ХороскопДневен хороскоп за 10. јануари 2025 годинаДневен хороскоп за петок, 10. јануари 2025 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Трошокот што ќе се појави поради вашата органзиација на заенички ручек или вечера , малку ќе ве загрижи. Но, ќе вреди. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па бидете подготвени. Здравје и совет Кој последен се смее, најслатко се смее. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во љубовта денеска ќе покажете нежност и страст и тоа на многу рамномерен начин. Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Вашиот труд ќе се цени , но и натаму ќе бидете збунети кога станува збор за барањата што вие би ги поставиле во некоја задача. Здравје и совет Градете мостови на доверба. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе се испитувате себеси и на тој начин ќе си ја нарушите самодовербата. Мислите дека не може подобро , ама може. Кариера Не треба да се споредувате со другите. Секој е единствен и има некој свој талент. Треба само да го откриете. Здравје и совет Вреднувајте го тоа што го работите. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ви работи стотка на час и од таму ќе црпите свежи идеи за да го поправите односот со партнерот. Кариера Вашиот стил на работа веќе е за сите препознатлив, но сега и другите ќе ве прашуваатз а совет и за упатства. Помогнете им. Здравје и совет Мали нервози и грижи што ќе ги решите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да си го зголемите уживањето со најсаканата личност. Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Направете се за вашите професионални способности да дојдат до израз и немојте да се плашите за да го покажете своето знаење. Здравје и совет Ќе имате интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете во својот свет на сништата. Кариера На работното место покажувате се поголема склоност кон забави , а се помалку кон сериозната работа. Здравје и совет Не ги критикувајте другите пред да се погледнете себеси. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно е дека ќе излезете на убава забава на место полно со уметнички вибрации и згодни луѓе. Кариера Изгледа дека делумно ги држите конците во своите раце. Како што сакате контрола , веднаш се чувствувате подобро. Здравје и совет Немојте да избрзувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку ќе се натпреварувате за тоа кој е главен во врската. Немојте да покажете тврдоглавост , зашто сите знаат дека попаметниот попушта. Кариера Калкулациите поврзани со млади луѓе или со креативна работа , ќе продолжи и денеска. Ќе настојувате се да изгледа интересно. Здравје и совет Одморете се попладнево. Девица 23.8.-23.9. Љубов Идеализам , сништа и провокации- сето тоа е можно да го доживеете денеска. Внимавајте. Кариера Нека не ве загрижува малото затишје на работното место. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се приберете. Здравје и совет Мали недоумици , што ќе ги надминете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете силни и убедливи во љубовните активности , било да се додворувате, да сакате или да прифаќате нечие додворување. Кариера Работите денеска ќе ви изгледаат полоши отколку што се навистина. Затоа не носете заклучоци , туку дозволете му на времето да ја покаже вистинската состојба. Здравје и совет И натаму добро ви оди. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов На дневен ред ќе се појават некои работи од минатото на вашето семејстов кои ќе треба да ги решавате. Кариера Се што досега сте преживеале , ќе знаете добро да го наплатите. Ќе се договарате околу својот надоместок или хонорар. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанаства , ги среќавате релативно лесно , но емотивното исполнување е се подалеку. Кариера Ќе мора да се прилагодите или да се договорите околу една соработка. Можеби нема да ви се допадне , но попаметно е да останете во игра , отколку да излезете. Здравје и совет Краткотраен дефетизам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер пристигнаа во Киев, прв пат од почетокот на војната Специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Нивното пристигнување доаѓа по значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Виткоф и Кушнер патуваа со воз од Полска, каде што претходно слетаа во Жешов. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФинец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми Фински државјанин синоќа пријавил дека му е оштетено ветробранското стакло на Мерцедесот, кој бил паркиран на Бит пазар во Скопје. На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки. Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
Забава24 годишната Доминиканка Џохира Мола е новата Мис на светот (ВИДЕО)Претставничката на Доминиканската Република, 24-годишната Џохири Мола, е новата Мис на светот.Таа ја освои круната на крајот од 73-то издание на изборот за Мис на светот што се одржа во Виетнам. Мола ја зеде круната од минатогодишната победничка, Тајландката Сучата Чуангсри. Шпанката Елизабет Рејнес беше прогласена за прва придружничка, а претставничката на Малезија Таанусија Чети беше втора придружничка. Која е новата Мис на светот? Новата Мис на светот доаѓа од Санто Доминго, а покрај нејзината кариера како модел, таа се издвојува по своето образование и општествена вклученост. Дипломирала бизнис менаџмент и администрација на Универзитетот во Ибероамерика (UNIBE), а се занимава и со образование и хуманитарна работа. Нејзиниот пат до светската круна започна со нејзината победа на националниот избор за Мис Мундо Доминикана 2025 во Пунта Кана. По таа победа, таа зборуваше за поддршката што ја добила за време на натпреварот. „Му благодарам на Бога, ова е жив доказ дека границите не постојат. Поддршката што ја добив од првиот ден, кога на прес-конференцијата објавив дека ќе учествувам, беше неверојатна. Сите беа со мене на секој чекор“, рече таа тогаш. Победата на Мола има посебно значење за нејзината земја. Таа е само втората претставничка на Доминиканската Република што ја освоила титулата Мис на светот. Пред неа, Маријасела Алварез успеа во ова во 1982 година, па земјата чекаше повеќе од четири децении за нова круна.Тагови: Мис на светот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter