Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
ХороскопДневен хороскоп за 10. декември 2019 година Дневен хороскоп за вторник , 10. декември 2019 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела. Кариера Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам. Здравје и совет Смирете ги страстите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите. Кариера Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите. Здравје и совет Планирајте ги работите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја. Кариера Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска. Кариера Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите. Здравје и совет Бидете умерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи. Кариера Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба. Здравје и совет Бидете сериозни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите. Кариера Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите. Здравје и совет Претерувате со консумација на слатки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми. Кариера Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење. Здравје и совет Најдете златна средина. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате. Кариера Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките. Здравје и совет Не претерувајте со алкохолот. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа. Кариера малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо. Здравје и совет Можна е кашлица. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи. Кариера Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво. Здравје и совет Останете свои. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта. Кариера Се наоѓате во фаза на истражување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето. Здравје и совет Доаѓате до нови решенија. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување. Кариера Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка. Здравје и совет Проверете го автомобилот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800Британски авион „Џет2“, кој денес леташе од Самос, Грција, до Манчестер, беше пренасочен поради технички проблеми кон сплитскиот аеродром „Свети Јероним“.Во авионот имало 165 патници и шест члена на екипажот, и сите се добро, според информациите од аеродромот. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700 за општа вонредна состојба, пишува „Далмација Данас“. Летот бил LS1750 и „Боинг 737-800“ со регистрациски број G-JZBU. Аеродромот „Свети Јероним“ објави дека во 14:20 часот добил известување од хрватската контрола на летање за вонредно слетување поради технички проблеми. Аеродромот започнал целосна постапка за тревога и ги ставил во состојба на тревога сопствените служби и надворешните служби за вонредни ситуации. Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Боингот направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на надморска височина од приближно 700 метри, со брзина од околу 306 километри на час. Откако ја сменил дестинацијата, не го продолжил патувањето кон Обединетото Кралство, туку се упатил кон Сплит. Кодот 7700 го користат пилотите за да сигнализираат општа вонредна состојба до контролорите на летање. Неговото активирање му обезбедува на авионот посебно внимание од контролата на летање и, доколку е потребно, иницира безбедносни процедури. Самиот код не мора да значи дека авионот е во непосредна опасност од пад. Аеродромот ги потврди техничките проблеми, но не ја откри нивната точна природа. Според аеродромот Свети Јероним, сите патници и членови на екипажот биле добро. Целосната тревога завршила во 14:42 часот, 22 минути по известувањето за вонредно слетување. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит потоа продолжил нормално. Тагови: Сплит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЦариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини. Идентификувани се два вида При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени. IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра). Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори. Важна улога во екосистемот Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт. Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација. Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.Тагови: контејнер цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ си го зема знамето на Србија од зградата на Претседателството (ВИДЕО)Доскорешниот српски претседател Александар Вучиќ, кој ја предводеше листата на СНС на парламентарните избори, го зеде српското знаме од Претседателството и објави на Инстаграм со свое објаснување.„Решив да го понесам со себе знамето на Србија што го носев за време на борбата во Обединетите нации, кога успеавме да ја победиме иницијативата на најмоќните земји во светот да го прогласат нашиот народ за геноциден. Ќе го вратам знамето на нашите институции кога ќе бидам сигурен дека ќе се однесуваат кон него со почитта што ја заслужува и дека нема да го уништат, како што ги уништуваат муралите на нашите светци низ цела Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Тагови: Александар Вучиќ знаме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter