ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 10. август 2019 годинаДневен хороскоп за сабота, 10. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Богатството на еротиката и сензуланоста денеска ќе бидат главното обележје на вашиот личен живот. Уживајте. Кариера Можно е договарање на нов договор. Се ќе изгледа прилично амбициозно , а вие би сакале да се приземјите. Здравје и совет Ќе знаете да ги надминете проблемите . Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата врска одлично се развива. Оние кои уште се сами , ќе ги комбинираат неврзаните приказни и еротското заведување. Кариера Ќе настојувате мелку да се оддалечите од работата , доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денеска многу зрело ќе размислувате за личниот живот и ќе барате аргументи за и против. Тоа ќе ве зајакне. Кариера Ќе се зголемат вашите деловни амбиции , но нема да бидат целосно реални. важно е да утврдите што е навистина можно , а што не. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој најверојатно работите ќе ви бегаат од раце , кога станува збор за љубовта. Но , ќе помине. Кариера Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во еден дел од работите. Послужете се со факти. Здравје и совет Не ги земајте работите здраво за готово. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера во двојка , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да помогнат едни на други. Здравје и совет Немојте да се опијаните. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно е дека ќе бидете доста посветени на партнерот и ќе се прилагодувате на неговите потреби. Кариера Денеска добро ќе напредуваат оние кои работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони за да се препуштите на се и сешто , а некои целосно ќе ги спуштат критериумните за љубов. Осамените би биле во друштво на личности по системот ,,дај што билo”. Кариера Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања , ќе биде нешто на што ќе се израдувате , но тоа создава и обврски. Здравје и совет Прво промислете , па делувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со шеги , смеа , мали провокации и слично вие ќе ги спасувате малите недоразбирања во врската. Кариера Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате. Здравје и совет Крајот делото го краси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе добиете поетска инспирација и ќе изразите љубов на необичен начин . Сепак , тоа на крај ќе биде добро прифатено. Кариера Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата. Здравје и совет Одете порано на спиење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата мила личност ќе го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе вратите со иста мерка. Кариера Следува одлична соработка со личности кои се духовити , забавни , млади и креативни. Исто важи и за работата. Здравје и совет Можна е преодна настинка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Нема тајни меѓу вас и саканата личност , а тоа е нешто што ве радува. Ќе бидете искрени и подготвени за дружења. Кариера вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите , па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро. Здравје и совет Медитирајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се покажат , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи. Здравје и совет Никаде не треба да брзате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter