Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
1Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател
2Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
ХороскопДневен хороскоп за 11. јуни 2019 година Дневен хороскоп за вторник, 11. јуни 2019 година.Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе ви се наметнат ситуации за да поработите на нов начин на изразување и однесување кон личности од спротивниот пол . Кариера Одличен ден за деловни патувања, состаноци или преговори. Работите ќе ви одат од рака. Здравје и совет Полни сте со елан. Рак 22.6-22.7. Љубов Леснотијата со која ќе ги изразувате чувствата , ќе ве зачуди Се ќе покажувате и повеќе од јасно. Кариера Вработените во самостојни професии денеска ќе решаваат како да ја продолжат кариерата. Здравје и совет Движете се и уживајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е денеска да се решите за мали промени на некои заеднички навики , со кои ќе ги освежите меѓусебните односи Кариера Нема да заборавите ниту еден детал. Ќе се потрудите да ја разубавите работната средина. Здравје и совет Здрави сте и се грижите за здравјето. Девица 23.8.-23.9. Љубов Оние кои имаат врска на далечина , денеска ќе решаваат за иднината. Ќе бидете конструктивни. Кариера Ќе утврдите дека ви е важна една соработка со странци повеќе отколку што сте мислеле. Здравје и совет Стабилно. Вага 24.9.-23.10. Љубов Веројатно ќе ја анализирате вашата врска и ќе најдете мотив работите да тргнат во нова насока. Кариера Истражете ги новите деловни миожности преку преговори. Не треба сеуште да дефинирате , но може да се информирате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно подлабоко ќе се замислите и ќе го преиспитате вашиот статус во врската. Обидете се да бидете што пообјективни. Кариера Работи поврзани со естетика или со изразување на емоции денеска ќе ви бидат во прв план. Здравје и совет Можна е главоболка. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно најдобро ќе се чувствувате заштитени во својот дом. Денеска нема да ве интересираат излегувања. Кариера Нема да ви се работи , зашто ќе ви недостига енергија и мотивација. Сепак, она што морате , одработете го професионално. Здравје и совет Не претерувајте со колачи и благо. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас , па дури и ако сте во врска. Ќе се засили копнежот и спомените. Кариера Во текот на денот најверојатно ќе ви стане јасно во кој правец ја развивате кариерата. Здравје и совет Ве чека подобро утре. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние Водолии кои се во тајна љубовна врска, денеска ќе се најдат пред промена на статусот. Кариера Би можеле да препознаете нешто што не го гледаат другите и да делувате во таа насока. Некој можеби нема да ве разбере. Здравје и совет Некои бараат нова терапија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате отворен дух и може да лесно да освојувате . Оние кои имаат партнер , се подготвени се да споделат со него Кариера Студентите решаваат битни прашања, Учениците постигнуваат резултати, стипендистите носат одлуки за стипендии. Здравје и совет Следете ги своите идеи Овен 21.3-20.4. Љубов Не се откажувајте од заведување и страст , па дури и ако партнерот ви е повеќе од верен. Тоа едноставно е ваш стил. Кариера Ќе почувствувате голема поддршка од вашите колеги . Тоа обврзува и ја провоцира вашата одговорност на работа. Здравје и совет Победувате во битка. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе решаваат како да ја зацврстат врската. Она што го замислиле доследно ќе го спроведат на дело. Кариера Средствата што ви стојат на располагање или што сте ги заработиле, денеска ќе сакате да ги потрошите на нешто убаво Здравје и совет Знаете што сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНиска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите. Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка. -Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски. Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг. -Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов. Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканУдовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банкаСлучајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката. Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем. -Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија. И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон. Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија. Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДиего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал Шпанскиот фудбалски гигант, Атлетико Мадрид го совлада Леванте со 2:0 во 11 коло од Ла Лига и привремено го презеде врвот на табелата, но натпреварот беше одбележан со историско достигнување на предводникот на популарните „јорганџии“ Диего Симеоне.Аргентинскиот стручњак ја оствари својата 344-та лигашка победа на клупата на „јорганџиите“, со што се израмни со легендарниот Луис Арагонес на врвот на вечната листа на најуспешни тренери во историјата на шпанското првенство. Атлетико триумфираше на гостински терен со головите на Алехандро Грималдо во 28-мата минута и Џулијано Симеоне во 62-рата минута. Податокот дека Симеоне стигнал до 344 победи на само 565 натпревари звучи особено импресивно, додека на Арагонес му биле потребни дури 756 натпревари за истиот учинок.Тагови: Атлетико Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter