Дневен хороскоп за 11. февруари 2026 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 11. февруари 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 11. февруари 2026 година. 

Дневен хороскоп за 11. февруари 2026 година

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа.

Кариера

За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо , поефикасно и попрецизно.

Здравје и совет

Наспијте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашиот личен живот се развива добро , а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување.

Кариера

Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем.

Здравје и совет

Вие сте во експанзија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Одлично ќе се снаоѓате во личните односи , зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите.

Кариера

Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска.

Здравје и совет

Разгледајте ги внимателно сите опции.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Од идеја до реализација има долг пат , а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е.

Кариера

Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот.

Здравје и совет

Издвојте го важното од купот небитни работи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вас како ништо да не може да ве запре во забавите . Сепак , дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството.

Кариера

Работата денеска ќе се одвиува вообичаено , а вам ќе ви биде помалку здодевно.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност.

Кариера

Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив.

Здравје и совет

Ви треба повеќе сон.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите.

Кариера

Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем.

Здравје и совет

Немојте да се опијаните.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден.

Кариера

Ќе има многу приказни и озборувања , а вие бидете паметни и не им придавајте на значење.Имате многу работа.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава.Односите и натаму ќе бидат површни.

Кариера

Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата.

Здравје и совет

Бидете јасни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце , но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас.

Кариера

Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа . Ќе има причина за насмевки.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекуцања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста.

Кариера

Денеска ќе работите без никаков притисок , опуштено и со желба.Работите ќе се нижат самите од себе.

Здравје и совет

Следете го ритамот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Торнадо ја погоди западна Сицилија: Двајца повредени, превртени автомобили, оштетени згради...

Ретко торнадо денес го погоди западниот брег на Сицилија, оставајќи зад себе оштетени згради и превртени возила во Марсала и околните области.

Торнадо ја погоди западна Сицилија: Двајца повредени, превртени автомобили, оштетени згради...

Две лица се сериозно повредени откако торнадото го зафатило нивниот автомобил во близина на Петрозино и го исфрлило од патот. Италијанските медиуми известуваат дека невремето започнало како двоен вртлог над морето во близина на пристаништето во Марсала, пред да се придвижи кон внатрешноста на копното.

Торнадото предизвика значителна штета во градовите Марсала, Петрозино и Мазара дел Вало. Во населбата Теренове во Марсала, училиштето „Алчиде Де Гаспери“ претрпе големи оштетувања, локалните медиуми објавија снимки на кои се гледаат скршени прозорци и делумно урнат таван.

На други локации во градот беа превртени автомобили и камиони, а на земјата лежеа паднати електрични водови. Уништена е и една куќа. Екипите за итни интервенции се на терен и работат на санирање на штетите.

Салваторе Кочина, шеф на Агенцијата за цивилна заштита на Сицилија, изјави за Ројтерс дека настанот бил невообичаено жесток. „Беше речиси како американско торнадо, никој не памети нешто со таков интензитет“, рече Кочина.

Тој објасни дека Цивилната заштита уште во септември предупредила на можноста за екстремни временски услови оваа есен, наведувајќи ја како причина топлината акумулирана во морето по исклучително жешкото лето. „Ова уште еднаш го истакнува проблемот со екстремните временски настани, кои станаа карактеристика на последните години поради климатската криза“, додаде Кочина.

Претседателот на регионот Сицилија, Ренато Шифани, најави издвојување на посебни средства за итни случаи. Предупредувањето за лоши временски услови останува на сила за Сицилија и за утре, бидејќи дождот и невремето продолжуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чувствувате мачнина во електричен автомобил? Ова може да биде причината

Експертите објаснуваат зошто електричните автомобили можат да предизвикаат мачнина при возење.

Чувствувате мачнина во електричен автомобил? Ова може да биде причината

Електричните автомобили можат да предизвикаат поизразена мачнина кај некои патници во споредба со моделите на бензин и дизел. Како можни причини, експертите ги наведуваат регенеративното сопирање и отсуството на звук и вибрации кои вообичаено го придружуваат забрзувањето.

Мачнината при возење се јавува кога мозокот добива спротивставени информации од очите, внатрешното уво и другите системи што го детектираат движењето. Кај електричните автомобили, овој проблем може да биде поизразен за некои луѓе бидејќи овие возила се многу тивки и забавуваат на поинаков начин.

Една можна причина е регенеративното сопирање. Кога возачот ќе ја тргне ногата од педалата за гас, електромоторот делува како генератор, создавајќи отпор што го забавува возилото, а истовремено враќа дел од енергијата во батеријата.

Ако педалата се отпушти нагло, забавувањето може да биде прилично остро, што потенцијално предизвикува непријатност и мачнина кај патниците.

