Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 11. август 2023 годинаДневен хороскоп за петок, 11. август 2023 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Борбениот дух не ве напушта и подготвени сте да урнете некои пречки за да стигнете до нечие срце. Кариера Некогаш ви е тешко , а и самите не знаете зошто.Потпрете се на интуицијата за да дојдете до одговорот. Здравје и совет Играте на сигурно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашите заслуги во запознавање на саканата личност се поголми отколку оние на другата страна. Затоа ќе го диктирате темпото. Кариера Ќе помислите како сега работата ви оди полесно и колку тоа е добро. Уживајте во опуштеноста. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве водат чувствата и интуицијата.Нема да згрешите.Ќе знаете на време што треба да правите. Кариера Продолжува конструктивниот период во кој воспоставувате се подобри контакти и ја зацврстувате деловната соработка. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете распнати меѓу желбата да излезете на весело и бучно место и потребата да уживате во тишината и интимноста на домот. Кариера Во се што ќе работите ќе има момент на таинственост, дискреција или фина креативност.Тоа ќе ви биде важно. Здравје и совет Применете ги теориите во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува благо подобрување во вашиот приватен живот, а најмногу ќе ве израдува засилувањето на довербата. Кариера Вработените во мали приватни фирми ќе најдат начин како да работат поквалитетно и ќе ја подобрат соработката со партнерите. Здравје и совет Прошетајте на воздух и разбистрете ги мислите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се обидете послободно да ги изразувате вашите чувства, но тоа не е гаранција дека другата страна ќе ве разбере. Кариера Пред вас е интересен деловен ден м во кој ќе мислите дека може да направите се што ќе посакате. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Потребата за доминација во односот ќе биде силна, но ќе знаете на време да ја спуштите топката. Тоа ќе биде паметно. Кариера Понекогаш мислите дека сте тркачки коњ , па од време на време ќе се обидете да ги занемарите помалку важните работи. Здравје и совет Се задоволувате само со најдоброто. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ѕвездите ќе ве водат кон љубов , среќа и мир. Многумина ќе увидат дека токму тоа им е потребно. Кариера Вашиот труд дава резултаи , што нема да ве спречи секој слободен момент денеска да го поминете во безделничење. Здравје и совет Продолжете така. Овен 21.3-20.4. Љубов Со помош на фантазија ќе успеете да воспоставите каков- таков однос со партнерот.Не е совршено , но засега не е ни лошо. Кариера Не барајте игла во сено.Добро е вака како што е .Кога би се барала ваша грешка , би се нашло доста. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во право се оние кои велат дека сте убави и привлечни.Тоа е резултат на здравиот живот и птошетките на свеж воздух. Кариера Ако имате чувство дека некој на работа постојано ве анализира, ќе му простите и се ќе свртите на шега. Здравје и совет Имате право во одлуките. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали семејни проблеми поврзани со минатото ќе бараат од вас зголемен ангажман. Кариера Ќе го слушате вашиот внатрешен глас , кој ќе ви биде безгрешен водич кон развојот на кариерата. Здравје и совет Барате нови идеали. Рак 22.6-22.7. Љубов Нежност и сентименталност ќе бидат обележје на денот.Оние кои се сами вројатно ќе страдаат од силен копнеж. Кариера Ќе размислувате за луѓето од работа кои не си ја вршат работата со ист ентузијазам како вие. Ќе се прашувате зошто е тоа така. Здравје и совет Не инсистирајте сѐ да биде по ваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Рецепти Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без макаЦарската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече. Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара. Состојки: 4 јајца 200 мл јогурт 100 мл масло 200 г. брашно 1 кесичка прашок за печиво 150 г. шунка 150 г. полутврдо сирење 3 помали кисели краставички 1 помала црвена пиперка прстофат сол малку бибер по желба Подготовка: Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња. Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер. Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С. Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова. Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик. Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Магазин Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусотПо неколку сезони во кои доминираа предимензионираните палта, модната сцена се свртува кон поструктурирани силуети.Кога станува збор за гардероба во преодниот период и есента, постојат неколку парчиња кои се апсолутно неопходни. Добар пар фармерки, пар удобни рамни чевли и стилска, но практична чанта секогаш се основа на нашиот изглед кога се шетаме низ град, како и квалитетен блејзер што може да се стилизира на безброј различни начини. Затоа не е изненадување што токму сега повторно сме во потрага по оној модел што ќе го воздигне нашиот есенски outfit. Судејќи според актуелните трендови, оваа сезона не бараме какво било сако, по долгото владеење на преголемите кроеви, модниот фокус се префрла кон поструктурираните стилови кои ја нагласуваат фигурата и враќаат одредена доза на женственост во кројот. Еден од најголемите трендови ќе бидат блејзерите што ја следат линијата на телото и го нагласуваат струкот. Моделите со „издолжен“ струк потсетуваат на елегантните силуети од педесеттите години, но во модерна интерпретација делуваат доволно опуштено за секојдневни комбинации. Можеме да ги замислиме со широки фармерки и рамни чевли, но и со здолништа, фустани или панталони од истиот материјал. Понудата е доволно разновидна за секој да може да ја пронајде својата верзија на овој тренд - од модели без јака и заоблени контури до построги кроеви со изразени рамена и јасни линии. Токму овој нагласен струк e она што ги разликува од блејзерите што ги носевме во последните неколку сезони. Особено изгледаат добро кога строгата силуета се комбинира со парчиња облека што даваат одредена лежерност, блејзер со нагласени рамена одлично се усогласува со обична бела маичка, фармерки, патики, но и со широки панталони и елегантни чевли. Кога станува збор за боите, класиката е сигурен избор. Црните, белите и сивите блејзери се сè уште најпопуларните стилови за есенската гардероба, но оваа сезона вреди да се обрне посебно внимание на потоплите тонови. Карамела, беж, темно кафеава и чоколадна боја се совршени за есенската палета и изгледаат особено добро со тексас, кремасти нијанси и други земјени тонови. Ако барате нешто малку подраматично, бордо е една од оние бои што и на наједноставен блејзер му дава сосема нова димензија. Не треба да се занемаруваат ниту материјалите. Превртената кожа, како и нејзините висококвалитетни имитации, веќе некое време се меѓу најпосакуваните есенски текстури, а блејзер направен од овој материјал функционира особено добро како алтернатива на класичната кожна јакна. Без разлика дали оваа есен ќе изберете женствен модел што го нагласува струкот или ќе се наклоните кон помоќната естетика од 80-тите, едно е сигурно - блејзерот повторно станува многу повеќе од практичен слој за постудените денови. Ако има добар крој, може да биде парче облека што го дефинира целиот изглед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаТатко немоќно гледа како синчето згазнува ѕвечарка, снимката е вознемирувачка (ВИДЕО)Еден татко го доживеал најголемиот ужас во животот додека шетал со своето дете: човек со TikTok профил @lgbenito снимил авантура во која неговото дете и кучето шетале по една од патеките, кога неговиот мал син, кој радосно трчал, згазнал на ѕвечарка.За среќа, змијата не го нападнала детето и сè завршило добро, но застрашувачкото видео сè уште е на мрежите. Таткото признал дека овој момент бил пострашен отколку кога речиси се удавил. Оваа ситуација можела да се одвива многу поинаку, а неговиот син имал голема среќа. Змијата се нашла на погрешно место во погрешно време, кучето не ја забележало, а момчето само се однесувало како дете, бркајќи го своето куче. Ова е најлошиот кошмар на секој родител и за среќа завршило без последици. @lgbenito Scarier than when I almost drowned. ♬ swing lynn - lovdfilmz Во регионите каде што живеат ѕвечарките, населението обично ја слуша оваа змија пред да ја види. Ѕвечарките користат „ѕвечка“ на крајот од опашката за да ве предупредат да не им се приближувате. Сепак, овие змии понекогаш го игнорираат предупредувањето и напаѓаат без него. Ако забележите ѕвечарка, застанете и гледајте ја, пуштете ја или полека повлечете се, пишува Pethelpful. Никогаш не ѝ вртете грб на змија додека не се оддалечите најмалку два метра. Ѕвечарките можат да нападнат од околу една третина до две третини од должината на нивното тело. Ако забележите ѕвечарка во вашиот двор и имате деца и домашни миленици кои поминуваат време надвор, јавете се на професионалец за безбедно да ја отстрани змијата од вашето подрачје. Змијата секогаш може да си замине сама, но подобро е да бидете безбедни отколку да се каете.Тагови: татко ѕвечарка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter