ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2023 година Дневен хороскоп за петок, 10. ноември 2023 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10. Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМарјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје Зимско или летно сметање на времето? Научниците откриваат кое е подобро за здравјетоДодека се расправа за укинување на сезонското менување на времето, се поставува клучно прашање: кој временски стандард треба трајно да се усвои – летното сметање на времето или зимското? Нова канадска анализа заклучува дека за здравјето подобар избор е зимското сметање на времето бидејќи порано овозможува пристап до утринска светлина, пренесува ScienceAlert. Усвојувањето на трајно летно сметање на времето би обезбедило подолги вечери, но истовремено би го одложило изгрејсонцето во зима за еден час. Тоа значи дека луѓето што стануваат рано за работа или училиште би поминале поголем дел од утрото во темнина. Психијатарот Рејмонд Лам од Универзитетот во Британска Колумбија и неговите колеги ги процениле здравствените последици од трајното летно сметање на времето наспроти трајното зимско време. Нивната анализа ги вклучува постојните истражувања за биолошките ритми, сонот, расположението и економските влијанија, а исто така ги проучува и искуствата на земјите што веќе вовеле трајно сметање на времето. Влијание врз биолошкиот часовник Главниот биолошки часовник во мозокот ги регулира сонот, будноста и другите телесни функции; за да функционира правилно, потребна му е секојдневна синхронизација со денот. Утринската светлина помага да се помести кон порано време, додека вечерната светлина го поместува кон подоцнежно време. Еден од авторите на студијата, Ралф Мистлбергер од Универзитетот „Сајмон Фрејзер“, го објаснува ова преку едноставна аналогија: „Тоа е како да имате рачен часовник што доцни десет минути секој ден, па секое утро мора да го поместите напред.“ Со помалку утринска светлина, ритамот на спиење може да се помести кон подоцнежно будење, додека обврските како училиште и работа и понатаму почнуваат во исто време. Па, будењето навреме често резултира со кратко спиење. Разликата помеѓу биолошкиот часовник и општествениот распоред, се поврзува со полошо физичко и ментално здравје. На пример, во Торонто, со зимското сметање на времето сонцето би изгревало во 7:51 часот наутро на почетокот на јануари, додека со летното сметање на времето тоа би се случило дури во 8:51 часот. Жител што се буди во 7:00 часот би станал пред изгрејсонце и во двата случаја, но со зимското сметање на времето, денот всушност би започнал еден час порано. Искуства и ризици Истражувачите, исто така, анализирале географски податоци. Студиите покажуваат дека луѓето што живеат на западниот раб од нивната временска зона - каде што сонцето изгрева подоцна – во просек спијат помалку и имаат полоши здравствени и економски исходи. Иако овие асоцијации не докажуваат директна причинско-последична врска, тие сугерираат негативно влијание поврзано со подоцнежното изгрејсонце. Исто така се разгледувало и сезонското афективно нарушување - форма на депресија што често се јавува во зима. Едно водечко објаснување е дека биолошкиот часовник заостанува поради доцнење на утринската светлина. Додека терапијата со јака утринска светлина помага да се помести биолошкиот часовник на порано време, подоцнежното изгрејсонце има сосема спротивен ефект. Тинејџерите и младите лица може да бидат особено ранливи, бидејќи нивниот биолошки часовник природно се поместува кон подоцнежно будење во оваа фаза од животот. И покрај ризиците, некои региони веќе се одлучија за трајно летно сметање на времето. Британска Колумбија, Алберта и Северозападните Територии во Канада повеќе нема да ги поместуваат часовниците во ноември. Во САД, Претставничкиот дом во јули усвои предлог-закон за трајно летно сметање на времето, кој во моментов чека одлука од Сенатот. Сепак, историјата покажува дека таквите одлуки не се секогаш долготрајни. САД воведоа летно сметање на времето во 1974 година, но после една година се откажаа од него поради грижата за децата кои патуваат на училиште во темница. Русија го повлече истиот потег во 2014 г. откако во 2011 г. беше воведено летно сметање на времето во текот на цела година. Препораки од научниците Авторите на студијата, објавена во списанието *Canadian Medical Association Journal*, се свесни дека трајно зимско сметање на времето резултира со порано заоѓање на сонцето во текот на зимата, додека многу раното изгрејсонце во лето би можело прерано да буди некои луѓе. Сепак, тие истакнуваат дека поголем дел од доказите одат во прилог на стандардното време како поздрава опција. Нивната примарна препорака е усвојување на трајно зимско сметање на времето. Доколку властите сепак одлучат трајно да воведат летно сметање на времето, научниците советуваат воведување мерки за ублажување на последиците. Овие мерки вклучуваат можност за подоцнежно почнување на наставата и работниот ден, подобрено изложување на силна светлина во затворени простории во утринските часови, како и следење на показателите како што се проблемите со спиењето, зимската депресија и бројот на сообраќајни несреќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter