Дневен хороскоп за 11. април 2022 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 11. април 2022 година

Дневен хороскоп за понеделник, 11. април 2022 година. 

Дневен хороскоп за 11. април 2022 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата.

Кариера

Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок.

Здравје и совет

Користете ги паузите на работа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика.

Кариера

Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа.

Здравје и совет

Би било корисно добро да се наспиете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа.

Кариера

На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне.

Здравје и совет

Занимавајте се со спорт.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно.

Кариера

Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами.

Здравје и совет

Наспијте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста.

Кариера

Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии.

Здравје и совет

Не сте задоволни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини.

Кариера

Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици.

Здравје и совет

Телеснио сте добро , но емоционално сте фрустрирани.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови.

Кариера

Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо.

Здравје и совет

Послужете се со својата интуиција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата.

Кариера

Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки.

Здравје и совет

Ќе бидете весели и емотивни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат.

Кариера

Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат.

Здравје и совет

Ќе се веселите со блиски луѓе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска.

Кариера

Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена.

Здравје и совет

Потпрете се на вашата смисла за хумор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло.

Кариера

Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре.

Здравје и совет

Полни сте со енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство.

Кариера

Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите.

Здравје и совет

Свртете се кон себеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со 5,5 милиони евра

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5, нагласи дека власта потроши 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, во услови кога лозарите се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето. 

Филипче: Целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со 5,5 милиони евра

Филипче посочи дека целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со само 5,5 милиони евра, но Владата не презема мерки за да им помогне на лозарите додека грозјето скапува по лозјата.

„Зошто не се потрошија 5,5 милиони евра за земјоделците? Целиот проблем со откупот, сега на грозјето, ќе беше решен со 5,5 милиони евра. А сега скапува грозјето по насадите. Откупувачите не го откупуваат грозјето, и Владата нема мерка и никако не реагира.“ рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче посочи дека состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата со ВМРО на власт, посочувајќи ги нискиот стандард, осиромашувањето на граѓаните и проблемите во повеќе сектори.

„Финансиската и економска криза во која што се наоѓаме, прекумерното задолжување, како никогаш досега од независноста, скоро 12 милијарди евра, а Владата на ВМРО наследи 8 милијарди евра долг, нискиот стандард и осиромашувањето на граѓаните, проблемите и катастрофата што се случува во секој сектор, во земјоделството, во образованието и здравството, сметам дека е еден така критичен период да треба да посветиме многу внимание и да зборуваме многу внимателно, затоа што можно е државата целосно да тргне во правец во којшто не сме се движеле од ’91-ва година наваму“ рече Филипче.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг се разболел за време на посетата на Индија?- се споменува мозочен удар

Социјалните медиуми се преполни со шпекулации дека Си Џинпинг во неделата ја пропуштил вечерата на БРИКС во Делхи и брзо се вратил во Кина откако се разболел.

Си Џинпинг се разболел за време на посетата на Индија?- се споменува мозочен удар

Си беше во Индија за прв пат по седум години, присуствувајќи на 18-тиот самит на БРИКС, но се врати пред другите светски лидери на 13 септември. Тој не е виден во јавноста откако се вратил во Кина, што ги разгорува гласините, според „Индипендент“.

Видео објавено од индиската државна телевизија го прикажува индискиот премиер Нарендра Моди како накратко го прекинува својот воведен говор на самитот за да провери како е Си, кој седеше лево од него.

Кинеското Министерство за надворешни работи претходно оваа недела соопшти дека Си го напуштил Делхи во недела попладне откако „успешно го завршил“ своето учество на самитот. Посетата се чинеше дека е според распоредот за самитот од 12 до 13 септември, но траела само околу 24 часа.

Шпекулациите за влошувањето на здравјето на 73-годишниот лидер започнаа во понеделник откако претседателот на Кинеската демократска партија, нерегистрирана политичка организација, во објава на платформата X тврдеше дека Си се онесвестил за време на самитот на БРИКС и бил вратен во Кина на итно лекување.

Си Ванџун, кој живее во Соединетите Американски Држави, тврдеше дека Си доживеал тежок исхемичен мозочен удар, но одбил лекување во Делхи. Си Ванџун тврдеше дека кинескиот претседател бил однесен во болницата 301 во Пекинг по слетувањето во неговата земја.

„Кога се качил во авионот, Си Џинпинг одел со тешкотии, неговите чекори биле нестабилни, а неговото тело постојано се навалувало налево“, тврдеше Си.

Американскиот новинар Бил Герц изјави во среда дека „кружат гласини“ за здравјето на Си и тврдеше дека има шпекулации дека „армиите на соперничките групи се мобилизираат за граѓанска војна“.

Хенри Гао, професор по право на Сингапурскиот универзитет за менаџмент, рече дека „секој што ги отфрла неодамнешните гласини за Кина како „само гласини“ треба да оди на брз курс по кинеска историја“.

„Во вистинските раце“, рече тој, гласините можат да станат „политичко оружје“.

„Си Џинпинг не е добро. Овој пат, Кина не можеше да ја скрие својата состојба“, напиша политичкиот аналитичар Гордон Чанг.

„Киркулираат сензационални гласини дека кинеската војска ги ослободила двајцата од најмоќните непријатели на Си Џинпинг, Бо Силај и Жоу Јонгканг. Ако гласините се вистинити - а тешко е да се поверува - Си нема да се чувствува безбедно да ја напушти Кина“.

Гласините за здравјето на Си ја доведоа во прашање неговата планирана посета на Соединетите Држави, каде што треба да се сретне со претседателот Доналд Трамп на 24 септември. Тоа ќе биде нивна трета средба лице в лице во изминатата година.

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, кој присуствуваше на вечерата на БРИКС, е потврдено дека се разболел по враќањето од самитот.

Рамафоса (73) оттогаш се повлече од јавните настапи поради лоша здравствена состојба, по совет на неговиот медицински тим, соопшти неговата канцеларија. Тој се врати во Делхи во понеделник, каде што лекарите го советуваа да се одмори и да се опорави.

Се шпекулира дека храната што се служи во БРИКС може да биде поврзана со болеста на Рамафоса. Тоа не е единственото прашање околу менито на самитот - опозициските партии во Индија го критикуваа Моди за тоа што им послужил вегетаријанска вечера на лидерите во посета, обвинувајќи го дека ја игнорира културната разновидност на Индија. Моди, како и многу членови на доминантните хиндуистички касти, е вегетаријанец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Од нула денари до 5 милиони евра, Мицкоски ги лаже граѓаните во очи

Мицкоски ги лаже граѓаните во очи, дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Филипче: Од нула денари до 5 милиони евра, Мицкоски ги лаже граѓаните во очи

„Мицкоски кажа дека граѓаните за прославата не потрошиле ниту денар. Веќе следниот ден, кога ги извадивме документите, стана јасно дека била донесена одлука да се потрошат 5,5 милиони евра народни пари, на нетранспарентен начин и со прекршување на Законот за јавни набавки“, рече Филипче.

Тој посочи дека власта сè уште ги крие договорите, анексите и компаниите со кои Државната лотарија склучувала договори.

„Не станува збор само за една фирма. Ќе излезат на виделина и други работи. Има повеќе фирми со кои Лотарија потпишала договори. За само еден ден, од изјавата дека не се потрошил ниту денар, стигнавме до нетранспарентно потрошени 5,5 милиони евра. Премиерот ги лаже граѓаните во очи“, нагласи Филипче.

Филипче потенцираше дека парите на Државната лотарија се државни и народни пари, без оглед на обидите на власта технички да манипулира дека тие не биле исплатени директно од Буџетот.

„Тоа се државни пари, тука нема никаква дилема. Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?“, праша Филипче.

Наместо за една вечер и скап луксуз, овие пари можеле да бидат искористени за решавање на реалните проблеми на граѓаните.

Филипче истакна дека случајот со прославата е само уште еден пример за начинот на кој функционира власта – народните пари да завршуваат кај мал број компании блиски до ВМРО-ОКГ.

„Ова веќе го надминува концептот на политичка борба. Ова е пљачка на државата. Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги. Прашањето е: зарем некој сè уште му верува?“, порача Филипче.

Тој нагласи дека ова не е прва лага на Мицкоски, туку продолжение на политиката со која дојде на власт.

„Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше дека ќе го врати името и дека ќе го поништи Преспанскиот договор. Лажеше дека ќе обезбеди подобра преговарачка рамка и подобра позиција со Европа. Лажеше дека протоколите не се дел од преговорите, па потоа призна дека се дел од преговарачката рамка. Лажеше и дека идентитетот е загрозен, а се потврди дека македонскиот идентитет е заштитен со Преспанскиот договор. Зарем некој сè уште му верува на таков човек?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Канал 5 Телевизија.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер