Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 11.5.2019 годинаДневен хороскоп за сабота, 11. мај 2019 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате. Кариера важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите. Здравје и совет Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција. Кариера Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното. Здравје и совет Чувајте го грлото и вратот. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно. Кариера Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба. Кариера На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат. Кариера Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира. Здравје и совет Можни се мали нервози. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат. Кариера Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции. Здравје и совет Мали стресови што добро ги поднесувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите. Кариера Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање. Здравје и совет Бидете свои. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата. Кариера За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок. Здравје и совет Внимавајте на грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете. Кариера На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход. Здравје и совет Не пијте студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се. Кариера Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи. Здравје и совет Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција. Кариера Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило. Здравје и совет Држете се до својот план. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена. Кариера Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците. Здравје и совет Не инсистирајте да биде по ваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter