СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
1СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
ХороскопДневен хороскоп за 11. март 2025 годинаДневен хороскоп за вторник, 11. март 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако не сте задоволни од ссотојбата , денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост. Кариера Ќе ве збунива лицемерноста на надредените , зашто едно ќе зборуваат а друго ќе прават. Не дигајте тензија , туку набљудувајте. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби меѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис. Кариера Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажат одбивност. Здравје и совет Штедете си ја силата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став. Кариера Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Добро би ви дошло малку повеќе да спиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг. Кариера Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни , кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи. Здравје и совет Никој не сака да слуша поплаки. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така , но бидете сигурни дека ќе помине наскоро. Кариера Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија. Здравје и совет Попладнево опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста , од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот. Кариера Иако другите ве сакаат и поддржуваат , денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете.Не е така. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата потреба за нежност ќе биде голема , а надворешната состојба ќе биде скромна.Затоа може да сонувате со отворени очи , да чекате подобри денови или да копнеете. Кариера Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега. Здравје и совет Погледнете добар филм. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се на прагот на тајна врска , денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисол. Кариера Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност. Здравје и совет Бидете смирени. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои и натаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска , но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат. Кариера Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место , зашто денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно. Здравје и совет Чувствителност на желудникот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Иако изгледа како добро да ви е во љубовта , од внатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето. Кариера Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност , па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени. Кариера Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи , доколку не се неопходни. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно ќе мора да го поделите работното време.Еден дел ќе одвоите за својот партнер , а другиот за пријателите. Кариера Младата личност со која соработувате , денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе морате подобро да ги тренирате младите. Здравје и совет Ќе издржите се што ви претстои.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13Среде оргомниот скандал со Алта банка, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13.Во Србија истрага за Алта банка, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски. Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари. На Мицкоски му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус. ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски. Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон. На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаВо Брисел се одржува самит за проширување на Европската унија 2026 Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ.Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ организиран од бриселскиот медиум Евроњуз. Претседателката оцени дека блокадата на земјава не е поврзана со како што рече, реалноста, туку со недостаток на политичка волја кај соседот, но и кај ЕУ. -Сите од политичарите кои доаѓаат кај нас, велат дека е потребна политичка волја, но што е со политичката волја од ЕУ? Можеме да ги надминеме рационалните проблеми, но ирационалните проблеми? Kако можам да зборувам за мојот идентитет, за мојот јазик? Извинете, не можам... // Ако форматот на дијалогот е слушај и прави, јас сум член, а ти не си, јас имам право на вето, а ти немаш, тогаш има проблем,- -Гордана Сиљановска Давкова, Претседателка на Македонија . Силна поддшка за македонските евроинтеграции изрази хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во своето обраќање на Самитот. Прашан дали Хрватска би можела да стави вето на членството на Црна Гора поради отворените билатерални прашања, Пленковиќ одговори дека двете соседни земји се пријатели, за разлика од други земји во регионот. -Ние сме пријатели, не се однесуваме како другите земји-членки кои им попречија на некои други земји од Југоисточна Европа дури и да започнат преговори. Имаме примери во истата група земји кои дури и не ги започнале преговорите. // Да сакавме да бидеме пречка за приклучувањето на Црна Гора, тогаш нашата политика ќе беше многу поинаква. Всушност, бевме многу пријателски настроени и конструктивни,- -Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Овој месец во Брисел ќе се одвива во духот на проширувањето – утре ќе бидат објавени редовните извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите кандидатки, а четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија ќе добијат и конкретни патокази. На 15 ноември е закажан и официјалниот ЕУ Самит за проширување каде ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, додека на 25ти, исто така во Брисел, ќе се одвива Самитот ЕУ – Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиштеДНК и финансиското вештачење на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и денеска не стигнаа во судница. Неговата одбрана тврди дека финансиското вештачење кое наскоро треба да се подготви, ќе покаже дека неговите родители е сосема можно да заработиле 975 илјади евра а со тоа да ги поседуваат и 350те илјади евра кои при претресот биле пронајдени заѕидани во семејниот дом во Неготино. Адвокатот Звонко Давидовиќ презентираше правно мислење на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со кое ја оспорува правната квалификација на обвинението, според кое, Ѓоко Ристов не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело кое му се става на товар. -Правното мислење е по однос на правната квалификација онака како и што почна предметот, па некако се подазборави во текот на постапката каде што одбраната тврди и се уште тврди, дека судија не може да биде обвинет опфатен со законско битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, јавно претпртијатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат Обвинителката Искра Хаџи Василева пак смета дека правното мислење нема доказна тежина и дека судот треба да одлучува врз основа на фактите и доказите изведени во постапката. Таа посочи дека со овие мислења се критикува постојната одредба од Кривичниот законик, која, како што рече, била усвоена во рамки на усогласувањето на македонското законодавство со меѓународните конвенции за борба против корупцијата. -Модерно, ќе си дозволам, стана да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се воопшто користат овој тип на докази кои во суштина и не се докази. И не можат да бидат докази. – Искра Хџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК На изјавата на обвинителката Хаџи Василева реагираше професорот Калајџиев кој во објава на социјалните мрежи напиша: -Тешки зборови употребила обвинителката за некој што иʼ бил учител и творец на законот по кој што работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене. Следно рочиште за случајот е закажано за 20 ноември. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook