ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2025 годинаДневен хороскоп за понеделник, 10. ноември 2025 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите . Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook