Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
1Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
ХороскопДневен хороскоп за 11. јануари 2020 годинаДневен хороскоп за сабота, 11. јануари 2020 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство. Кариера Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи. Здравје Почнете да спортувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни. Кариера Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби. Здравје Мала главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение. Кариера Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте. Здравје Имајте малку повеќе верба. Овен 21.3-20.4. Љубов Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија. Кариера Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете. Здравје Одете чекор по чекор. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата. Кариера Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен. Здравје Средете го ритамот на работата и одморот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат. Кариера Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки. Здравје Уживајте во секој момент. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни. Кариера Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење. Здравје Премногу се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо. Кариера Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно. Здравје Поработете на вашето трпение. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас. Кариера Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите. Здравје Бидете искрени кон сите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници. Кариера Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате. Здравје Радувајте се на она што е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас. Здравје Не се сомневајте ,туку работете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна. Кариера Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти. Здравје Се е во ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаМанасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат. Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки. Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува. СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат. Едниот криминалец со тапија, а другиот без. Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијатаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода. - Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоОд утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дождПод влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2. Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter