Дневен хороскоп за 10. јануари 2020 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 10. јануари 2020 година

Дневен хороскоп за петок , 10. јануари 2020 година. 

Дневен хороскоп за 10. јануари 2020 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови

Здравје и совет

Останете доследни на себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов.

Кариера

Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите.

Здравје и совет

Мали нервози.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат.

Кариера

Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите пшефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат.

Здравје и совет

Останете прибрани.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво.

Кариера

Некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно.

Здравје и совет

Одморајте се редовно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега.

Кариера

Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат.

Здравје и совет

Организирајте си го денот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа.

Кариера

Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата.

Кариера

Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи.

Здравје и совет

Истегнете се преку гимнастика или јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така.

Кариера

На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен.

Здравје и совет

Зголемување на општатат виталност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува за млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро.

Кариера

Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе.

Здравје и совет

Можете да изберете спорт за вас.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин.

Кариера

Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите.

Здравје и совет

Рекреирајте се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство.

Кариера

Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин.

Здравје и совет

Не јадете тешка храна.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот.

Кариера

Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа.

Здравје и совет

Ја дозирате храната и тоа е добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боксерка снимала порно филмови, а сега ги извади силиконските гради: Попријатно ми е (ФОТО)

Поранешната австралиска боксерка и модел Аврил Мати (39) ги отстрани силиконските импланти за гради кои ги имаше речиси 20 години. 

Боксерка снимала порно филмови, а сега ги извади силиконските гради: Попријатно ми е (ФОТО)

Таа објави дека сега го сака своето природно тело, и покрај негативните коментари на социјалните мрежи за нејзиниот изглед.

Одлука по две децении

Мати ги доби имплантите на 19-годишна возраст, наведувајќи ја како причина „културата во која пораснала“. По долго време таа одлучи да ги отстрани. „Никогаш не сум ги сакала ниту мразела. Го ценев тоа што преку ноќ престанав да се чувствувам несигурно и станав личност која се чувствува поудобно во своето тело и повеќе не размислува за тоа“, објасни таа на социјалните мрежи.

Таа одлучи да се оперира откако забележа дека нејзините пријателки ги отстрануваат имплантите поради здравствени проблеми познати како „болест на импланти во градите“. Иако не мислеше дека има таков проблем, таа отиде на преглед кој потврди дека постои медицинска причина да се отстранат. По процедурата, таа призна дека повторно се заљубила во своето природно тело и дека се чувствува како „да го вратила 16-годишното тело кое никогаш порано не го ценела“.

Од промашување до професионалец во рингот

Пред нејзината боксерска кариера, Аврил Мати изгради значајна кариера во светот на манекенството. Австралијанката со швајцарски корени ја освои титулата Miss Swimsuit USA International во 2014 година, а една година подоцна го освои натпреварот Las Vegas International Model Search. Овој успех ѝ донесе награда од 50 илјади долари и ѝ овозможи да се пресели во Мајами.

За време на нејзината кариера, Мати беше активна и на OnlyFans, каде што објавуваше провокативни еротски фотографии и порно филмови. Јавно зборуваше за таа платформа и самата, а приходите од содржини надвор од боксот ѝ помогнаа да финансира професионална спортска кариера.

Својата страст кон боксот ја откри кон крајот на 2012 година на 25-годишна возраст. За само шест месеци, го одигра својот прв аматерски натпревар, а професионалната кариера ја започна во декември 2017 година. Се бореше на познати светски сцени, вклучувајќи го и Madison Square Garden. Интересно е што по операцијата за отстранување на имплантот, таа открила дека процедурата неочекувано ѝ помогнала да стане подобар борец.

Збогум на боксот

Мати неодамна објави збогум на спортот, кој го нарече „љубовта на својот живот“. Својата професионална кариера ја заврши со рекорд од осум победи, еден пораз и едно реми. На крајот од 2023 година, таа требаше да се бори против сонародничката Ебани Бриџис во меч што медиумите го најавија како „битка на гради“, но мораше да се повлече поради повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров: Европа води војна против Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека европските земји водат војна против Русија затоа што тие ја снабдуваат Украина со оружје.

Лавров: Европа води војна против Русија

„Ова е војна што Европа ја води против нас“, рече тој на маргините на форумот Валдај во Москва. Во исто време, тој ги отфрли обвинувањата дека руските напади врз товарни бродови што носат западно оружје претставуваат „хибридна тајна војна“ за Украина.

Тој ја опиша употребата на сила од страна на Русија во Украина како самоодбрана насочена кон елиминирање на заканите. „Ако мислите на уништување на инфраструктурата што, со поддршка на Западот, нацистичкиот режим ја користи за водење војна против Руската Федерација, тогаш ние ја потиснуваме таа директна закана со сила“, рече тој.

Разговори со САД

Лавров објави дека наскоро ќе се одржат разговори со Соединетите Американски Држави. „Се договоривме со американскиот државен секретар Марко Рубио дека состанокот ќе се одржи. Експертите треба да ги координираат точните датуми и место“, истакна тој.

Тој го спомена враќањето на рускиот дипломатски имот запленет од САД како едно од отворените прашања во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, Русија не добила никакви охрабрувачки сигнали од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со нејзиното враќање.

„Никогаш немало охрабрувачки коментари од Американците за ова прашање, дури ни под администрацијата на Доналд Трамп“, рече тој. Лавров тврдеше дека САД сè уште се обидуваат да ги наметнат своите еднострани интереси, но додаде дека Вашингтон сепак е принуден да соработува со земји како Русија и Кина.

Ставот на Берлин

Лавров, исто така, коментираше за плановите на Полска за производство на ракети „Патриот“ и учеството на Европа во конфликтот во Украина и ги повика европските земји да ја проучат воената доктрина на Русија. Тој се осврна на неговата средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Лавров проценува дека Берлин можеби сака да се вклучи во напорите за решавање на украинскиот конфликт за да не го „пропушти возот“. „Тешко ми е да проценам кон што се стреми Германија.

Мислам дека едно очигледно објаснување е едноставно желбата да не се пропушти возот. Тие веруваат дека возот веќе забрзал - не знам дали тоа е вистина, тешко ми е да проценам дали мислат на украинската криза“, рече тој.

„Русија вечен непријател“

Кога беше прашан за темите на средбата со Вадефул, Лавров рече дека германскиот министер зборувал за „милитаризацијата на Европската Унија“, постојаните повици за проширување на НАТО кон Украина и тврдењата дека „Русија е вечен непријател“ и дека „за три години ќе бидеме во војна“.

„Ако се изговараат такви фрази, а целта - како што самиот г-дин Вадефул најави - е само да се повторуваат зад затворени врати, без медиумите, за Русија наводно да разбере дека навистина е така, тогаш тоа е залуден, па дури и штетен потфат“, изјави тој.

Лавров заклучи дека е „многу тажно“ што некои претставници на ЕУ и НАТО всушност дејствуваат како „портпароли“ за она што го опиша како европска позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се заканува со мачета во продавница, по борбата со продавачот, избега со шише вотка (ВИДЕО)

Вработен во продавница во Велика Британија се одбранила со хокеарски стап од маскиран разбојник кој го нападнал со мачета. 

Се заканува со мачета во продавница, по борбата со продавачот, избега со шише вотка (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 4 јули во 9:10 часот наутро во мини маркетот „Крест“, а бил снимен од надзорна камера, објавува „Телеграф“.

На видеото се гледа како работник се соочува со напаѓач со качулка кој се заканува со мачета на касата. Откако вработениот замавнал со палката, тие почнале да се борат преку шанкот. Потоа разбојникот се повлекол пред шанкот, а работникот продолжил да го удира. Потоа се активирал безбедносниот систем за чад и напаѓачот избегал со шише вотка. Работникот не бил повреден во нападот.

Истрага и повик до јавноста

Детективот Томас Лоу, од полицијата во Нотингемшир, изјавил дека полицијата е решена да го пронајде лицето. Тој додал дека се надеваат дека препознатливата тетоважа на левата рака на напаѓачот ќе помогне во неговата идентификација. „Крајмстоперс“ нуди награда до 5.000 фунти (околу 5.837 евра) за информации што ќе доведат до апсење и осуда на сторителот.

Лидија Пацалидес од таа организација апелираше до јавноста. „Тоа беше застрашувачко искуство за човек кој само си ја вршеше работата, и тоа во продавница важна за локалната заедница“, рече Пацалидес. „Знаеме дека овој настан ги вознемири жителите и луѓето што работат во соседството. Некој во областа сигурно знае кој го сторил тоа.“

„Можеби сте виделе нешто тоа утро или сте слушнале нешто подоцна. Можеби се сомневате во некој што го познавате. Само тетоважа може да биде детал што ќе ви ја освежи меморијата. Какви и да се информациите што ги имате, не мора да ги чувате за себе“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер