Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
3ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ХороскопДневен хороскоп за 10. август 2022 годинаДневен хороскоп за среда, 10. август 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаСДСМ: Милијарда евра дупка во ПИОМ, како што рековме - пари нема!Фондот на ПИОМ веќе не се држи на придонеси. Се држи на буџет.Годишниот трошок за пензии е околу 2,4 милијарди евра. Од вработени влегуваат околу 1,4 милијарди. Дупката е околу една милијарда евра и истата ја полни државата. Во 2023 таа дупка беше околу 510 милиони евра. За три години речиси се удвои. Трансферот од Буџетот кон ПИОМ се искачи кон 60 милијарди денари годишно. Тоа е политиката на оваа криминална власт. Кредит секоја недела. Задолжување на земјата за четири милијарди евра. Само две години им беа потребни да ја задолжат Македонија како никој досега - да земат половина од долгот стар 35 години. На сѐ тоа, Мицкоски купува нов авион. Се купува луксузен мебел. Се плаќа прослава од 5,53 милиони евра. Ние немаме за леб, тој за себе има чоколада. Тоа не е социјална политика. Тоа е систем што пука, а власта го покрива со паролата „трета економија во Европа“. Од другата страна: празни фрижидери и празни паричници. ВМРО-ОКГ повторно рече дека државата е гарант и дека пензиите ќе се исплаќаат на време. Рекоа дека линеарното зголемување било потребно за достоинствен живот. Тоа е половина реченица. Другата половина ја нема. Нема мерки. Нема проекција. Нема извор на пари освен данокот на граѓаните и нови задолжувања. Нема рок до кога ПИОМ ќе престане да го јаде Буџетот. Нема одговор дали мартовското усогласување ќе биде процент, линеарно или импровизација во последен момент. Се споменуваат работни групи за вториот столб. Анализи и решение нема. Покрај ова, најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Луѓе што со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Додека Арамија Мицкоски зборува за иднината, роботи и дата-центри, пензискиот фонд тоне. Струјата се раздава на сервери и се увезува на големо. Водата се крие во договори, вода за пиење нема. Пензиите се оставаат на „ќе најдеме“. Провизијата има име. Планот за ПИОМ го нема. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. СДСМ бара јавен план: колку недостига годинава и наредната, од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без тоа, уверувањето на криминалната група ВМРО е само покритие за власт што пензиите ги користи како слоган, а дупката ја префрла на сметка на граѓаните. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Тие се обврска на државата. Држава што крие план за милијарда евра не гарантира пензии. Гарантира следно задолжување. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамикаПродолжуваат градежните активности во спортската сала на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика, со што чекор по чекор создаваме современ и функционален простор за учениците. Во текот на активностите се работи на обновување на салата, со цел поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето, како и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита. Со инвестицијата од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во Гимназијата и создавање побезбедни и подобри услови за наставата и спортските активности. Работиме на терен, со јасна цел, современи услови за нашите ученици и подобра спортска инфраструктура за Кавадарци.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евраСериозни слабости во јавните набавки во ЕСМ откри Државниот завод за ревизија.Ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра.Пропусти имало уште при планирањето и утврдувањето на потребите.во само една година биле направени 19 измени на планот за набавки. ДЗР констатирал и ограничена конкуренција и постапки со само една понуда. Особено внимание привлекува набавката на гасен мотор вредна околу 2,48 милиони евра. Моторот бил платен, но не бил ставен во функција и подолг период бил складиран.за адитив биле платени околу 2,29 милиони евра, а најголемиот дел останал неискористен. Ревизорите нотирале и проблеми со договорите, техничките спецификации и контролите. Заводот бара поголема транспарентност и поекономично и поефикасно користење на јавните средства.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17