Експертите исто така истакнуваат дека луѓето се навикнати да ги поврзуваат бучавата од моторот и вибрациите со забрзувањето и забавувањето. Бидејќи овие сигнали практично отсуствуваат кај електричните автомобили, на мозокот понекогаш му е тешко да ги предвиди промените во движењето, пренесува „Revija HAK“.

Сепак, важно е да се нагласи дека доказите сè уште не се конечни. Истражувањата за врската помеѓу електричните автомобили и мачнината при возење се моментално ограничени, па експертите советуваат да не се извлекуваат дефинитивни заклучоци.

Како можете да ја намалите мачнината при возење?

На патниците им се советува да гледаат низ предното ветробранско стакло наместо во телефон или книга. Доколку е можно, подобро е да се седи на предното совозачко седиште, ако седите позади, средното седиште е најдобриот избор за да можете да гледате напред.

Потпирањето на главата на потпирачот, благото навалување на седиштето и контролирањето на дишењето исто така помагаат. Отворањето на прозорецот за да влезе свеж воздух исто така може да ги ублажи симптомите.

Пред долго патување се препорачува доволно спиење, хидратација и лесен оброк. Лековите против мачнина можат да помогнат, иако вреди да се напомене дека некои видови предизвикуваат поспаност.

Добрата вест е дека телото може да се прилагоди со текот на времето. За некои патници, честото возење во електричен автомобил може да ја намали подложноста на мачнина.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголема шпионска афера во Германија: Поранешен шеф му откривал тајни на кинески генерал

Аугуст Хенинг, поранешниот шеф на германската разузнавачка служба БНД, е осомничен дека му дал доверливи информации на кинескиот генерал, пишува британски Телеграф.

Најголема шпионска афера во Германија: Поранешен шеф му откривал тајни на кинески генерал

Аугуст Хенинг (80) беше уапсен во вторникот откако беше обвинет за предавање строго доверливи информации на странска разузнавачка служба, во скандал што може да стане најголема афера со шпионажа во Германија од крајот на Втората светска војна.

Поранешниот висок функционер, кој беше на чело на Федералната разузнавачка служба (БНД) од 1998 до 2005 година, е обвинет и дека останал во „близок контакт“ со поранешниот кинески генерал.

Според наводите, Хенинг му предавал доверливи „политички информации“ во текот на неколку години, кои делумно биле изведени од документите на БНД.

Германското федерално обвинителство соопшти дека Хенинг со години одржувал контакт со „претставник на друга странска разузнавачка служба“. Германскиот неделник Шпигел откри дека станува збор за Ванг Женџенг.

Ванг работи во Кинескиот институт за меѓународни стратешки студии, организација поврзана со војската. Во текот на 23 години бил воен дипломат во Германија, Австрија и Швајцарија.

Прво служел во Источен Берлин од 1987 до 1990 година, а по обединувањето на Германија се враќал уште два пати. Последен пат во таа земја престојуваше од 2009 до 2013 година.

Аугуст Хенинг беше на чело на БНД шест години, до ноември 2005 година.

Хенинг и Ванг, кој се смета за еден од водечките кинески експерти за Германија, се чини дека се сретнале на конференции. Во предговорот на книгата објавена во 2007 година, Ванг му се заблагодари за неговите „совети и објаснувања“.

Двајцата беа и членови на советодавниот одбор на германско-кинескиот еколошки парк во градот Кингдао, пристаниште во источна Кина.

Истражителите веруваат дека години по завршувањето на неговата кариера во државната служба, Хенинг добил доверливи информации од БНД, кои потоа им ги пренесувал на други додека работел како комерцијален консултант.

Се сомнева дека информациите ги добил од Манфред Данкесрајтер, неговиот поранешен шеф на кабинет.

Данкесрајтер е осомничен дека предал околу 2.000 документи во замена за пари. Меѓу нив наводно имало и доверливи извештаи наменети за раководството на БНД, подготвени за неделни разузнавачки брифинзи со германскиот канцелар.

Овие тајни состаноци разговараат за важни меѓународни прашања, вклучително и војната во Украина и иранската нуклеарна програма.

Германски Шпигел наведува и дека истражителите се сомневаат дека Хенинг и давал информации на разузнавачката служба на Азербејџан.

Во 2011 година, Хенинг беше на списокот на учесници на форумот за човекови права во Баку, а подоцна стана член на одборот на директори на Германско-азербејџанскиот форум, лоби организација.

Адвокатот на Хенинг ги негираше обвинувањата. Тој изјави за Шпигел дека неговиот клиент поседува доверливи документи, но дека не е точно дека пренесува „информации на штета на Сојузна Република Германија“, а особено не во замена за пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер