијата делумно влијае врз производството на моделот „Citroën C5 Aircross“. Недостиг на батерии „Stellantis“ ги набавува батериите со голем досег од „Automotive Cells Co.“ (ACC), компанија основана во соработка со „Mercedes“ и „TotalEnergies“. „ACC“ управува со фабрика во Франција, но раководството ги откажа плановите за изградба на фабрики во Италија и Германија поради слабата побарувачка за електрични возила во последните години. Сепак, оваа година интересот на потрошувачите за електрични возила неочекувано порасна, поттикнат од високите цени на горивото по почетокот на војната. „За жал, сè уште не добиваме доволно батерии, и покрај значителниот напредок во производството на ACC“, изјави портпарол на „Stellantis“. Само во септември, „ACC“ произведе речиси исто толку батериски модули колку што произведе во текот на целата претходна година, соопшти компанијата. „Го зголемуваме производството и процесот се одвива добро, во меѓувреме, ги исполнуваме обврските кон нашиот клиент „Stellantis“, при што нивоата на испорака на батерии се усогласени со нивните барања“, изјави портпарол на „ACC“ за Ројтерс. „Stellantis“ објави дека производството во фабриката во Милуз, исто така, ќе биде прекинато од 15 до 30 октомври, додавајќи дека тој прекин не е поврзан со недостигот на батерии. Покрај трите фабрики во Франција, „Stellantis“ претходно веќе најави прекин на производството во траење од две недели во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино кон крајот на октомври, при што раководството наведе дека работниците ќе бидат испратени на неплатено отсуство. Компанијата го запре производството во таа фабрика и во август и во септември, наведувајќи како причина недостиг на компоненти за мотори, иако синдикатите тогаш истакнаа дека побарувачката за моделот „Fiat 500“ – кој се произведува во „Мирафиори“ – била послаба од очекуваното. Извор: Индекс.хрТагови: Stellantis Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка Холивудската ѕвезда, актерот Антонио Бандерас предизвика внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од врската со колешката Мелани Грифит.Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави со својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, на светската премиера на филмот „Up Against It“ – нова драмска комедија во режија на Труди Стајлер. Филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, но токму таткото и ќерката го привлекоа целото внимание. Стела изгледаше елегантно и софистицирано во тесен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко. „Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмот, откако во последните години беше силно ангажиран во театарот и во продукциската работа. Појавувањето во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата Абадија де Ретуерта во Ваљадолид, Шпанија. „Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, тоа е многу долга врска, врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“. Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана. Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано. За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека. Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter