3Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
ХороскопДневен хороскоп за 11. март 2020 годинаДневен хороскоп за среда, 11. март 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие. Кариера Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите. Кариера Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат. Здравје и совет Не зборувајте , доколку нема причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака. Кариера Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат. Здравје и совет Внимавајте на нервози и фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат. Кариера На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува. Здравје и совет Формата ви е одлична. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања. Кариера За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи. Здравје и совет Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Полесно ќе воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства. Кариера Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи. Здравје и совет Немојте толку да се сомневате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост. Кариера Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат. Здравје и совет Сега знаете што сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко. Кариера Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат. Здравје и совет Проширете ги контактите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи. Кариера Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни. Здравје и совет Немојте да зборувате премногу. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета. Кариера Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати. Здравје и совет Вежбајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано. Кариера Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено. Здравје и совет Понастрана од снобови. Водолија 21.1.-19.2. Љубов За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка. Кариера Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди. Здравје и совет Немате грижи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
СветРубио: „Куба ќе ја научи лекцијата на потешкиот начин“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави се надеваат оти Куба ќе избере „поинаков пат“.Тој предупреди дека оние што веруваат оти можат да го видат крајот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, „ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин“ доколку не го сменат правецот. „Се надеваме дека Куба ќе избере поинаков пат и дека некои од луѓето што ја контролираат кубанската влада ќе ги отворат очите за реалноста со која се соочуваат“, изјави Рубио за „Фокс њуз“. Администрацијата на Трамп претходно изјави дека нејзината цел е „да ја промени комунистичката влада на Куба“. „За жал, меѓу луѓето што продолжуваат да извикуваат револуционерни пароли, премногумина сè уште веруваат дека можат да го дочекаат крајот на оваа администрација без притоа да направат какви било промени или да преземат некаква акција. Тие грешат и ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин доколку не се поправат“, изјави Рубио. Претходно оваа година, САД воведоа ембарго на нафтата кон Хавана, вршејќи дополнителен притисок врз Куба, која се соочува со недостиг на гориво и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, во саботата пред Генералното собрание на ОН изјави дека Куба секогаш ќе биде отворена за дијалог со Вашингтон. За време на викендот, Трамп изјави дека очекува САД и Куба да постигнат договор и оти не смета дека ќе биде потребна воена интервенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две деценииАмериканските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна. Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава. Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“. Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЖивотMG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на СкопјеНа отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје. На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective. Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата. MG Collective × Bratot Apparel Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура. MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор. Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите. Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат. Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coмТагови: Bratot Apparel Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook