Уапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч
2Уапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч
ХороскопДневен хороскоп за 10. февруари 2020 година Дневен хороскоп за понеделник ,10. февруари 2020 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно. Кариера Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете. Кариера Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна. Здравје и совет Сепак имате доволно слобода. Овен 21.3-20.4. Љубов Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине. Кариера Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате. Кариера Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје и совет Посигурни сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Одвојте го приватното од деловното. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе. Кариера ПОдготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа. Здравје и совет Одморете се и наспијте се . Девица 23.8.-23.9. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек. Здравје и совет Тргнете се од каква било негативност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот. Здравје и совет Не постои совршенство. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат. Здравје и совет Ќе го надминете преодниот стрес. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења. Кариера Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте. Здравје и совет Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДвајца кавадарчани предизвикале пожари- добија кривични пријави Кривични пријави против две лица од Кавадарци за „предизвикување општа опасност“ и за „загрозување на животната средина и природата со отпад“ .ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 20.08.2026 на депонија во Кавадарци, пријавениот запалил душек кој бил опколен со сува трева и отпаден материјал и на тој начин го сторил делото. Исто така, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.С.(58) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик. Имено, В.С., кој бил вработен како чувар на депонијата Мелци, на 25.08.2026 го напуштил своето работно место, со што извршил пропуст при вршење надзор и во тој период настанал пожар на депонијата од поголеми размери, сооптши МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч Лишени од слобода четири италијански и еден македонски државјанин, при претрес во објектот во кој престојувале во Велес биле пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола.На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишија од слобода Л.Б.(60) од Италија, со привремен престој во Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација. Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58), З.Д.(72) и А.А.(74), сите од Италија и М.И.(62) од Скопје. При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети. Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Сите служби на терен - продолжува санацијата по вчерашното невремеПо силното невреме кое синоќа го зафати Кавадарци и дел од населените места во општината, уште од раните утрински часови сите расположливи служби, екипи и ресурси се целосно мобилизирани и на терен.Во моментов се ангажирани над 70 лица и околу 30 возила и механизација, меѓу кои цистерни, возила за собирање и транспорт на отпад, комунална и друга механизација, со која се интервенира на повеќе локации истовремено. Во координираната акција се вклучени Општина Кавадарци преку „Мој Општинар“, ЈП „Комуналец“, ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи – СВР Кавадарци, како и останатите надлежни служби и екипи кои се ставени во функција за справување со последиците од невремето. Во текот на денот се работи на испумпување на надојдената вода, перење и темелно чистење на улици, тротоари и јавни површини, отстранување на кал, наноси, отпад и паднати гранки, расчистување на коловози, отстранување на пречки, како и санирање на оштетувањата и дефектите предизвикани од невремето. Посебно внимание се посветува на критичните точки, сообраќајниците, јавните површини, објектите и локациите каде што постои ризик за безбедноста на граѓаните, а екипите постапуваат според приоритет и степен на итност. Паралелно со интервенциите во градот, екипи и механизација се упатени и во селските средини. Се работи на расчистување на локалните патишта и улици, отстранување на наноси и отпад и санирање на последиците на погодените локации. Работата продолжува со засилен интензитет и планот е до утре да бидат опфатени и расчистени сите пријавени критични точки и во селските средини. Во следниот период ќе продолжиме со детална проверка на состојбата на терен, повторно чистење и перење таму каде што е потребно, отстранување на преостанатиот отпад и материјал од невремето, како и постапување по сите нови пријави од граѓаните. Нашата обврска е да реагираме брзо, но и темелно. Не е доволно само да се отстрани водата или наносот – секоја локација мора да биде исчистена, исперена и доведена во состојба што ќе овозможи безбедно и нормално користење. Затоа, работата нема да заврши со денешниот ден. Таму каде што ќе биде потребно, интервенциите ќе продолжат и во наредните денови, се до целосно отстранување на последиците. Сакам да упатам голема благодарност до сите луѓе кои од синоќа се ангажирани – до пожарникарите, комуналните работници, екипите на „Мој Општинар“, припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, Полицијата, како и до сите останати вработени и служби кои без прекин се на терен. Благодарност и до сите граѓани кои со своите пријави и соработка ни помагаат побрзо да ги лоцираме проблемите. Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање, особено додека траат интервенциите. Ве замолуваме да не ги попречувате екипите и механизацијата на терен и да бидете внимателни на местата каде што сè уште се работи. Состојбата се следи постојано, а Општината и сите надлежни служби остануваат целосно мобилизирани. Ќе продолжиме да работиме организирано, координирано и без прекин – се додека последиците од невремето не бидат целосно санирани. Кавадарци и сите наши населени места заслужуваат брза, сериозна и одговорна реакција. Сите сме на терен. Продолжуваме да работиме, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00