ХороскопДневен хороскоп за 10. февруари 2024 годинаДневен хороскоп за сабота, 10. февруари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓаниДенеска жителите на Општина Брвеница гласаат на предвремени локални избори за да изберат нов градоначалник.Гласачките места се отворени од 7 часот наутро а ќе бидат затворени во 19 часот. Право на глас имаат 16.256 граѓани, од нив 449 се на привремена работа во странство. По затворањето на избирачките места, ќе започне броењето на гласовите, а конечните резултати ќе ги објави ДИК.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветМасовен напад врз Русија: Има загинати (ВИДЕО)Наредена е евакуација.Војна во Украина – Ден 1.697. Масивните напади со беспилотни летала продолжуваат, а утрово беа извршени напади со беспилотни летала врз Санкт Петербург и Ленинградската област. Поради нападите наредена е итна евакуација. Едно лице загина во напад со беспилотно летало врз Санкт Петербург, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов. „Како резултат на масовниот напад со беспилотни воени летала од страна на украинските нацисти, едно лице е убиено, петмина се повредени и се во болници“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува РИА Новости. Според него, оштетени се 12 станбени згради и две приватни куќи. Се наведува дека пожарникарите продолжуваат да гасат пожари на нафтениот терминал во Санкт Петербург, нафтено депо Ручи и индустриските магацини во областа Колпино.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
КултураКиненова покажа дека филмот има моќ да не доближи до вистинските вредностиНајдобар долгометражен филм „Вчера моите очи не заспаа“на Ракан Мајази, најдобра режија -Мирослав Терзиќ за „Три недели потоа“, најдобро сценарио за Христо Симеонов и Петар Крумов за „Чевлите на мојот татко“Со доделување на наградите и проекција на филмот „Фантази“, кој е словенечко-македонска копродукција и во присуство на режисерката Кукла Кешеровиќ, вечерва свечено беше затворено 11. издание на МФФ Киненова. Присутните ги поздрави директорот Небојша Јовановиќ кој се заблагодари на поддржувачите, публиката и филмските автори за нивните филмски приказни. -Покажавме дека филмот има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања и да ни нуди одредени одговори, но пред се да ни ги покаже причините кои ја предизвикуваат темната страна на човештвото, но и алатките со кои можеме да ја надминеме. Изборот е наш, дали ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, човечки сензибилитети кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа никој не може да ни го одземе. На три локации прикажавме 39 филмски наслови, пет извонредно посетени работилници, на нашиот лаурет Емин Алпер, работилниците со неговиот монтажер Озџан Вардар, со Миша Терзиќ, со Бранислав Трифуновиќ, со Дејан Илиев и со Гоце Цветановски, но и онаа најодговорната „Снимај паметно, остави трага“ со децата од училиштата во Општина Кисела Вода под менторство на Марија Џиџева. Искрено и топло им се заблагодаруваме на сите, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на фестивалот. Жирито на 11. МФФ Киненова во состав: Емин Алпер, претседател, Александра Максимовиќ и Гоце Цветановски, членови ги соопшти наградените филмови и автори. Наградата за најдобар долгометражен филм му припаѓа на филмот „Вчера моите очи не заспаа“ (Yesterday the Eye Didn’t Sleep), во режија на Ракан Мајази, поради спојот на впечатливо визуелно раскажување, природна глума и чувствителен приказ на односот меѓу две сестри, чии животи се обликувани од одлуките на другите. Преку посветеноста на секојдневните гестови и неизречените емоции, филмот нуди моќен, личен израз на нивната блискост и копнежот по слобода. Наградата за најдобар режисер му припаѓа на Мирослав Терзиќ за филмот „Три недели потоа“, за неговата прецизна градба на тензијата и сигурната режија на актерската екипа. Терзиќ внимателно ги обликува односите меѓу ликовите, создавајќи моќен и вознемирувачки приказ на малтретирањето и неговите последици. -Овој пат не можам да ви се обратам на македонски бидејќи сум многу возбуден, рече на почетокот на своето видео обраќање Терзиќ. Му благодарам на жирито и на организаторите на прекрасниот престој во Македонија и на се она што еден филмаџија може да посака, а тоа се прекрасни разговори по филмот. Благодарам за наградата за најдобра режија, многу ми значи и тоа од многу причини. Ние не правиме филмови за да добиваме награди, туку да поттикнеме некакви разговори. Мислам дека ова е вистински филм за еден сериозен разговор меѓу сите нас, меѓу децата и возрасните и да се обидеме да најдеме системско решение за оваа несреќа која малку по малку го уништува нашиот живот. Животот може да биде многу поубав ако јазикот на насилството не е основен јазик во нашите животи, рече Терзиќ и посака фестивалот секоја година да биде храбар, нов и поинаков и да избира филмови кои се храбри, кои провоцираат и кои некако сите не тераат да бидеме подобри. Наградата за најдобро сценарио им припаѓа на Христо Симеонов и Петар Крумов за „Чевлите на мојот татко“, за нивната нијансирана карактеризација и истражување на односот помеѓу мајката и ќерката кои се соочуваат со смртта на таткото и неговото долго отсуство од нивните животи. Преку неизречени емоции, семејни тензии и суптилен, мрачен хумор, сценариото гради емоционално слоевита приказна за сеќавањето, загубата и можноста за простување. -Најпрво сакам да се заблагодарам на организаторите на Киненова, навистина беше задоволство да се биде во Скопје. Прв пат сум овде и имав прекрасно искуство. Благодарам за наградата, рече Христо Симеонов. Специјалното признание на жирито му припаѓа на филмот „Во сенка“ (In the Shadow), во режија на Салем Салавати, за неговото храбро истражување на чувствителната тема за адолесценцијата и сексуалноста кај еден млад човек со Даунов синдром. Преку потрагата на неговата мајка по поддршка, филмот го истражува сложениот однос помеѓу љубовта, заштитата и општествениот притисок, покренувајќи важни прашања за правото на различност и одговорноста на заедницата. Со едногласна одлука на жирито, наградата за најдобар краток филм рамноправно ја делат „Тарик“ во режија на Адем Тутиќ и „Како што лета гавранот“ (As the Crow Flies) во режија на Клара Лакомб. Филмот „Тарик“ е награден за неговиот сензибилен приказ на растењето, семејните односи и потребата за припадност, додека „Како што лета гавранот“ е одликуван за неговиот иновативен спој на анимација и документарно раскажување, со што ѝ се дава личен глас на миграциското искуство. Преку своите карактеристични филмски јазици, двата филма нè приближуваат до внатрешните светови на нивните млади протагонисти, истовремено зачувувајќи ја нивната сложеност и достоинство.Тагови: КИНЕНОВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter