ХороскопДневен хороскоп за 1. септември 2024 година Дневен хороскоп за недела, 1. септемеври 2024 година.Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
ЖивотФото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика БританијаПринцот Хари и Меган за првпат заедно по враќањето во Велика Британија,-Се прегрнуваат со луѓе и позира за селфија.Војводата и војвотката од Сасекс го посетија хуманитарното студио во Нотингем, а планираат да посетат и други локации. Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера пристигнаа во Нотингем, во регионот Источен Мидлендс. Ова е нивниот прв заеднички јавен ангажман откако се вратија во Велика Британија, по шест години живот во Калифорнија. Според Би-Би-Си, војводата и војвотката од Сасекс го посетија студиото за снимање „Community Recording Studio“, а нивната агенда во градот вклучува посети и на две други локации. За време на средбите со присутните, Хари и Меган се прегрнуваа и позираа за „селфи“ фотографии. Предвидено е двојката да посети и банка за храна. Тие се вратија во Велика Британија во август, придружувани од своите деца – седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет. Ова враќање доаѓа шест години откако се повлекоа од своите улоги како активни членови на британското кралско семејство и започнаа нов живот во Калифорнија. Во писмо од септември, испратено во име на кралот Чарлс III од страна на Лорд Чемберлејн – висок функционер во британскиот кралски двор – се наведува дека Хари и Меган, како приватни лица, немаат право да ги користат титулите „Негово Кралско Височество“ и „Нејзино Кралско Височество“. Во писмото се потврдува дека договорот постигнат во 2020 година, познат како „Договорот од Сандрингем“ – со кој беа утврдени условите за нивното повлекување од кралските должности – останува во сила. Ова практично ја исклучува можноста за таканаречено делумно членство, односно статус „наполовина внатре, наполовина надвор“. Со други зборови, Хари и Меган не можат истовремено да се занимаваат со сопствени комерцијални потфати и да ги извршуваат должностите како активни членови на британското кралско семејство.Тагови: принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Границата решето - Мицкоски го штити швајцарецот ТошковскиГраницата е „швајцарско сирење“ по признание на Тошковски ама тој како министер што раководи со полицијата и е надлежен за границата е заштитен. Христијан Мицкоски му обезбедува заштита на швајцарецот Тошковски. И обратно. Тошковски му обезбедува заштита на Мицкоски и на организираната криминална група. Полицијата наместо да му служи на народот, и служи на бандата. „Кога-тогаш“ вели Мицкоски, значи одговорност нема од никој. Исто како што Тошковски велеше „брат да ми е, ќе одговара“ а никој не одговара. 5 тони дрога поминаа преку граница, одговорност нема. Груби прво го пуштија, па го пречекаа на граница со камери и црвен килим. На крај повторно го пуштија. Видовме сите како, со факли и прослава. Па уште Мицкоски и јавно го брани. Вели не бил организатор, се извинил. Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, пред независно судство и пред Лаура Ковеши. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Пленарната сесија од Годишните средби на ММФ и Светска банкаВо услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст.Фискалната дисциплина, ефикасното управување со јавните расходи и забрзувањето на структурните реформи се клучни за зачувување на економската стабилност и обезбедување одржлив раст во услови на зголемена глобална неизвесност. Глобалната економија и натаму покажува отпорност, но повторените економски шокови ги намалуваат расположливите фискални и енергетски резерви, додека инфлациските притисоци остануваат предизвик за голем број земји. Во вакви услови, внимателното водење на макроекономските политики е од суштинско значење за зачувување на ценовната стабилност и спречување на дополнително засилување на инфлацијата. Ова беа клучните пораки на Пленарната сесија од Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На Пленарната завршна сесија на Годишните средби во Бангкок се обратија генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателот на Групацијата на Светската банка, Аџај Банга, и претседателот на Годишните средби и гувернер на Централната банка на Парагвај, Карлос Карваљо Спалдинг. „Во услови на глобална неизвесност и повторени економски шокови, одговорното управување со јавните финансии е основа за стабилна економија. Нашиот фокус е на фискална консолидација, поефикасно користење на јавните средства и спроведување структурни реформи што ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ги поттикнат инвестициите и ќе ја зајакнат конкурентноста на домашната економија. Целта е да обезбедиме одржлив раст и подобри перспективи за граѓаните и компаниите“, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во рамки на Годишните средби кои се одржуваа во Бангкок изминатата недела, министерката Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на ИФЦ за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата земја, Јуџин Ругенат. На средбите беше истакната важноста на забрзувањето на реформите, реализацијата на стратешките инвестиции и поддршката на приватниот сектор како двигател на економскиот раст. Министерката исто така оствари средби и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај. Во фокусот на средбите беа фискалната консолидација на среден рок, одржувањето на фискалната дисциплина и спроведувањето реформи за зајакнување на отпорноста на јавните финансии, со истовремена поддршка на инвестициите и економскиот раст. Учеството на Годишните средби овозможува размена на мислења и искуства со претставници на меѓународните финансиски институции и носители на економските политики, како и согледување на глобалните економски трендови и нивното влијание врз националните економии. Пораките од средбите ја потврдуваат важноста на доследни и одговорни економски политики, одржливи јавни финансии и континуирани реформи како основа за долгорочна стабилност, конкурентност и економски раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook