Дневен хороскоп за 10. февруари 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 10. февруари 2023 година

Дневен хороскоп за петок, 10. февруари 2023 година. 

Дневен хороскоп за 10. февруари 2023 година

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Малата меланхолија успешно ќе ја уништите доколку излезете меѓу луѓе. Таму ве очекуваат пријатни изненадувања и уживање.

Кариера

Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа.

Здравје и совет

Непостојаност во навиките.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Многумина денеска ќе западнат во стапицата на ранливост , од која тешко ќе излезат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот.

Кариера

На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои и натаму ќе се движат во лавиринтот ,,тргни –застани “ . Други ќе тргнат , но несигурно. Трети ќе мислат дека сето тоа нема смисол.

Кариера

Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат.

Здравје и совет

Ги победувате грижите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Нема нешто што нема да го направите за саканата личност . И самите се чудите како се ви тргнува од рака .

Кариера

Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на чист воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Секој вид пријателство или неврзан контакт денеска би можело да ви биде интересен и исполнувачки.

Кариера

Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд.

Здравје и совет

Внимавајте што јадете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Некои ќе помислат дека сега се би можеле , но сепак постојат ограничувања , што се однесуваат на пристојно однесување и почит кон другите.

Кариера

Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето.

Здравје и совет

Изолирајте се во мир.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете позитивни во вашите љубовни намери , без оглед што некои околностине се на ваша страна.

Кариера

Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го сакате.

Кариера

Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате.

Здравје и совет

Внимавајте на вируси.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Партнерот денеска би можел да ве полуди , зашто ќе имате сосема спротивни барања и ставови. Останете мирни.

Кариера

Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито.

Здравје и совет

Медитирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Колку и да се трудите денеска, ќе се чувствувате празно во душата, а љубовниот живот ќе ви биде недоискажан.

Кариера

Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели.

Здравје и совет

Останете доследни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скриено катче сами со себе. Тоа е само минливо расположение.

Кариера

Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин.

Здравје и совет

Избегнувајте колачи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете повеќе расположени од глушец да правите слон , а сето тоа е резултат на фантазија. Не е идеално , а далеку е од животот што сега го водите.

Кариера

И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно.

Здравје и совет

Здравјето ви се подобрува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од Македонија

Се отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците  кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац  открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?

Смени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од Македонија

Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица.

Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата..

„По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК.

Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор.

Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата.

Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата.

Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор.

Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија.

Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса.

Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно.

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000, па дури направи им кажа на граѓаните или многудетни семејства или мигранти, односно „економски работници“.

Два дена по најавата на Николовски и еден ден по најавата на Мицкоски гледаме одлука на Уставниот суд со која се отфрла иницијативата на СДСМ за неуставната Резолуција со која и се забранува на опозицијата да говори за мигранти, односно за „економски работници“.

После контролирано правосудство, телефонски обвинители, судии во судски совет под контрола на Мицкоски, насоки од Собраниска говорница и од телевизија како да работат.

Дали е потребно дополнително објаснување?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Државна Лотарија“

Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече  пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во Лотарија.

Продолжи судењето за „Државна Лотарија“

Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во лотарија од 2017 до 2024 година, за време на денешното рочиште за милионски злоупотреби во Државна лотарија. Според Ајданов, разговори за набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија имало и уште пред Перпарим Бајрами да биде директор на ова друштво, но рече и дека како што памети, таква одлука на управниот одбор сепак не била донесена.

-Колку што мене ми е познато, Управниот одбор не донесе никаква одлука за оваа набавка. Дека ВЛТ апарати треба да се набават, во претпријатието се зборуваше и пред Перпарим да биде директор, но неговата претходничка сепак изразуваше резерва по тоа прашање,- - сведок Христа Ајданов.

Одбраната на првообвинетиот пак, Перпарим Бајрами, тврди дека сведокот изразил сомнеж за набавката на ВЛТ апарати, не бил дециден дека управниот одбор нема донесено таква одлука, но потенцира и дека на крај, независно од неговото сведочење, управниот одбор донел одлуки за јавни набавки на ВЛТ апарати.

-Сведокот и рече дека не е сигурен и не се сеќава дека таква одлука и матријали за таква одлука биле доставени и донесени. Тоа што тој не се сеќава е една работа. Но, сите тие се потврдени со оние одлуки кои тие ги донеле при донесувањето на финансиските планови. Исто така, планот за јавни набавки е нешто што го донесува управниот одбор и исто така се донесени одлуки и во тој дел,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот.

Токму набавката на ВЛТ апаратите е предмет на обвинение во овој случај, каде покрај Бајрами, второобвинет е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна излезе од куќен притвор. Случајот со сомнителни набавки на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра со испитување на сведоци на обвинителството ќе продолжи на 30 октомври

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер