Дневен хороскоп за 11. мај 2022 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 11. мај 2022 година

Дневен хороскоп за среда, 11. мај 2022 година. 

Дневен хороскоп за 11. мај 2022 година

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Од идеја до реализација има долг пат , а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е.

Кариера

Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот.

Здравје и совет

Издвојте го важното од купот небитни работи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вас како ништо да не може да ве запре во забавите . Сепак , дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството.

Кариера

Работата денеска ќе се одвиува вообичаено , а вам ќе ви биде помалку здодевно.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност.

Кариера

Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив.

Здравје и совет

Ви треба повеќе сон.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите.

Кариера

Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем.

Здравје и совет

Немојте да се опијаните.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден.

Кариера

Ќе има многу приказни и озборувања , а вие бидете паметни и не им придавајте на значење.Имате многу работа.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава.Односите и натаму ќе бидат површни.

Кариера

Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата.

Здравје и совет

Бидете јасни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце , но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас.

Кариера

Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа . Ќе има причина за насмевки.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекуцања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста.

Кариера

Денеска ќе работите без никаков притисок , опуштено и со желба.Работите ќе се нижат самите од себе.

Здравје и совет

Следете го ритамот на денот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа.

Кариера

За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо , поефикасно и попрецизно.

Здравје и совет

Наспијте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашиот личен живот се развива добро , а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување.

Кариера

Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем.

Здравје и совет

Вие сте во експанзија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Одлично ќе се снаоѓате во личните односи , зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите.

Кариера

Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска.

Здравје и совет

Разгледајте ги внимателно сите опции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јирген Клоп со необичен список на фудбалери за претстојните натпревари на Германија

Селекторот на германската репрезентација, Јирген Клоп, објави необичен список за претстојните натпревари на „Панцерите“.

Јирген Клоп со необичен список на фудбалери за  претстојните натпревари на Германија

Новиот селектор на четирикратниот светски шампион објави два паралелни списоци со вкупно 44 играчи пред натпреварите во септември и октомври.

Клоп очигледно сака да види со каков кадар располага и да им даде шанса на сите, а Лигата на нации е вистинското натпреварување за тоа.

Оваа репрезентативна пауза ќе биде невообичаено долга, а распоредот ќе биде згуснат со четири натпревари.

Клоп нагласи дека не постои „тим А или тим Б“ и дека постои план дел од играчите од првиот тим да останат и да се приклучат кон втората „група“ натпревари.

Германија најпрво гостува во Амстердам на 24 септември, а потоа ја пречекува Грција во Аугсбург на 27-ми.

Следува натпреварот против Србија во Минхен на 1 октомври, а три дена подоцна и дуелот со Грција во Солун.

Список на повикани фудбалери за дуелите против Србија и Грција:

Голмани: Ноа Атуболу (Ајнтрахт Франкфурт), Фин Дамен (Аугсбург), Јонас Урбиг (Баерн Минхен)

Одбрана: Валдемар Антон (Борусија Дортмунд), Ридл Баку (Лајпциг), Фин Јелч (Штутгарт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (Лајпциг), Малик Тшао (Њукасл).

Среден ред: Карим Адејеми (Барселона), Мика Баур (Селтик), Том Бишоф (Баерн Минхен), Саид Ел Мала (Келн), Брајан Груда (Лајпциг), Витали Јанелт (Брентфорд), Феликс Кајдел (Елверсберг), Александар Павловиќ (Баерн Минхен), Флориан (Ливерт)

Напад: Џонатан Буркарт (Ајнтрахт Франкфурт), Ник Волтемад (Јувентус)

Тимот на Германија за мечевите со Холандија и Грција.

Голмани: Фин Дејмен (Аугсбург), Александар Нибел (Бешикташ), Марк Андре тер Штеген (Ајакс)

Одбрана: Хенес Беренс (Аугсбург), Јан Аурел Бисек (Интер), Натаниел Браун (Баерн Минхен), Макс Розенфелдер (Фрајбург), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд), Џонатан Та (Баерн Минхен), Филип Треу (Фрајбург), Јоша Вагногарт (Сту).

Среден ред: Надием Амири (Мајнц), Бамбасе Конте (Хофенхајм), Јаник Енгелхарт (Фрајбург), Крис Фирих (Штутгарт), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Ленарт Карл (Баерн Минхен), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Феликс Нмеч (Б.Дортмунд), Кевин Шајд (Брентфорд), Антон Стах (Лидс).

Напад: Јунес Ебнуталиб (Ајнтрахт Франкфурт), Каи Хаверц (Арсенал).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научниците набљудувале 18 луѓе кои доброволно живееле како животни – откритието ги изненадило!

18-те волонтери учествувале во проект во текот на шест месеци. Секој од нив избрал еден од петте видови животни: црвен елен, видра, дождовен црв, ветрушка или атлантски лосос.

Научниците набљудувале 18 луѓе кои доброволно живееле како животни – откритието ги изненадило!

Пред да влезат во природната средина, тие добиле детални информации за избраното животно, со посебен акцент на начинот на кој тоа го чувствува и го доживува светот. Потоа, по неколку часа, поминувале време околу реката Тоун, во близина на Таунтон, обидувајќи се да ја искусат околината од перспективата на избраното животно.

Од волонтерите кои учествувале во проектот „Ривер Тоун“ се очекува да продолжат да го применуваат овој пристап и да ги користат собраните информации за справување со ризиците што ги идентификувале.

Организаторите на проектот планираат да ја применат истата методологија и со други заедници, како и во различни средини. Универзитетот UWE Бристол соопшти дека истражувањето покажало оти овој пристап функционира добро, а резултатите треба да бидат доставени за објавување во научно списание подоцна во 2026 година.

Истражувачите, исто така, ќе го презентираат своето истражување на „Digital Design Weekend“, кој во септември ќе се одржи во музејот „V&A South Kensington“. Проектот заеднички го предводеле UWE Бристол и ASRA.

Кои закани ги идентификувале волонтерите?

Учесниците идентификувале неколку ризици кои би можеле да влијаат врз дивиот свет околу реката. Една од причините за загриженост биле кучињата кои се шетаат во областа. Волонтерите го посочиле и потенцијалното влијание на кучињата кои влегуваат во реката по третман против болви.

Бучавата од возовите била уште еден ризик идентификуван за време на проектот. Учесниците кои се обидувале да го согледаат светот од перспектива на видрите забележале дека преминувањето улици може да претставува сериозна пречка.

Кај ветрушките, волонтерите забележале недостиг од висока трева и тревни површини каде што птиците би можеле да ловат плен. Проектот, исто така, истражувал како условите кои за луѓето изгледаат сосема обично можат да бидат доживеани на сосема поинаков начин од животните.

Зошто истражувачите ги замолиле волонтерите да го искусат животот како диви животни?

Целта на проектот била да им помогне на луѓето да ги препознаат ризиците кои инаку би можеле да останат незабележани доколку дивиот свет се набљудува исклучиво од човечка перспектива.

Мигел Прадо Касановa, раководител на проектот од UWE Бристол, изјавил дека вежбата ги преиспитала претпоставките за тоа како луѓето ја доживуваат својата околина.

Тој истакнал дека луѓето не можат целосно да го репродуцираат начинот на кој едно животно го мириса или го гледа своето опкружување. Сепак, учесниците успеале поинаку да му пристапат на пејзажот, земајќи ги предвид сетилните способности на избраниот вид.

Некои од искуствата биле емотивно тешки. Еден учесник кој ја презел перспективата на атлантскиот лосос станал емотивен додека го споделувал своето сведоштво.

Истражувачите посочиле дека човечките активности, како силната бучава од музички фестивали или кремите за сончање во вода, можат незабележливо да влијаат врз животните и екосистемите.

Според Мигел Прадо Касанова, земањето предвид на сетилата на животните може да помогне луѓето да носат поинакви одлуки. Волонтерите во близина на реката Тоун ќе продолжат да ја применуваат методологијата, а нивните искуства помогнале да се идентификуваат ризици поврзани со храната, засолништето и безбедноста.

Извор: Times of India

Фото: AI Generated/ChatGPT

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителите

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно решение за производителите на јаболко, кои се соочуваат со исклучително тешка состојба на терен.

ЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителите

Во овој момент на производителите им се нуди откупна цена од само 4 денари за килограм индустриско јаболко, плус 2 денари субвенција. Тоа е далеку под производствената цена, која е околу 10 денари за килограм.

Во услови на суша, зголемени трошоци за гориво, пестициди и останати репроматеријали, ваквата цена не ја обезбедува ниту минималната економска одржливост на производството.

Затоа ЛДП бара откупната цена на индустриското јаболко да биде најмалку 12 денари за килограм. Ова не е само прашање на моменталниот приход на производителите, туку и прашање дали во иднина ќе има интерес за одгледување јаболка, особено во Ресен и околните населени места.

Земјоделецот не може постојано да испорачува под производната цена. Ако државата сака да го задржи земјоделското производство, ќе мора да обезбеди предвидливи и одржливи услови за производителите.

Во следниот период ЛДП ќе предложи и законско решение за организиран откуп на стратешки земјоделски култури во Македонија, особено на производи кои имаат потенцијал за извоз и создавање девизен прилив, меѓу кои тутунот, грозјето, оризот, пиперката и јаболкото.

ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и преку обезбедување на бесплатна правна помош.

Крајно време е земјоделците да бидат третирани како рамноправни партнери во економијата, а не како последни алки на синџирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер