СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
1СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
ХороскопДневен хороскоп за 10. март 2025 годинаДневен хороскоп за понеделник, 10 . март 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите. Здравје и совет Јадете пополека и доволно џвакајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо. Кариера Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас. Здравје и совет Мали нервози. Бик 21.4- 20.5. Љубов Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок. Кариера Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат. Здравје и совет Слушајте ги луѓето во вашата околина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Понекогаш земете си пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки. Кариера Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Бариерите се уриваат сами од себеси. Лав 23.7-22.8. Љубов Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас. Кариера Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Сите ќе ги победите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу. Кариера Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник. Здравје и совет Ослободете се од љубовните грижи. Вага 24.9.-23.10 Љубов Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг. Кариера На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено. Здравје и совет Дозирајте ја храната и пиењето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања. Кариера Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура. Здравје и совет Пијте повеќе течности. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани. Кариера Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став. Здравје и совет Претерувате во исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна. Кариера Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање. Здравје и совет Пораснете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени. Кариера Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред. Здравје и совет Денеска планетите се на ваша страна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13Среде оргомниот скандал со Алта банка, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13.Во Србија истрага за Алта банка, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски. Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари. На Мицкоски му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус. ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски. Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон. На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаВо Брисел се одржува самит за проширување на Европската унија 2026 Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ.Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ организиран од бриселскиот медиум Евроњуз. Претседателката оцени дека блокадата на земјава не е поврзана со како што рече, реалноста, туку со недостаток на политичка волја кај соседот, но и кај ЕУ. -Сите од политичарите кои доаѓаат кај нас, велат дека е потребна политичка волја, но што е со политичката волја од ЕУ? Можеме да ги надминеме рационалните проблеми, но ирационалните проблеми? Kако можам да зборувам за мојот идентитет, за мојот јазик? Извинете, не можам... // Ако форматот на дијалогот е слушај и прави, јас сум член, а ти не си, јас имам право на вето, а ти немаш, тогаш има проблем,- -Гордана Сиљановска Давкова, Претседателка на Македонија . Силна поддшка за македонските евроинтеграции изрази хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во своето обраќање на Самитот. Прашан дали Хрватска би можела да стави вето на членството на Црна Гора поради отворените билатерални прашања, Пленковиќ одговори дека двете соседни земји се пријатели, за разлика од други земји во регионот. -Ние сме пријатели, не се однесуваме како другите земји-членки кои им попречија на некои други земји од Југоисточна Европа дури и да започнат преговори. Имаме примери во истата група земји кои дури и не ги започнале преговорите. // Да сакавме да бидеме пречка за приклучувањето на Црна Гора, тогаш нашата политика ќе беше многу поинаква. Всушност, бевме многу пријателски настроени и конструктивни,- -Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Овој месец во Брисел ќе се одвива во духот на проширувањето – утре ќе бидат објавени редовните извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите кандидатки, а четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија ќе добијат и конкретни патокази. На 15 ноември е закажан и официјалниот ЕУ Самит за проширување каде ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, додека на 25ти, исто така во Брисел, ќе се одвива Самитот ЕУ – Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиштеДНК и финансиското вештачење на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и денеска не стигнаа во судница. Неговата одбрана тврди дека финансиското вештачење кое наскоро треба да се подготви, ќе покаже дека неговите родители е сосема можно да заработиле 975 илјади евра а со тоа да ги поседуваат и 350те илјади евра кои при претресот биле пронајдени заѕидани во семејниот дом во Неготино. Адвокатот Звонко Давидовиќ презентираше правно мислење на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со кое ја оспорува правната квалификација на обвинението, според кое, Ѓоко Ристов не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело кое му се става на товар. -Правното мислење е по однос на правната квалификација онака како и што почна предметот, па некако се подазборави во текот на постапката каде што одбраната тврди и се уште тврди, дека судија не може да биде обвинет опфатен со законско битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, јавно претпртијатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат Обвинителката Искра Хаџи Василева пак смета дека правното мислење нема доказна тежина и дека судот треба да одлучува врз основа на фактите и доказите изведени во постапката. Таа посочи дека со овие мислења се критикува постојната одредба од Кривичниот законик, која, како што рече, била усвоена во рамки на усогласувањето на македонското законодавство со меѓународните конвенции за борба против корупцијата. -Модерно, ќе си дозволам, стана да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се воопшто користат овој тип на докази кои во суштина и не се докази. И не можат да бидат докази. – Искра Хџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК На изјавата на обвинителката Хаџи Василева реагираше професорот Калајџиев кој во објава на социјалните мрежи напиша: -Тешки зборови употребила обвинителката за некој што иʼ бил учител и творец на законот по кој што работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене. Следно рочиште за случајот е закажано за 20 ноември. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00