Дневен хороскоп за 10. јануари 2026 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 10. јануари 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 10. јануари 2026 годдина. 

Дневен хороскоп за 10. јануари 2026 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница

Можни корупциски ризици во предлог законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ гледа Антикорупциската комисија.

Законот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница

По реакциите на граѓанските организации кои побараа стопирање на законот, антикорупционеритее бараат институциите да обезбедат јасни механизми за контрола, отчетност и спречување на судир на интереси при реализацијата на проектот.

-Доколку законодавецот оцени дека е неопходно донесување на посебно законско решение за реализација на проектот, ДКСК укажува дека истото треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност,- - ДКСК.

Иако предлог законот за спроведување на проектот денеска беше ставен на дневен ред пред пратениците истиот уште на старт беше повлечен.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека забелешките на организациите биле дадени без да биде прочитан законот затоа ќе следат консултации по што оставаат можност за амандмани.

-По реакции на опозицијата, донесена е одлука на вонредна координација да се повлече од дневен ред. Закопнот постои во собраниска процедура и ќе се разгледува по летните одмори,- изјави Никола Мицевски – ВМРО ДПМНЕ.

Реакции за законот има и од опозициските партии. Од СДСМ обвинуваат дека со вака поставеното решение ќе се заобиколат правилата на јавните набавки и ќе отвори простор за како што велат тендери без контрола.

-Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер. Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци,- изјави – Бисера Костадиновска Стојчевска – СДСМ.

Од плтаформата на граѓански организации за борба против корупцијата, претходно реагираа дека предложеното законско решение овозможува Фондацијата што ќе го спроведува проектот да биде изземена од Законот за јавни набавки и дека тоа отвора сериозен простор за корупциски ризици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје

Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје со што бројот на потврдени граѓани кои се над 60-годишна возраст и вирусот кај нив предизвикал воспаление на мозок за неколку дена се искачи на 8.

Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје

Седумдесет и шестгодишниот скопјанец се уште се бори за живот и е во критична состојба на респиратор на Инфективна каде освен досегашните пет, сега вирусот е потврден кај уште двајца кои исто така имаат невроинвазивна форма на инфекцијата потврдуваат од болницата. Еден пациент е на Неврологија, и за него се чека двојна потврда преку испитувања, информираат здравствените власти кои смируваат потенцирајќи дека 80 проценти од случаите, или луѓе казнати од заразен комарец вообичаено и не знаат дека имаат вирус бидејќи немаат никаква тегоба.

Според досегашните податоци западно нилска треска која предизвикала воспаление на мозокот во изминатиов период е детектирана кај повозрасни граѓани, еден од Велес, а останатите од Драчево, Илинден, Петровец, а од Центарот за јавно здравје Скопје за Канал 5 велат дека има и случај од Кисела вода, таму требале да прскаат против комарци во живеалиштето, но не добиле дозвола и не го извршиле, бидејќи дезинсекција на копно во приватен имот вршат на добра волја.

-Досега имаме извршено дезинсекција во Драчево и Илинден. Случајот што не дозволи во неговиот имот да се прска против комарци е од Кисела вода. Се прска во радиус од 200 метри, а за да влеземе на приватен имот мора да има согласност. За новите потврдени случаи се прават анкети со пациентите и блиските за да се утврди дали се автохтони, односно дали вирусот го добиле дома. Допрва ќе се прска и во нивните живеалишта,- - Центар за јавно здравје Скопје .

Оваа зараза не се пренесува од човек на човек, па апелите се во дворовите, во гуми, олуци каде обично се собира дождовница да се чисти и да не се остава пријатен простор за размножување на комарци. Дополнително, да се користат средства за заштита како што е спрејови против комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава

Додека се чистат едни, се пронаоѓаат други – нова бактерија е детектирана во гостиварсктие цевководи – иако фекалните бактерии веќе ги нема, водата уште некое време останува само за техничка употреба

Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава

Додека се чистат едни, се пронаоѓаат други – нова бактерија е детектирана во гостиварсктие цевководи – иако фекалните бактерии веќе ги нема, водата уште некое време останува само за техничка употреба, бидејќи била пронајдена нова, резидуална бактерија, со што и забраната за пиење и готвење и натаму останува на сила

-Сега во инсталацијата ги нема оние фекални, колиформни бактерии, како што се нарекуваат, но се појави една нова, резидуална бактерија која што во инсталациите е присутна поради тоа што тие долго време не биле користени, а сега со прочистување на истите и со хиперхлорирањето се појавува во самите инсталации, очеквуам и овој предизвик да биде надминат, и кога и тој предизвик ќе биде надминат, тогаш очекувам конечно да се одобри таа вода за користење, односно за пиење и готвење,- - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Во однос пак на обвинувањата од СДСМ, дека Владата несоодветно се справува со кризата во Гостивар, премиеротр Мицкоски посочи дека во време на владеењето на опозициската партија имало преку 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар, и како што изјави, тогаш надлежните не превземе ништо..Мицкоски го повика обвинителството уште денеска да влезе во ИЈЗ и АХВ и да ги истражи овие наводи.

Во меѓувреме, додека траат напорите да се врати питката вода во чешмите на гостиварци, епидемијата стивнува. Министерот за здравство – Сашо Клековски посочи дека во изминатово деноноќие биле регистрирани 71 нови случаи, но истите веќе во оваа фаза од епидемијата не можат во целост да се припишат на водата, оти инциденцата е во рамки на онаа пред загадувањето.

-Таа бројка веќе доаѓа во рамките на фреквенцијата на инциденцата што ја имавме пред епидемијата, меѓу 50-100 случаи 25 јуни дневно беа и во деновите пред 25 јуни, така да сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Формален крај на епидемијата мора да има само кога врз основа на епидемиолошките анкети веќе нема случаи поврзани со градаскиот водовод во Гостивар. Значи оваа бројка на нови болни може да биде од сосема други причини, ваквото намалување сметам дека е резултат на подобрување на водата во градскиот водовод,- - Сашо Клековски – Министер за здравство.

Сепак, и покрај тоа што водата во гостивар беше затруена со фекалии, откако скокна бројот на заболени, граѓаните таму се жалат дека двојно е поскапено испитувањето на уринокултурата, нешто што мора секојдневно да го прават поради заразата, а воедно и приватно ги купуваат лековите за лечење на симптомите.

Клековски посочи дека ќе провери зошто е цената за анализите зголемена, а што се однесува до лековите за третман, вели истите не се на позитивна листа и не постои можност истите да бидат ставени. Министерот сепак не спомна евентуално дали би се интервенирало со помош во лековите

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер