Дневен хороскоп за 10. септември 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 10. септември 2023 година

Дневен хороскоп за недела, 10. септември 2023 година. 

Дневен хороскоп за 10. септември 2023 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен.

Кариера

Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите.

Здравје и совет

Ќе имате пријатни сништа.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.

Кариера

Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Здравје и совет

Немојте да си го расипете карактерот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.

Кариера

Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте.

Здравје и совет

Не знаете до каде може да стигнете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи.

Кариера

Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.

Здравје и совет

Ќе бидете фокусирани на други.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.

Кариера

Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите.

Здравје и совет

Некои имаат духовни искуства.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.

Кариера

Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.

Здравје и совет

Помирете се со реалноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.

Кариера

Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Здравје и совет

Имате право кога ја негувате натуралноста.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став.

Кариера

Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење.

Здравје и совет

Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение.

Кариера

Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро.

Здравје и совет

Работете го она што го сакате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации.

Кариера

Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно.

Здравје и совет

Ви треба кус одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате.

Кариера

Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено.

Здравје и совет

Уривате рекорди.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.

Кариера

Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи.

Здравје и совет

Не мора да се брзате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

БМВ укинува СУВ модел- слабата продажба „му пресуди“ на BMW XM (ФОТО)

Иднината на „атрактивниот“ и подеднакво контроверзен SUV модел на BMW XM е сериозно доведена во прашање поради екстремно слабата побарувачка. 

БМВ укинува СУВ модел- слабата продажба „му пресуди“ на BMW XM (ФОТО)

Со само 7.608 продадени единици низ целиот свет во 2025 година, XM беше најниско продаваниот модел на брендот.

Сепак, не оди сè добро за Баварците. Доказ е од првиот ден на спорниот XM. Неговата продажба во првата половина од оваа година се намали за дополнителни 22,4 проценти, на само 2.816 возила во споредба со истиот период минатата година. Иако БМВ никогаш не очекуваше масовна продажба поради високата цена, се чини дека бројките се толку ниски што го доведуваат во прашање опстанокот на овој конкретен M модел.

Промашување на продажбата на клучните пазари

Според извештајот на Automotive News, XM се соочува со неизвесна иднина првенствено поради лошите резултати во Кина. Кога моделот беше претставен пред четири години, BMW предвиде дека Кина ќе учествува со 23 проценти од вкупната продажба. Се очекуваше Соединетите Американски Држави да бидат најголемиот поединечен пазар со удел од 26 проценти, но електрифицираниот SUV не ги постигнува своите цели ниту таму. Официјалните податоци покажуваат дека побарувачката во САД во текот на 2025 година опаднала за 4,9 проценти, на само 1.878 возила.

Нема индикации за редизајн

Овој развој на ситуацијата не е големо изненадување. XM е на пазарот околу четири години и во оваа фаза од животниот циклус, тест прототиповите на редизајнираната верзија веќе треба да се појават. Бидејќи нема такви фотографии, многу е веројатно дека BMW планира да го прескокне освежувањето на средината од циклусот за својот најскап СУВ. Исто така, малку е веројатно дека моделот ќе добие наследник на новата платформа Neue Klasse, иако брендот најави околу 40 нови или ажурирани модели до крајот на 2027 година.

Споделувањето на трошоците не беше доволно

Иако официјално се смета за самостоен М производ, BMW постигна значителни заштеди на XM преку споделување на компоненти. Моделот не само што ја користи докажаната платформа CLAR, туку неговиот plug-in хибриден V8 систем сега ги напојува и новите модели M5.

Верзијата XM 50e, која не е достапна на американскиот пазар, е исто така plug-in хибрид, но е базирана на шестцилиндричниот мотор во линија што се наоѓа во другите хибриди на брендот. Дури и со распределбата на трошоците за развој, XM се чини дека е премногу специфичен модел за да оправда наследник.

Реструктуирање на понудата на BMW

Доколку XM навистина се повлече до крајот на деценијата, тој ќе се придружи на голем број други модели на BMW кои се повлекуваат. Поради реструктуирањето на гамата, Z4 и серијата 8 веќе се повлечени, а i4 се прекинува за да се направи место за новиот i3 седан.

Се шпекулира дека со новиот iX5 и претстојниот iX7, нема место ниту за iX SUV. Automotive News тврди дека деновите на миниванот од серијата 2 Active Tourer се исто така избројани. Ништо не е официјално додека компанијата не го потврди тоа, но недостатокот на навестувања за редизајн, а камоли за втора генерација, сериозно ја доведува во прашање иднината на XM.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет

„Се издвоија околу 6 милиони денари за целата оваа постапка. Она што го направивме како Влада, уште на самиот почеток, одма, веднаш интервениравме. 

Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет

Од првиот ден почнавме да носиме миниум по два шлепери на ден. Околу 70 тони питка вода за пиење“, рече во „Вести Плус“ на Канал 5, Ивица Томовски, директор на Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Томовски се осврна на мерките кои биле преземени од страна на СОЗР и Владата за време на кризната состојба со водата во Гостивар. Тој посочи дека интервенирале уште од првиот ден и како што кажа тој, на граѓаните на Гостивар во континуитет им биле доставувани најмалку по два шлепери дневно, односно околу 70 тони питка вода дневно.

„Можам да кажам дека во континуитет доставуваме по 2 шлепери, некогаш имаше и одредени поголеми количини бидејќи имаше и компании коишто донираа дополнителни количини на вода. Мислам дека покривме целосно за граѓаните, беше доволно бидејќи кон крајот како завршуваа деновите дел од граѓаните имаа обезбедено и поголеми количини во своите домови“, заврши Томовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронот што НАТО го собори над Латвија бил украински

Вооружените сили на Латвија објавија дека дронот соборен во воздушниот простор на балтичката земја на 14 август е од украинско потекло, што е најновиот во низата инциденти како што се прелева војната на Русија против Украина во соседните земји.

Дронот што НАТО го собори над Латвија бил украински

Италијански борбен авион стациониран во Балтикот собори дрон откако влезе во воздушниот простор на Латвија, членка на Европската Унија и НАТО, за време на украинските напади врз руските пристаништа, објави НАТО.

Дронот влегол од Белорусија

Дронови на украинската армија што таргетираат цели во Русија неколку пати оваа година залутаа во воздушниот простор на балтичкиот регион и го вклучија алармот. Латвиските вооружени сили објавија дека дронот влегол во Латвија од Белорусија, најверојатно поради руско електронско блокирање. Тие одбија да дадат дополнителни детали за дронот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер